Анегдотата на Чиро Блажевиќ за Штимац и Бокшиќ

Чиро Блажевиќ е жива 83 годишна легенда која има искусено 18 клубови и 5 селекции во кариера која му траеше 46 години. што значи има бајаги за раскажување. Плус е познат како тешка будалетинка.

Чиро ја водеше Хрватска од 1994-та до 2000-та, а на Мундијалот во Франција 1998-ма го освои третото место.
 
Студентите на економскиот факултет во Осијек го имале најинтересното предавање на годината.
„Слушам пред соба звуци како од порно, но тоа не беше порно. Отвори!, им се дерам, а Бокшиќ ми одговара: Спиеме. Како не спиете пизда ви матер, отварај! И потоа Штимац отвори, а купатилото беше заклучено. Откако викнав пак, девојката излезе и сакаше да побегне, а јас ја фатив за торба и ја прашав дали платиле. Ми одговори дека платиле и потоа ја пуштив. И што сега?
 
Штимац одма би го избркал, но Бокшиќ го сакам, он е модел за чесен играч, а овој другиов го навлече и му донесе мачка. Одлучив да молчам, затоа што можеби ќе ми затребаат. И стварно ми затребаа...
Ми доаѓаат Иванковиќ и Каталиниќ со приказна дека се побуниле во далматинскиот клан. Доста ми беше што по медиумите се разбра за Шукер и Бобан, па може истото да се случи и за другиве двајца. Ова е заебана приказна.
 
Потоа на тренинг играат шева, а Бобан во тоа никогаш не греши. Штимац наеднаш му рипа и го пцуе, а јас го фаќам и му велам: Пичка ти матер, кога Бобан те спасуваше од курви, тогаш добар ти беше, а тој скокна и го гушна: Бобане мој“.
9 април 2018 - 11:06