Фудбал

Важно е да се учествува

Сте слушнале ли за екипата на Профондевил? 100% немате чуено бидејќи се дел од аматерска лига во Белгија, ама што учинок држат не се ни за таму. Овие или собираат играчи кого стигнат од улица или немаат голман, трето нема.

Канте - детето кое можеше да трча маратон па да игра фудбал

Кога првпат дошол во Лестер, сакал на тренинг да тргне пешки, но му кажале дека не доликува на Премиерлигашки фудбалер да оди пешки затоа што ќе го тормозат по улица. Во Кан додека сите возеле бесни Ферарија, Нголо Канте возел веспа. Денес е најдобар играч во Англија.

Патот на Мончи до Рома во 10 фотографии

Од резервен голман кој немал пари за асален саат, Рамон Родригез Мончи стана еден од најбараните спортски директори во светот кој на Севиља и донесе 9 трофеи. За влакно не ја послуша жена му да си заминат од Севиља, одлука по која можеби немаше да биде тоа што е денеска.

Автоголот кој засекогаш ќе остане во топ 10

Некои автоголови едноставно не се повторуваат. Англичаните денеска се сеќаваат на Џејми Полок кој пред точно 19 години буквално си го закопа. Сè е тука одлично фудбалски изработено, само проблемот е што голманот не е едно два корака поназад.

Основната фудбалска лекција на Јохан Кројф

Фудбалскиот џентлмен и татко на стилот и играта на Барселона и Ајакс денеска требаше да наполни 70 години. Неговиот животен опус секогаш поврзан со фудбалот, толку е богат и по неговото пензионирање, што архивата нема да има застој за него.

Акција на сезонава во Норвешка во три потези

Изгледаше на загубена топка која одеше во аут, но од тоа се изроди одлично смислено подавање на прва и на крај атрактивна завршница. Голот треба да му се препише на дечкото кој го спаси аутот. Клавајте го на најавна шпица.

Лекција од Мбапе како се бега од офсајд замка

Малиот сезонава е хит не само во Франција, туку и во Лигата на шампионите каде има 5 постигнати голови само сезонава, за разлика од еден Бејл кој има 4 во последните три сезони. Пазете го ова интелигентно и маратонско движење на 18 годишниот фудбалер на Монако.

Икарди, Белоти и Кеита се бркаат кој може побрз хет-трик

Палермо, каде играат нашите Илија и Александар не само што е готов за испаѓање, туку е и тим врз кој сезонава двајца напаѓачи од Торино и Лацио се вежбаа кој е побрз и успеаа да срушат еден рекорд на Шевченко.

Посебни честитки од пријателите на Меси за 500-та

Дека работата воопшто не е наивна да стигнеш до 500 гола во кариерата за еден ист клуб, доказ плус е вниманието на поранешните и актуелни колеги на Меси кои му испратија искрени пораки за јубилејот кој ретко се случува во фудбалот.

Најинтересните 10 статистички моменти кои го одбележаа Ел Класико

Кога ќе видите дека Кристијано Роналдо имал помалку успешни додавања од голманот на Барселона, а Рамос го завршил мечот со 0 интервенции, тогаш јасно е зошто заврши серијата на Реал Мадрид од 22 меча без пораз на Бернабеу.

Господата 500 голови за еден клуб

Лионел Меси веќе 10 години е главен таргет на статистичарите кои постојано му вадат фасцинантни бројки поврзани со неговата кариера. Ова што тој го прави, сигурно ќе важи за модел во фудбалот во наредни 100 години.

Она кога ти е преку глава да играш во одбрана

Јувентус одржа лесен тренинг против Џенова во неделниот термин од 20:45 и по првиот дел имаше предност од 3:0. Тоа е доволна причина да му се дозволи на некој од дефанзивците да видат како е да се игра во напад. Бонучи се обиде.

Лудилото во домот на Нејмар по голот на Меси

Луис Енрике синоќа го немаше во комбинација незаменливото напаѓачко трио поради тоа што Нејмар беше суспензиран, ама Барса успеа и без него да слави на Ел Класико. Атмосферата по победничкиот гол на Меси со селфи видео од Нејмар.

Дрон со знаме на голема Албанија леташе над стадионот Чаир

Фудбалерите на Шкупи и Вардар се сретнаа во дербито на колото во македонскиот шампионат кое мина во знакот на една провокација, идентична како онаа во Белград пред три години кога навивачите се тепаа со играчите.

Алиоски игра во врвна форма, го тресна и Јанг Бојс на гости

Само 6 минути му беа доволни на Езџан Алиоски и во третото коло по ред да стигне до погодок во швајцарскиот фудбалски шампионат. Македонскиот репрезентативец е во страшна серија од 5 гола на изминативе три меча и во моментов има вкупно 15.

Во грчка втора лига не постои офсајд

На мечот Ламиа - Пансераикос од грчката втора лига, линискиот судија или се запил узо или има проблеми со видот. Трето нема.

Најмалерозниот голман на сезоната

Кога последен пат сте виделе натпревар кој завршил 2:0 да го реши голманот со два автогола и тоа идентични? На Дејвид Стокдејл од Брајтон, кој од следна сезона ќе го гледаме во Премиер лига едноставно џабе е и да му кажеа пази леѓа.

Како Кака ја стави во сендвич одбраната на Манчестер

Сезоната 2006/2007 во ЛШ беше сезона на Милан кој стигна до седмата европска круна. Тогаш го имаа извонредниот Кака кој заврши како најдобар стрелец со 10 гола. По повод неговиот 35 роденден ќе издвоиме на еден од нив, оној во полуфиналето на Олд Трафорд кога ги исфрли од игра Евра и Хајнце.

Каква амајлија бакнуваше Мурињо синоќа

Во финишот од дуелот со Андерлехт, Мурињо извади од џеб мал предмет и го бакнуваше. После мечот новинарите го прашале што е таинствениот предмет кој го бакна пред Маркус Решфорд да го даде решавачкиот гол.

Најголемиот господин меѓу фудбалерите - Чаби Алонсо

Баскиецот е еден од ретките играчи кои соработувал со Мурињо, Гвардиола, Анчелоти и Рафа Бенитез. Уште од мал бил повлечен и скромен, неприметлив, но најкорисен на теренот. „Има GPS во главата“, вели неговиот прв тренер во Сан Себастијан.

Денот кога Аршавин заигра казачок на „Енфилд Роуд“

На 21 април 2009 година Андреј Аршавин го одигра најдобриот меч во својата кариера. Епскиот дуел меѓу Ливерпул и Арсенал од Премиер лигата заврши 4-4, а Русинот ги даде сите голови за „Топџиите“.

Ајакс оди на Лион, Манчестер Јунајтед со Селта

По денешната ждрепка за ЛШ, стандардно еден час потоа ги дознавме и полуфиналните двојки за Лига Европа.