Кам бекот на Севиља со Ливерпул во Лига на шампиони не беше ништо. Пазете денеска што се случуваше во големото дерби меѓу Борусија Дортмунд и Шалке. До 25-та минута Милионерите имаа 4:0 и “сигурна“ победа, а од 61-ва до 94-та гостите стигнаа до неверојатен кам бек од 4:4 кој долго ќе се раскажува во Германија.
Прилепската гол машина не застанува да ги меле противниците во втората италијанска лига. Следната мета на Илија Несторовски е Авелино со кој Палермо славеше на гости со 0:3. Македонскиот бомбардер го постигна третиот гол на мечот во 77-ма минута, а Палермо се врати на лидерската позиција.
На Џани одлично му тргна неделава во Чемпионшип лигата. За само седум дена постигна три гола на последните три меча за неговиот тим. Лидс денеска славеше 0:2 на гостувањето против Барнсли со два гола во првиот дел. Македонскиот репрезентативец стрелаше во 45-та минута откако му ја собра топката на својот соиграч и со многу чувство ја пласираше топката од работ на шеснаесетникот.
Запаметете го името на детево од Аргентина. Се вика Агустин Бутелер, тренира во градот Кордоба, Аргентина и тешко дека уште долго време ќе се задржи таму. Така беше и со Меси.
По онаа во Виена, фудбалерите на Милан ја почастија Австрија со уште една петарда во Лига Европа која математички ги прави први во група. Синоќешниот меч на Сан Сиро почна непријатно за Росонерите кои во 27-та минута губеа 0:1, поради овој очаен потег на Бонучи.
Вардар има катастрофален скор од 2 дадени и 19 примени голови по 5 минати кола во Лига Европа. И двата гола кои ги постигнаа на гости се празник за очи. Првиот го постигна Хуан Фепиле против Розенборг, а вториот Дејан Блажевски во 93-та минута против Зенит.
Актуелниот шампион на Македонија за нијанса го поправи впечатокот во играта од првиот дуел во Скопје, но не успеа да стигне до бодови ниту во петтиот обид од групната фаза во Лига Европа. Зенит - Вардар конечни 2:1. Прекрасен волеј на Блажевски во 93-та минута.
Фудбалерите на македонскиот првак вечерва од 19 ќе се обидат да го освојат првиот бод во Лига Европа и тоа на тешкиот фронт против Зенит Санкт Петербург. Дуелот во земјава ќе го пренесува МРТ на првиот канал, а во Русија МачТВ и тоа со различни термини во зависност од временската зона во Русија.
На 23. ноември 2002-ра се случи нешто невидено до тогаш во светот на фудбалот: не беше првпат Португалецот Фиго да се врати во Барселона во дрес на Реал Мадрид, но првпат го гаѓаа со свинска глава и што уште не.
Составот на Роберто Манчини со кој Вардарци минаа лошо на првиот дуел во Скопје е сигурен патник во нокаут фаза од Лига Европа. Македонскиот претставник има 0 бодови и не претставува некоја опасност за рускиот гигант, но домашните навивачи направија огромни редици за билети. Без разлика што Вардар не е Реал Мадрид, Зенит нема проблем со верност како нас.
Челси убедливо го тресна Карабах на гости со 0:4, победа со која си осигураа место во топ 16 од ЛШ. Потоа ги чекаше нови 6 часа лет за назад. За побрзо да им помине времето се погрижи Антонио Рудигер.
За шведскиот фудбалски ас кој го повреди коленото на четвртфиналниот меч од ЛЕ против Андерлехт во месец април, имаше стравови дека може да му заврши кариерата. Н тој се врати, синоќа за прв пат го облече дресот на Јунајтед во ЛШ и влезе во книгата на рекорди.
Повремениот македонски репрезентативец Даниел Георгиевски постигна ефектен погодок во триумфот на Њукасл Џетс против неговиот поранешен клуб Мелбурн Виктори од 4-1. Њукасл е прв на табелата со 17 бода после 8 одиграни кола.
Барселона немаше потреба да дава многу гас на Алијанц арена, бидејќи на овој дуел влезе математички како осминафиналист. Затоа Серхио Бускетс си дозволи еден луксуз на своја половина ала Зи Зу.
ПСЖ безобразен против Селтик кој го декласираше со 7:1. Јувентус и Барса одиграа мирољубиво на меч во кој Меси влезе во второ полувреме. Нашиот репрезентативец учествуваше во триумфот на Спортинг од 3:1 против Олимпијакос од 85-та минута.
Го критикуваат дека има голгетерски пост со недели, дека не влегува во шанси и дека не е фикасен. Францускиот репрезентативец во 69’ минута од мечот против Рома даде неверојатен гол/
На Борусија Дортмунд по првите 5 кола во Бундеслигата никој не можеше да и даде гол, а сега ја ташла кој стигне и никако не може да добие натпревар. Последен пат славеле победа на 30 септември против Аугзбург.
На 10 години малиот Тим не можел да се контролира. Опсесивно трепкал, постојано го чистел грлото со кашлање, нервозно ги спуштал рамениците, ги превртувал очите. Наставниците мислеле дека е невоспитан и некултурен, а тој заврши во Јунајтед.
Вечерашното дерби од ЛШ веќе стана интересно за следење уште пред да почне. Во толку големи екипи, има место само за величини од кои цела фудбалска јавност и старо и младо треба да учи што значи респектирање на противникот.
Две фудбалски легенди седнати на заедничко интервју во пресрет на вечерашната мега пресметка меѓу Јуве и Барса на Алијанц арена. Ги прашуваат за нивните идоли од детството. Андреа одговара: Гвардиола и Лаудруп, а Џиџи: голманот на Камерун, Томас Н`Коно кој го гледал на СП 1990 и поради кој станал голман. До 12 години открива дека играл во среден ред.