Баерн има многу легенди но Јуп Хајнкес е сигурно прв меѓу сите нив. Денес Баварците славеа шеста рекордна титула по ред благодарение на симпатичниот Јуп.
Ведран Ќосевски е роден е во Велес а веќе неколку сезони брани за сараевски Железничар чиишто навивачи го обожаваат. Пред неколку дена селекторот на БиХ Роберт Просинечки го стави на поширокиот список репрезентативци. Да не должиме, денес Ќосевски постигна страшен гол од 70-ина метри против Широки Бријег во 93’ минута!
Претседателот на клубот од Лисабон на својот Фејсбук објави дека суспендира 19 првотимци поради тоа што не ги прифатиле неговите критики за слабите игри и му вратиле со потпишано соопштение.
Прво во понеделникот направи ножички на тренинг, па после на Џанлуиџи Буфон му даде фантастичен гол исто со ножички за денес во тренинг-центарот на Реал во Валдебебас пак да ги потврди.
Со головите на Шелви и Перез, Њукасл го победи Лестер 1-2 на гости и освои важни три бода за продолжение од сезоната. Се бореа како ѕверови а се гледа дека тренирале и лизгачки стартови. Имаа пет во еден противнички напад.
Батали ја расправата за буџетот и законот за стечајците, дај кажи дали имаш дупликати за да се мењаме, бидејќи со нашиве плати “тешко“ дека ќе ги пополниме албумите. Иам, иам, иам, неам, иам, иам, иам, неам...
Фејсбук страната „Вицови за душа“ не потсети и ве потсети на едно златно време кое на сите уште ни тлее во душа. Кој се нервирал кога треба да ја вади топката под жежок ауспух многу добро знае за што зборуваме.
Сите четири екипи славеа на домашен терен на првите четвртфинални средби од ЛЕ. Арсенал најубедливо, Атлетико и Лацио со по два гола предност, а Лајпциг минимално. Стефан Ристовски остана на клупа.
130 деца веќе четврти ден по ред се калат во Ѓорче Петров со тренери на најтрофејниот италијански клуб. Разговаравме со нивниот главен тренер Рафаеле Армароли кој ни ги објаснуваше методите на работа на Јувентус, а истакна и едно 14 годишно девојче кое најмногу му оставило впечаток.
Фудбалерот на Орашје Антонио Видовиќ постигнал два гола во триумфот на својот тим против Чапљина (3-1) во втората лига на Босна и Херцеговина. Еден од погодоците е ала КР7.
Што ли му се случи на стрелецот број 1 на Интер кој лани ја заврши сезоната во Серија А со 24 гола, а исто толку има и сега? Аргентинскиот голгетер на миланското дерби го направи промашувањето на сезоната, а во судиското продолжение се посрамоти уште еднаш.
По Реал и Баерн синоќа, голема работа околу пласманот во полуфинале на Лига на шампиони завршија вечерва Барселона и Ливерпул. Рома си даде два автогола, а Џеко е прв играч на „Волчицата“ кој дал 5 гола во една сезона од ЛШ.
Тивко пристигна од Бразил во Европа, ја чекаше својата шанса и ја дочека. Во моментов Алисон Бекер е еден од најдобрите голмани на светот по многу параметри.
Загревањето за вечерашните топ две четвртфинални средби од ЛШ не можеше да биде појако. Во 18:30 се среќаваат Интер и Милан во заостанат меч од Серија А. Одиме со еден маестрален потег на Феноменот пред 20 години во дуел со Себастијано Роси. Тоа дерби заврши 3:0. Резултатот го отвори и го затвори Чоло Симеоне.
Доверливиот готвач заврши во француската репрезентација, а таксистот менаџира спортски центар. Ова е потсетување на едно друго време со тренерот на Реал Мадрид кој не остави голем белег во Јувентус само како фудбалер.
Јужно-американците ја викаат чилена (chilena), Италијанците ровешата (rovesciata), Бугарите задна ножица, Хрватите шкарице, кај нас ножички. Кои се автори на најубавите голови на овој начин?
Ножичките не ги измисли Роналдо, туку тие се сега ин бидејќи ги направи Роналдо. Газета дело Спорт објави извонредна компилација со Крауч, Руни, Џоркаеф, Пруцо, Ибрахимовиќ, Ван Бастен, Виали и Пеле, за да не потсети кој сè се има испружено со оваа акробација.
Синоќа на двата четвртфинални дуели паднаа 6 гола ама целиот свет зборува за ремек делото на Кристијано Роналдо. Необично, пред истиот гол пробувал ножички на тренингот ден пред натпреварот со Јувентус.