Во 2000-та година од Најк ептен влегле во филм, ама ептен. Смислуваат една невозможна мисија која трае 90 секунди и во која задача од Луј Ван Гал добиваат Бироф, Таката, Турам, Тоти, Давидс, Фиго и Гвардиола.
Уругвајската гол машина кој пред 4 години направи трансфер од Наполи во ПСЖ за 64 милиони евра, пристина на Сицилија од тимот Данубио од Монтевидео за 4,5 милиони евра. Дебитираше на 11 март 2007-ма против Фиорентина. Палермо губеше 0:1 и во игра го стави 20 годишниот Кавани кој по 15 минути фудбал во Италија постигна голчиште кое Сицилијанците уште го зборат.
Фудбалерите ќе носат дресови со нејзиното име, а инаку нема детали за тоа кои ќе бидат нејзините обврски спрема клубот и фудбалерите и дали е можно некое изненадување во случај на трофеј.
Леванте има два порази по ред во шпанското фудбалско првенство, но и покрај тоа медиумите од уста не го вадат Барди. Со 3 гола од кои 2 мајсторски од слободен удар тој е најдобар стрелец во Ла Лига меѓу играчите од среден ред. Изборот е на Скај Спортс.
Трет стрелец во историјата на Сампдорија каде повеќе го сакаат од Манчини, Верон и Џанлука Вијали. Три пати паѓал на допинг-тест поради кокаин. За Фиорентина вели дека му била жена а Сампдорија љубовница.
Зад името на нашиот капитен се кријат многу големи натпревари на кој бил јунак, а овој е посебен бидејќи е меч од Лига на шампиони против фаворит кој не сака да чуе ништо друго освен победа. Горан Пандев - Руд ван Нистелрој 2:2.
На видеото го гледате Хозе Мануел Морено (1916-1978) познат под прекарот „Ел Кјаро“. Се работи за првиот играч во историјата кој освоил титула во 4 различни земји (Аргентина, Мексико, Чиле и Колумбија). Многумина кој го гледале, го сметаат дури и за подобар од Пеле и Ди Стефано. Во 1999-та го сместиле на листата на топ 25 играчи на 20-ти век. Инаку познато е дека многу пиел, пушел и пропуштал тренинзи, иако на видеово не изгледа така. Човекот владеел со топката.
За тренинзите на Пеп Гвардиола се зборува дека биле многу напорни и неподносливи за дел од ѕвездите на Баерн Минхен. Арно ама неговиот наследник имал многу релаксирачки пристап кој им сметал, па фатиле сами да тренираат.
Ел диа деспуес се вика познатото шпанско телевизиско шоу кое се занимава со интересни моменти од шпанскиот фудбал кои најчесто ги нема во преносот и се случуваат во позадина.
Не постои соодветен наслов за видеово кое требаше да биде само еден одличен пример за фер плеј меѓу децава. Малиов ај што е грев е грев и ќе му помине, него на тоа реакцијата на коментаторот се откорнавме од смеење. Потоа 5 секунди молчеше.
Еден од најдобрите светски голмани во моментов, Белгиецот Тибо Куртоа кога и да брани за репрезентацијата, за време на интонирањето на химната во еден момент ја чепка брадата со ракавиците. Ај еднаш, ај два пати, ама нон-стоп?
Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике го одржа најстресниот тренинг за својата земја кој траеше само 23 минути. И покрај осумте години репрезентативни настапи и освоено Европско и Светско првенство, навивачите бараат да си замине.
Меѓу илјадниците навивачи кои беа во исчекување дали ќе се игра натпреварот меѓу Барселона и Лас Палмас, имаше и двајца нашинци кои немаа среќа туристичкото разгледување на преубавата метропола да го крунисаат со фудбалски меч и да го видат Меси во живо.
На крајот од минатата недела на Интернет кружеше фотографија од најчудната единечна трибина на стадионот во Екатеринбург. Монтажна е, со цел да се зголеми капацитетот за навивачите кои ќе дојдат на Светското првенство догодина.
Бразилецот Вагнер Лав кој лани се пресели од Монако во Аланијаспор, со своите 33 години има изедено доста фурни леб, па ни покажа дека со голманите знае и вака да игра еден на еден, во кошаркарски стил. Можеби акцијата изгледаше ненадежна, ама дечкото извади скроз неочекуван потег.
Против Рома во составот на Милан имаше дури 9 фудбалери кои дојдоа летово или кои лани не го носеа дресот на Милан. „Зајакот“ веројатно лежи кај Лео Бонучи поради кого Монтела морал да ја испретумба цела формација и на крајот да добие нула.
Колку и да барате, сигурно нема да најдете помалерозни навивачи на Барселона од овие тројца. Се остреле да одат на Камп Ноу пред три месеци дури од Австралија и на крај останаа да дремат пред стадион.
„3 гола за 10 минути, 3 гола за 10 минути. Еби се“ извикуваше и боксуваше бесниот Марио Балотели. И тоа не беа 10 минути, туку 7. Ница синоќа имаше 2:0 против Марсеј по 16 минути игра, а потоа прими гол во 26-та па уште 3 комада во 41-ва, 44-та и 48-ма. На 7 минути до крај промашија пенал и резултатот 2:4 остана конечен.
Во тензичната политичка ситуација во Каталонија, Барселона прво донесе одлука да го одложи мечот против Лас Палмас, па откако Фудбалската федерација на Шпанија им се закани со казни, се премисли. Мечот се одигра без публика, ама на терен сепак се појави публика или поточно падобранец кој е нејасно како се шверцал на стадион.
На денот на референдумот за независност на Каталонија, луѓе од управата на Барселона барале одложување на мечот со Лас Палмас предвиден за попладнево на „Камп Ноу“.
На дуелот Бартон - Вулверхемптон во Чемпионшип, гостите водеа 0-3 уште на полувреме. Третиот гол го даде Рубен Винагра кој прослави како Португалецот Кристијано Роналдо.
Некој би рекол дека ова го има само на Балканот, но по сè изгледа го има и во посовршените фудбалски лиги во Европа каква што е француската. На мечот Амиен - Лил
Моќниот состав на ПСЖ го попари Бордо со 6:2. Два гола на Нејмар, по еден на Кавани, Мбапе, Дракслер и Мењер. Прашањето околу победникот беше решено уште по првите 45 минути по кои ПСЖ имаше 5:1. Господинот 222 милиони евра постигна голчиште од 30 метри за сите пари. Вториот му беше од пенал по кој прв го гушна Кавани. Издвојуваме 4 од вкупно 8-те гола.