Фудбал

Перверзно јака шега на Рома

Твитерџијата на Рома и денеска се отвори на официјалниот Твитер на клубот и тоа бајаги. Вчера барем не знаеше што куца, а денес...

Во меѓувреме да ја видиме Џесика

Додека Рим сè уште е во транс од сензацијата која ја приреди Рома, цурава од Португалија ја подзачуди јавноста во својата земја покажувајќи дека таму не постои само Кристијано Роналдо. Женски дриблинг кој го гледате сега, па кој знае кога.

А толку се радуваа кога ја извлекоа Рома

Едно од најслушаните каталонски радио станици RAC1 за време на извлекувањето на паровите за четвртфинале на Лига на шампиони се радуваа што им паднала Рома како да им паднал белоруски второлигаш.

Бројките на гладијаторот

Иако не може да се издвои ниту еден јунак од синоќа затоа што изгинаа и Манолас и Џеко и Флоренци и Коларов, сепак еден човек како најмногу од сите 80 и кусур илјади на стадионот да ја посакуваше победата. Капитенот Даниеле Де Роси.

Претседателот на Рома се фрли во фонтана

Врвот на лудото славје на Римјаните по елиминацијата на Барселона го достигна првиот човек на Рома, Џејмс Палота кој изненади со доста неочекуван потег. Па добро ако освојат ЛШ што ќе направи?

Коментаторот на Рома го остави гласот на стадион

Сте го слушнале ли вие Карло Ѕампа, човекот со гласни жици како женски сопран? Епа сабајлево е примен на оториноларинголог за да му кажат дали ќе може да го коментира следниот натпревар на Рома.

Наинголан ја сними атмосферата во соблекувалната на Рома

По пауза од 34 години Рома се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите. Барселона не е Беневенто, што значи ова е сосема очекувано славје во кое се најде и ќерката на Џеко.

Твитерџијата на Рома целосно одлепи

Веројатно најлудиот твит некогаш напишан од страна на човекот кој е задолжен за официјалниот Твитер на Рома е овој вечерва после последниот свиреж на судијата. Рома - Барселона 3:0 и не знам што куцам на тастатурата.

Солзи радосници на Олимпико, Барселона е елиминирана

Ако за некој натпревар сезонава во ЛШ треба да се каже чудо, тоа е вечерашното четвртфинале на кое Барселона е во нокаут. Загуби 3:0 и се збогува од Лига на шампиони. Во полуфинале со Рома, патува и Ливерпул кое одново го совлада моќниот состав на Гвардиола.

ФИФА ќе забранува позајмици на играчи

Светската фудбалска организација планира од октомври да направи неколку сериозни измени во фудбалот меѓу кои голема би била и забраната за позајмување фудбалери од еден во друг клуб.

Беневенто е специјалист за голови против големи екипи

Малиот клуб кој доаѓа од град со 60.000 жители и игра на стадион со 16.869 седишта е дефинитивно клуб со чудни контрасти. Редовно губи скоро секое коло од кој стигне, а на раат не ги остава екипите од горниот дел на табелата.

Младиот Французин кој има повеќе шампионски титули од Роналдо

Во саботата Баерн го згроми Аугзбург со 1-4 и по рекорден шести пат по ред стана шампион на Германија. Шеста титула по ред во кариерата славеше и 21-годишниот Кингсли Коман.

Големиот талент Ренато ја доби главната награда на Јувентус камп

Се сеќавате ли на македонскиот бисер кој na 7 години стапна во Ла Масија? Истото дете успеа да ги освои срцата и на италијанските тренери кои одлучија да го испратат на уште еден камп на Старата дама овој пат во Белград. Гранде Рене.

Смешната шева на Сити со Бернардо Силва

Првите 3-4 пати додека ја лупаат накај тебе не сфаќаш дека те местат. А кога ќе сфатиш веќе е касно и си испаднал. Тоа му се случи на Португалецот Бернардо Силва на тренинг на Сити.

Валканата Барселона во ЛШ

Не зборуваме за Меси, Иниеста и Бускетс, туку за едно друго време со капитенот Јохан Кројф. Ова е пресек од реванш полуфиналето меѓу Барселона и Лидс во 1975-та на Камп Ноу пред 110.000 публика. Каталонците ги гледаме во едно нетипично издание со грди стартови. Малку е чудно што Лидс добија црвен, а не Барса, ама затоа Англичаните се пласираа во финале кое го загубија од Баерн.

Фиорентина игра како да им е последен меч во животот

Од трагичниот ден за Фиренца, тимот од овој град врза 5 победи по ред. Фудбалерите како да имаат некоја посебна мотивација и енергија која им ја дава другарот за кој ја оставаат и последната капка пот и на тренинзи и на натпревари. Сега тие мислат на него, како што тој мислеше на сите нив.

Тргнав јас на Светско со точак, не е интересно со авион

Мохамед Салах не е единствениот јунак од Египет кој ќе биде на светскиот фудбалски собир во Русија. Таму се очекува да има уште еден јунак кој се вика Мохамед и кој се надева дека ќе стаса, бидејќи има фора од 2 месеци и кусур.

Бабунски во улога на спасител во 94-та минута

Помладиот од браќата Бабунски, Доријан е дел од втората јапонска лига. Неговиот тим Мачида Зелвиа имаше негатива од 1:2 против Роасо Кумамото, но 21 годишниот Доријан влезе како џокер и го спаси својот тим од пораз.

Што рече Бонучи за судијата кој му даде жолт картон

Милан ќе биде ослабен во одбрана на следниот тежок меч против Наполи поради суспензијата на Леонардо Бонучи. Стоперот на Росонерите со тврдење:

Анегдотата на Чиро Блажевиќ за Штимац и Бокшиќ

Чиро Блажевиќ е жива 83 годишна легенда која има искусено 18 клубови и 5 селекции во кариера која му траеше 46 години. што значи има бајаги за раскажување. Плус е познат како тешка будалетинка.

Кардиф промаши два пенали во продолжение

Во англискиот чемпионшип играа Кардиф и Волвс, вториот и првиот на табелата. Гостите водеа од 67’ минута а домаќините добија два пенали во 93’ и 95’ минута во судиското продолжение. И бидна што бидна.

Супер дедото пак го направи Баерн шампион

Баерн има многу легенди но Јуп Хајнкес е сигурно прв меѓу сите нив. Денес Баварците славеа шеста рекордна титула по ред благодарение на симпатичниот Јуп.

Луд гол на македонски голман на кого ФФМ заборави

Ведран Ќосевски е роден е во Велес а веќе неколку сезони брани за сараевски Железничар чиишто навивачи го обожаваат. Пред неколку дена селекторот на БиХ Роберт Просинечки го стави на поширокиот список репрезентативци. Да не должиме, денес Ќосевски постигна страшен гол од 70-ина метри против Широки Бријег во 93’ минута!

И Стефан Ристовски дел од хаосот во Спортинг

Претседателот на клубот од Лисабон на својот Фејсбук објави дека суспендира 19 првотимци поради тоа што не ги прифатиле неговите критики за слабите игри и му вратиле со потпишано соопштение.