2016-та на фудбалски план уште сега се знае дека ќе се памети по тоа што малите им покажаа заби на големите и им демонстрираа дека поранешен четвртолигаш или фармер може да му одржи лекција на оној кој спие на пари и мисли дека е најдобар.
Поразот на Италија од Германија е шестиот несреќен меч за Италијанците кои го загубиле на ЕП и СП на пенали. Со тоа станаа рекордери во друштво на Англија и Аргентина. Ѕаѕа и Пеле не се единствените пациенти, Ди Бјаџо зема краток залет против Франција, а тоа со Баџо против Бразил не се заборава.
Како мал големите француски клубови го одбивале со изговор дека „е низок и дека е слаб по конституција“, а прв кој го забележал неговиот талент бил еден француски скаут од Реал Сосиедад. Сестра му била на концертот во Батаклан каде Исис уби 90 луѓе.
Имаш 22 години, дебитираш за репрезентација на Европско и тоа во четвртфинале, а три дена претходно те купува Барселона. Да, има и такви приказни во фудбалот за кои треба к`смет, но и квалитети.
Човекот кој девет години ја водеше Шведска на големите натпреварувања имал авантура и во Нигерија каде сфатил дека фудбалерите успехот или неуспехот го гледаат низ призма на религијата. Денес, на 67 години е творец на чудесната бајка на Исланд на Европското.
Четвртфиналниот дуел меѓу Италија и Германија не е единствениот повод да се вратиме на претходниот нивни меч на кој имаше продолженија, туку тоа си го стори и јубилејот од точно 10 години.
Островот со 300 и кусур илјади жители кој импресионираше на ова Европско првенство, стигна до топ 8 со играчи кои немаат богато фудбалско педигре, туку одиграа со срце и едноставно се незаменливи. Еве во што се први.
По завршувањето на првите 45 минути на Стад де Франс, Франција стана првата селекцијата во историјата на ЕП која успеа да постигне 4 гола во прво полувреме. Франција и Исланд ја донесоа најголемата голеада на ова Европско каде во полуфинале ќе ги гледаме Франција-Германија и Велс - Португалија.
По 18 изведени пенали и 7 утки, селекцијата на Германија обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство каде ќе игра со Франција или Исланд. Милер, Озил и Швајнштајгер промашија за Германија, Ѕаѕа, Пеле, Бонучи и Дармијан за Италија.
По тешка и неизвесна битка во Бордо, Италија и Германија ќе играат продолженија во третото четвртфинале на ЕП 2016. Месут Озил го скрши мразот во 65 минута, а Бонучи во 78 минута реализираше од пенал за 1:1. И во деветтиот обид на ЕП и СП Германците не успеаа да слават во меѓусебните дуели во регуларниот дел.
Дадоа 10 гола, најмногу од сите досега на Европското, а вечерва Велшаните го постигнаа можеби и најубавиот погодок во досегашниот тек на турнирот и заслужено одат во полуфинале каде ќе играат против Португалија.
Сте виделе ли скоро некој гол или дриблинг од овие двајца напаѓачи? Ние не. Мизерната сезона која ја имаа во Челси без никакви пречки ги сместува во нашата рубрика Офсајд лик. Фалкао и Пато до толку ги немаше, што можеби некој заборавил и каде играат.
По животот во Копенхаген и Гетеборг каде настапувал, трансферот во Русија бил прав културолошки шок за Рагнар Сигурдсон, Исланѓанецот кој е можеби најкорисниот играч на Европското првенство 2016.
Трансферот на Златан Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед беше непотребно чуван во тајност и само се чекаше денот кога и официјално ќе се обелодени. Ибра ди собра трофеите во Италија, Шпанија и Франција и сега ќе му даде голема тежина на нападот на Јунајтед и ќе го направи последниот обид за да ја освои титулата која му фали во кариерата, а тоа е ЛШ.
Ти само жонглирај, тренирај и кажи ни дека сакаш да играш за македонска репрезентација на позиција по твој избор, а ние ќе бараме македонски корени кај баба ти.
За 120 минути фудбал немаше победник и одлучуваше пенал рулетот. Јунакот на Полска во групната фаза, Блашчиковски промаши, а Кварежма го постигна решавачкиот пенал и Португалија е прв полуфиналист.
Италијанските фудбалери во добра атмосфера го чекаат дуелот против Германија во четвртфиналето. Доказ за тоа е и видеото снимено во нивната база а на кое Неаполитанците Лоренцо Инсиње и Чиро Имобиле му читаат на Римјанинот Флоренци поговорки на нивниот дијалект, а овој мора да погодува.
Иако сè уште не е до крај јасно дали нема да игра за репрезентацијата, Меси има сериозни причини на своја страна на тасот од вагата со која го мерат неговиот патриотизам.
Фотографиите со ќелавкото и проститутките брзо се раширија по интернетот бидејќи наводно на нив е бразилскиот судија Хебер Лопез кој изгледа дека џабе го оцрнија.