Бродскиот магнат Евангелос Маринакис којшто од неодамна е сопственик и на англискиот Нотингем Форест, веќе не можел да ги толерира слабите резултати на Олимпијакос и им рекол на играчите:
„Јас заедно со навивачите доволно ве толериравме. Доста е веќе. Ќе си одите уште денес и терајте на одмор“.
Олимпијакос има дури 44 шампионски титули во Грција од кои дури 7 едно по друго во последните 7 сезони. Но во моментов заостануваат три бода зад лидерот АЕК Атина на четири кола пред крајот.
Олимпијакос минатата сабота ремизираше 1-1 против 10-пласираниот Левадиакос и тоа може да ги чини титула. Маринакис во изјава за грчките медиуми рекол дека пола од казната играчите ја добиваат поради нерешените 1-1 со вечниот ривал Панатинаикос на 4. март.
Секој играч од првотимците е казнет со по 400.000 евра одбивање од платата. Необично е уште и дека Маринакис одлучил екипата да биде распуштена до крајот од сезоната а нивни замени на теренот ќе бидат викнат од У-20 тимот. Пред три години Маринакис исто така ги удри играчите по џебот спо 500.000 евра казна за нивните слаби партии.
Во мај минатата 2017-та тој го презеде некогаш славниот Нотингем Форест откако тогашниот сопственик Фаваз Ал Хасави после пет години го напушти клубот од Чемпионшип.