Тоа што на 20 години ти се паднало да растеш покрај Толдо, Занети, Кордоба, Станковиќ и Виери, не е гаранција дека ќе успееш. Еден ден може да бидеш третолигаш, а друг ден да се гордееш што си му одбранил пенал на Милан.
Ако ве прашаат на некој квиз кои екипи ги освојуваат меѓународните трофеи во последните 3 години, лесно ќе запаметите. Се работи за три од иста земја кои тронот не го даваат за жива глава.
Сите потези се за сеир, ама дека некој друг ќе успее да си даде автогол како тој на крајот од видеото, тоа не веруваме. Дечкото е за на вечна листа на автоголови.
Еден од најдобрите другари на Азар од деновите во францускиот Лил, Рио Мавуба за француски тв канал раскажал една необична епизода од кариерата на Белгиецот во Лига 1.
Англиските клубови цела недела играат беспоштеден празничен фудбал. Саутемптон на пример одигра 3 меча за 117 часа (Челси имаше среќа па одигра 3 меча за 223 часа). Boxing Day е вистинско уживање за гледачите ширум светот, но дали и за играчите?
Челси влезе во импресивна серија од 12 победи по ред во Премиер лигата, што е нивен личен рекорд и сето тоа оди како подмачкано благодарение на одлично завршените задачи кои италијанскиот стратег им ги дава на своите незаменливи јунаци.
Иако има само 22 години, турскиот репрезентативец Хакан Чаланоглу кој игра за Баер Леверкузен, веќе има зад себе доста солидно портфолио со мајстории од слободен удар во Бундеслигата. Голот на прва позиција е за неверување.
Суспензијата од три кола за главниот играч на Лестер го разлути газдата на клубот кој со поддршка на целата публика и самиот играч реши да протестира на Боксинг деј на интересен начин.
Најдобриот голман во историјата на Мексико модата од плажите на Акапулко ја пренесе на теренот и носеше психоделични дресови кои ги заслепуваа напаѓачите. Подоцна вакви дресови облекуваа Симан, Ван дер сар, Чилаверт, Борислав Михајлов...
Во 63-та или немало алкохол или пак се пиело повеќе за Божиќ па голманите во Премиер лига биле ќорави за време на традиционалниот празничен фудбалски ден. 66 гола на 10 меча.
Португалецот е член на Реал Мадрид од 2009-та година, а од тогаш до денес за „кралскиот клуб“ постигна неверојатни 270 гола меѓу кои и учинок од 40 хет-трика.
Пред големото дерби Сити - Арсенал минатиот викенд, Пеп Гвардиола им дозволил на играчите да излезат на теренот во дресови со бројот 8 во чест на тешко повредениот Илкај Гундоган кој ќе паузира неколку месеци. Кога во тунелот се сретнаа Алексис Санчез и голманот на Сити Клаудио Браво, Чилеанецот го прашува Мексиканецот: „Гундоган? Некој од младинците“?
За Арсенал на пример тоа не значи ништо, но за Челси е супер бидејќи секогаш кога бил лидер на табелата во Премиер лигата за божиќниците празници, на крај ја освојувал титулата.
Фудбалерите на Милан се редеа на подиумот за да ги примат медалите и пехарот од италијанскиот Супер Куп освоен против Јуве на пенали, а најприкладно облечен пред шеикот на Катар и претседателот на италијанската лига беше Карлос Бака кој мислеше дека се наоѓа во камп Ливадишта.
Иако не се сложуваме со сè што е напишано бидејќи е некако многу лично, сепак ќе ви пренесеме од збор до збор. Серија А се разбира дека не е само Јуве, но тоа е клуб кој е поим за апсолутна доминација. Со триумфот против Рома станаа рекордери во последните 11 сезони по број на бодови и тоа ги немаше една сезона во прва лига.
По неуспешната екскурзија во Глазгов Ренџерс каде се скара со секој жив и го фатија дека играл кладилница, Џои Бартон се врати во Барнли, тимот кој лани по негова заслуга влезе во Премиер лигата.
Познато е дека во македонски фудбал во втора, трета па се до најниските лиги обично победува домаќинот, бидејќи во спротивно ќе падне ќотек. Слична таква приказна ни доаѓа од Португалија каде клуб со агресивни фаули сее страв и противниците ги откажуваат дуелите.
Женскиот судија Бибиана Штајнхаус веќе долго суди во германскиот фудбал, а јавноста ја запозна уште во 2010-та кога фудбалерот на Херта, Петер Нимаер случајно ја фати за гради а сега со неа се случи нов момент.