Луд гол на македонски голман на кого ФФМ заборави

Ведран Ќосевски е роден е во Велес а веќе неколку сезони брани за сараевски Железничар чиишто навивачи го обожаваат. Пред неколку дена селекторот на БиХ Роберт Просинечки го стави на поширокиот список репрезентативци. Да не должиме, денес Ќосевски постигна страшен гол од 70-ина метри против Широки Бријег во 93’ минута!

***

Железничар е прв во првенството на БиХ со 58 бода, а втор е Зрињнски од Мостар со 56.

7 април 2018 - 20:33