Синоќа на двата четвртфинални дуели паднаа 6 гола ама целиот свет зборува за ремек делото на Кристијано Роналдо. Необично, пред истиот гол пробувал ножички на тренингот ден пред натпреварот со Јувентус.
Евроголот на Кристијано Роналдо против Јуве е топ тема не само во ЛШ, туку и меѓу едни славни дечки кои играат во МЛС и НБА лигата. А не дека Питер Крауч тресна зелена, бидејќи и он има дадено сличен со тоа штаките.
Кристијано Роналдо е првиот човек во историјата кој успеа да постигне гол на 10 меча по ред во ЛШ и тоа 15 комада. И тоа пазете има 21 гол само во четвртфиналињата исто колку цел тим на Јуве. Домашните навивачи покажаа целосен респект за неговото ремек делото со ножички.
Четвртфиналната вечер во Лига на шампиони ќе биде запаметена по долгиот аплауз кој навивачите на Јувентус му го приредија на Кристијано Роналдо за неверојатниот гол со ножички. Баерн ја освои Андалузија.
725 за Реал + 108 за Порто + 167 за Шпанија даваат точно 1.000 натпревари. Ете до толку стаса една од најголемите голмански легенди во историјата на фудбалот. Од најважното, може да се пофали со уште 385 средби без примен гол и 21 трофеј од кои 18 со Реал Мадрид и 3 со репрезентација.
Човекот кого низ годиниве наназад го обвинуваат дека редовно го паркира автобусот откако ќе пикнат неговите играчи еден гол, излезе дека е кумот на овој начин на игра познат кај Италијанците како Катеначо. Која иронија.
Во минатото „црвените ѓаволи“ имаа не баш малку капитени со силен, цврст карактер. Таков лидер денес нема во екипата која сезонава ја предводеа шест различни капитени.
Денот на шегите беше во неделата, а ова што ќе го прочитате воопшто не е шега. Ви требаат само две работи за да го остварите: Пиво и слободни денови кај жените. Па има ли маж кој нема да затрепери кога ќе види што следува.
Да кажеш ќе отвора ланец ресторани или кафулиња, ќе се занимава со менаџирање млади таленти, со членство во управа, па да го разбереш. Ама овој видел не видел, отишол да снима порки.
Најјаките фудбалски потези често пати доаѓаа од разно разни нисколигашки натпревари низ светот. Па ваков безобразен прием без да тапне, а потоа и волеј, ниту сме виделе, ниту ќе видиме повеќе.
Реал Бетис синоќа ги собра веројатно најсреќните 3 гостински бодови со погодок во 89-та минута, ама со голема доза на судиска неправда. Навивачите на Хетафе рипнаа во судиското продолжение кога Леандро Кабрера му донесе 1:1 на својот тим, ама судијата или не виде дека топката е цела во гол или се направи наудрен. Шпанците немаат ВАР, ама зарем не користат видео технологија која ова го решава во секунда?
Паднатиот гигант во грчкиот фудбал имаше неколку убави прилики да се врати на првото место на табелата но по серијата лоши резултати газдата ги распушти играчите предвреме и ги удри по џебот.
Палермо не успеа да освои некој бод на тешкото гостување на Енио Тардини, но сепак остана на третата позиција на табелата со 4 бода повеќе од Парма и Бари. Илија Несторовски за жал само учествуваше во ублажување на поразот од 3:2 со голот број 12 оваа сезона. Трајковски остана на клупа
Со звуците на химните на Италија и Македонија, а потоа и на Јувентус, најтрофејниот италијански клуб го отвори првиот камп во Македонија. 100 деца ќе имаат привилегија да учат како се игра фудбал од светскиот гигант.
Влатко Петровски, фудбалерот на Илинден е стрелец на еден од најубавите голови сезонава во македонскиот фудбал. На мечот од третата лига против ФК Петровец, домашниот фудбалер постигна гол од корнер.
Насмеаните лица, коктели и многу фоторепортери на големата свеченост по повод преименувањето на аеродромот во родниот град на Роналдо не го најавувале пеколот низ кој поминал „вајарот“.
Капа доле за кариерите на Пеле, Марадона, Ди Стефано, Пушкаш, Кројф, Еузебио, Герд Милер, Малдини, Меси, Роналдо, Зидан, Роналдо и компанија. Сите вие сте кралеви на фудбалот, ама не можете да се носите со Дани Алвеш, барем во еден параметар.
Атлетико Мадрид славеше 1:0 на мечот со Депортиво Ла Коруња, а најголемата заслуга за тоа што мечот можеше многу лесто да заврши реми, оди кај Лукас Фернандез кој велат дека трчал со 34 км на час.
Пелистер и Вардар одиграа меч за заборав и тоа е далеку од големо дерби како што беше порано. Досадата од фудбал која заврши 0:0 на крајот ја разби еден навивач кој го доби дуелот еден на два.
Од 36 годишен напаѓач по некоја логика не треба да се оди со преголеми очекувања дека може допрва да прави големи работи, ама ако тој се вика Златан Ибрахимовиќ тоа не важи.