Фудбал

Реал Мадрид нема да ја одбрани титулата во ЛШ, таа ќе оди во Барселона

Ништо од историскиот подвиг на Реал Мадрид да освои две титули по ред во Лига на шампиони, нешто што последен пат му успеа на Милан кога ова натпреварување се викаше Куп на Европски шампиони. Барем така вели прогнозата на УЕФА.

Една година од најозборуваниот пенал на Барса

Ако на лајвскор ја следиш Барселона и прочиташ дека во истата минута кога Суарез дал гол, Меси утнал пенал, прво што ќе помислиш е дека Уругваецот налетал на одбиена топка. Сепак тоа беше реприза на изумот на Јохан Кројф од пред 35 години кој привлече големо внимание.

Патешествие по ’Алијанц Арена’ - најимпресивниот стадион на светот

Фразата „Мia san mia“ е на баварски дијалект и значи „Тие сме кој сме“. Ја користи Баерн, а Баерн е 26-кратен германски и 5-кратен европски првак со вселенски стадион.

Хотелот во кој ќе спијат Марадона и Наполитанците

Се вика Eurostars Mirasierra и се наоѓа на 10 минути возење со автобус до Сантијаго Бернабеу. Токму тука ќе преноќат фудбалерите на Наполи во пресрет на утрешниот осминафинален меч од ЛШ против Реал Мадрид. Ќе имаат и специјален гостин кој ќе ги бодри уште од хотел, а тоа е нивната легенда Диеро Армандо Марадона. 

Судија за на очно

Сите Типстери кои го играле на голови мечот меѓу Бурнемут и Манчестер Сити, кликнале 3+, а мечот заврши 0:2, но тоа е помалку важно во случајов. Она што е загрижувачки се ваквите ужасно лоши проценки на судиите. Кога се сантиметри во прашање да им простиш, ама ова е веќе премногу.

Пеп Гвардиола господин човек

По крајот на мечот од 25. коло на Премиер лигата меѓу Борнмут и Манчестер Сити, Пеп Гвардиола отиде кај играчот на Борнмут Хари Артер да му изрази жалење и сочуство за смртта на новородената ќерка во 2015-та.

Голот кој долго ќе се раскажува во Серија Б

Синоќешниот меч меѓу Тернана и Перуџа донесе само еден гол кој значеше три бода за гостите. Го постигна Франческо Никастро во 75 минута кој со овој потег си заработи место во најавните шпици за наредни неколку години. 

Зошто Бане е меѓу најомилените играчи во кариерата на Мурињо

Кога дошол во Локомотив Москва, Ивановиќ бил само уште еден непознат легионер во руското првенство. Месецов се врати во Русија како играч кој освои Лига на шампиони, Лига Европа, ФА Куп, Лига Куп и Премиер лига.

Првиот Србин кој направил трансфер во Албанија со помош на фризерот

Александар Сречковиќ за нас не е познато фудбалско име, туку играч со интересен фудбалски пат кој успеал да ги победи предрасудите и да заигра во земја каде се плашел дека ќе биде небезбеден. Добро, не е сè така подмачкано и професионално во приказнава, особено делот со земањето на платата.

Утките на Ацо Стојков и Дарко Панчев со Интер

Италијанскиот Скај Спорт се навраќа на оние играчи кој од овие или оние причини, дошле како метеори но мистериозно не успеале во Серија А. Први во редот се Панчев, Роби Кин и Египѓанецот Мидо, а на листата е и некогашниот страшен талент од Струмица.

Во 96-та минута да ја решиш со рафал од 35 метри

Во мечот од 22. коло на германската трета лига меѓу Дујзбург и Минстер (3:2), играчиот од средниот ред на домаќините Фабиан Шнелхард во 96-та минута постигна спектакуларен гол.

Идиотски потег на фудбалер на Ајакс

На мечот против Спарта Ротердам, играч на Ајакс се жалеше на повреда и додека гостинските фудбалери застанаа, Јоан Велтман тргна во напад и центрираше. Во тој момент Ајакс водеше 2:0.

Да се знае што е пожртвуваност за тим

Волфсбург викендов стигна до многу важни три бода во борбата за опстанок и тоа на меч против Хофенхајм кој им дојде на гости со само еден пораз. До победа стигнаа со пресврт во вториот дел од 2:1, но и со муда во одбрана.

Торес израмни без да го гледа голот

Фудбалерите на Атлетико Мадрид синоќа беа на тешки маки против Селта и ја совладаа со два пресврти. Голот на колото во Ла Лига го постигна Фернандо Торес за 1:1.

Гол на сезоната во Чемпионшип

Норвич во саботата со 5-1 го декласираше Нотингем, а првиот гол на Хоусон во 10. минута беше ремек дело какво не сме виделе сезонава во Англија.

Врвната реклама за Бразил со Роналдињо, Роналдо и компанија

Толку беа добри што не правеа разлика дали играат во соблекувална, на аеродромска писта, на улица или на терен. Фудбалот го играа со леснотија. Роналдињо, Роналдо, Робињо, Адриано, Роберто Карлос...

Најдобрите трикови во историјата на Премиер лигата

Кога Окоча, Роналдо, Анри, Робињо, Нани, Гигс, Ди Канио и останати вакви имиња ќе се најдат во едно видео, тогаш се добива најатрактивниот можен производ кој може да го видите. Секоја чест за тој што успеал на едно место да искомбинира вакви магии од Премиер лигата.

Разликата меѓу Лестер 2015/2016 и Лестер 2016/2017

Осум месеци откако направи чудо во Премиер лигата, рангирано како едно од најголемите спортски достигнувања, сега Лестер треба да спречи чудо, а тоа е да не дозволи шампион на Англија да испадне од лига. Анализата покажува дека многу работи не им одат како лани.

Најзабавната фудбалска компилација од 90-те

Тоа беше време кога уште не беа влезени милијардите и време кога емоциите беа пред парите во фудбалот. Ако едно видео треба да биде модел за тоа како да ги ставиш на едно место сите најинтересни работи во и околу фудбалот, тогаш ова е тоа.

Во исчекување на 50.000 голови во Бундеслигата

На Германците им се ближи голем јубилеј во лигата која ја формираа во далечната 1963 година, а во која имаа можност и привилегија да заиграат и неколку наши фудбалери. Новески имаше најдолг стаж и држеше одбрана, а Ќириќ ги полнеше мрежите.

Младиот другар на Мурињо кој го спасува најлошиот Премиерлигаш

Кога на 5. јануари седна на клупата, Хал Сити беше на дното. За само еден месец Португалецот Марко Силва успеа да го победи и еднаш да ремизира со неговиот сонародник Мурињо и богатиот Манчестер Јунајтед.

Песна за Џерард

"Goša sa raskršća" во Србија е познат како рапер на кој успешните спортски приказни му се мотивација за правење музика. Првата песна за 2017-та му е за легендата на Ливерпул. Вреди да се ѕирне финалниот пакет во кој преовладуваат игра на зборови и многу вешта монтажа со брзи кадри.

Кога Флорентино Перез се реши да го купи Рамос

Во првиот мандат на новиот претседател на Реал Мадрид, на Сантијаго Бернабеу дојде само еден Шпанец по име Серхио Рамос кој тоа лето 2005-та година стана најскапиот шпански тинејџер.