Фудбал

До кога ќе паузираат најдобрите 5 првенства

Завесата се спушти во Италија, Шпанија, Германија и Франција, а Англичаните традиционално ќе играат на денот после католички Божиќ (Boxing Day) и на 1-ви јануари.

Убавина од голови во Фиренца

Кога ќе кажете италијанското е тапа, не мора баш со толку тешки квалификации. Можеби квалитетот е паднат за разлика од порано, но Серија А си има смој шмек. Италијанското не е само Јувентус, Милан или Интер, туку има и други екипи кои играат убав и отворен фудбал. Синоќа Фиорентина - Наполи 3:3 со 3 убави голови за издвојување.

Проблематичниот Супер Куп кој се игра на ниви

Стадиони полни со дупки, тревата изретчена, времето претопло, аматерски тв преноси. Откако Италијанците го преместија првиот трофеј од сезоната во странство, главаат си удираат од ѕид поради проблеми.

Блекбурн ли е, Барса ли е?

Ако некој во Каталонија остана без идеја како понатаму со тики-така играта, еве му инспирација од англискиот второлигаш.

Место во историјата за дискретниот херој Герет Бери

На 35 години Герет Бери го одигра 610-от меч во Премиер лигата и го надмина Френк Лампард по бројот на настапи во англиското првенство. Следен предизвик му е Рајан Гигс со 632 настапи на вечната листа.

Како Македонија низ историјата се движеше на ранг листата на ФИФА

Во 1994-та почнавме како 90-ти, 2016-та ја завршуваме 162-ри. Оваа година не може во никој случај да се смета за успешна фудбалска година бидејќи го победивме само Азербејџан.

Животната форма на 35-годишниот Диего Лопез

Во новата сезона Еспањол влезе со големи очекувања. Сопственик стана амбициозен Кинез, во екипата дојдоа познати играчи а главен тренер беше поставен Кике Санчез Флорес. Творец на триумфалниот марш на „папагалите“ од Барселона е ветеранот Диего Лопез.

Дедо Мраз како лево крило во Баерн

Во недостиг на идеи што со топката, Тијаго Алкантара во една од акциите на синоќешниот дуел против Лајпциг.

Значењето на Видиќ во еден гиф

Во Манчестер Јунајтед нема повеќе вакви момци кои ставаат трн во здрава нога само за да го спасат голот.

Остануваме 162-ри

Македонската фудбалска репрезентација не се помести ниту едно место на најновата ранг листа на ФИФА и 2016-та ја завршува со најлошиот остварен пласман во историјата.

Меси и Суарез во битка со дронови

Јапонци се решија да летаат дронови за да ги тестираат нишаните на двете ѕвезди на Барселона. Откако сфатија дека не бива на сила, Суарез го најде чарето, а коментаторот е до толку внесен во приказнава како да се работи за Ел Класико.

„Сигнал Идуна Парк“ е неосвоена тврдина во 2016-та

Иако синоќешното реми против Аугзбург е разочарување за навивачите на Борусија Дортмунд, сепак тоа донесе еден голем историски ден за клубот. Никој не успеа да освои три бода оваа календарска година во Дортмунд.

Лобот на Тоти против Интер во 2005-та

Рома му гостуваше на Интер во големото дерби на „Џузепе Меаца“ и славеше со 2:3. За водство од 0-2 тогаш Ил Капитано постигна маестрален гол и преку 80.000 луѓе станаа да му аплаудираат.

И Оскар од Челси падна во искушение за Кина

Иако има неполни 25 години и е на врвот од кариерата, Бразилецот Оскар го голтна мамецот од Кина вреден 60 милиони фунти и ризикува остатокот од светот да не ја следи неговата кариера ако замине на далечниот исток. Што е негативна страна на трансферот во Кина?

Англиските тренери се тешки лузери во последните 30 години

Тезата дека за силна репрезентација потребна е квалитетна лига во Англија не важи. Англичаните го измислија фудбалот, а освоија само едно Светско првенство и ниту едно Европско. Тоа што го остварија пак нивните стратези во меѓународни рамки од 87-ма до сега е уште поголем срам.

Кантона и господската прослава на голот

На 21 декември 1996. година, пред точно 20 години, Јунајтед со 5:0 го згроми Сандерленд. На тој меч ефектен гол даде Ерик Кантона и го прослави многу фраерски.

Муса Дембеле во Меси стил

Пред да заигра во Премиер лигата, белгискиот репрезентативец Муса Дембеле играше во АЗ Алкмар под водство на Луј ван Гал. Овој негов слалом од 2008-ма на некои играчи им успева еднаш во кариера, а други може да сонуваат за вакво нешто.

Кога Берлускони се карал со Капело за Савичевиќ

Освен по прекарот Геније и неверојатниот дриблинг, Дејан Савичевиќ бил познат и по незгодниот карактер и важел за инает со кој Капело не можел да излезе на крај. Дејо се смета за најомилениот играч на Силвио Берлускони.

Колку реално заработуваат играчите и тренерите во Франција?

Најголемиот француски спортски лист L’Equipe објави свеж рејтинг на платите на фудбалерите и тренерите во најдобрата француска лига.

Дечкото кој се инспирираше од слаломот на Меси

На акцијата која и претходеше на вториот гол на Барселона против Еспањол никој не остана рамнодушен. Иниеста почна, а Меси ги дотолчи противниците кои летаа како мали деца. Слично нешто се случи на аматерски меч во Шпанија.

Каков беше Алексис Санчез во Удинезе

Иако се работи за голема ѕвезда во Премиер лигата, а претходно освојуваше трофеи со Барселона, Алексис Санчез на Камп Ноу премина од Удинезе. За каков играч и човек се работи ќе раскаже Антонио Ди Натале.

Што убав живот, една секунда една фунта

Во јули минатата година Карлоз Тевез го исполни ветувањето и се врати во Бока, онаму каде што почна, каде го сметаат за херој и каде што игра покер со другарите во маало. Но домата не му бега, во меѓувреме ќе оди до Кина каде го чекаат 38 милиони евра.

Фудбалерот кој заработува повеќе од Меси и Кристијано Роналдо

Кога имал две години татко му ги оставил, а мајка му заработувала многу малку како хигиеничарка. Но фудбалот му го правел среќно детството. Поради кавга со тренерот на Бока како дете три месеци го напуштил фудбалот и учел за електричар.

За Марко Верати нема загубена топка

Има само 24 години, но зад себе брои 13 трофеи, сите со ПСЖ каде направи спектакуларен трансфер од Пескара на 19 години. И Парiжаните и Аѕурите со него добија мотор во екипата.