Флуминенсе де Феира игра во четвртата бразилска Д-лига а од неодамна се и првиот клуб кој ги „качи“ спонзорствата на дресовите на едно „повисоко ниво“. Наместо името над бројката на дресот на секој играч стои производот чија цена е на акција, а бројката ја обележува цената на производот. Па така на пример наместо името на напаѓачот пишува пица а бројката 10 ја означува цената на пицата.
Друг играч со број 20 ја означува цената на пената за бричење, а броевите на неговите колеги од средниот ред ја означуваат цената на различни шампони на акција.
El Fluminense de Feira, de la Serie D brasileña, utiliza los números de las camisetas para publicitar ofertas de un supermercado. pic.twitter.com/jHlcIAtCKb
— David Acebal (@dacebal) April 6, 2017
Маркетинг директорот на клубот, Чико Мело изјавил дека се решиле на ваков потег поради тоа што Бразилската фудбалска федерација прави малку за да ги помогне нисколигашите во пирамидата.
„Фудбалот е многу неблагодарен за малите екипи и нивните проблеми со спонзори. Не можеш да направиш добра екипа без услови. Имавме неколку спонзори на почеток, па одлучивме да ги промовираме на натпреварите“.
Како и да е, оваа акција не им помага многу на теренот, затоа што на првиот меч на кој ги промовирале пената за бричење и цената на пица, го изгубиле со 6:0 од локалниот ривал Виториа де Баиа.