Фудбал

Рома доби лекција по фудбал на Енфилд Роуд

Со брз и модерен фудбал, базиран на страшен напад предводен од убиственото трио Салах - Фирмино - Мане, фудбалерите на Ливерпул ја разбија Римската Волчица која на Олимпико во Рим ќе ја има истата задача како против Барселона. Да брка ново чудо од 3:0 за пласман во финале.

И тоа да видиш, Џон О`Ши го дрибла Фиго

Јак ова Јутјубов. Држи снимка од дуел меѓу бекот на Манчестер Јунајтед и славното крило на Реал во кој замислете Фиго е тој што го јаде. Зборуваме за четвртфинален двојот во ЛШ меѓу Реал и Јунајтед на кој Кралевите отидоа понатаму со 6:5.

Пеналите Рома - Ливерпул и римската трагедија

Се навршуваат 34 години од епското финале на Купот на европски шампиони Рома - Ливерпул во Рим кога будалестиот голман на Англичаните Брус Гробелар им се плезел на домашните играчи пред да шутираат. Рим уште не може да го заборави тој пораз.

Во Неапол се продава статуетка од Кулибали

Наполитанците уво не ги боли што денес и утре ќе има Лига на шампиони. Тие веќе два дена уживаат во моментот што успеаа на гости да го тепаат Јуве и да му се приближат на -1. Од херојот кој скокна во 90-та минута веќе може да се купи и статуетка. Инаку на социјалните мрежи е доста забавно после големата победа.

Никола Секулов, сам против сите на мечот Јуве - Торино

Додека уште не ни се средени впечатоците од понеделничките мајстории на Пандев и Барди, имаме нова мајсторија од наш фудбалер. Овој пат од талентираниот Македонец кој е дел од Јуве У-16. Го бркаа четворица на градското дерби, ама никој не го стигна. Мечот заврши 6:1 за Старата Дама.

И за голот на Пандев се искараа

„Мајсторски гол со ретка убавина. Поет“, стои во еден од описите на италијанските медиумите за играта на Пандев, кои за 10 минути игра му ја дадоа највисоката оценка на мечот 8-ка.

Рома ќе има спонзор на дресовите првпат после 5 години

„Новиот стадион којшто ќе почне да се гради годинава и екипата која првпат после 34 години влезе во полуфинале на Лига на шампиони - прекрасно време да се биде навивач на Рома“, вели претседателот Џејмс Палота.

Прав гест: Де Роси и Рома им оддадоа почит на жртвите од Хилсборо

Во пресрет на вечерашното прво полуфинале од Лигата на шампионите, фудбалерите на Рома предводени од капитенот Даниеле Де Роси поставија букет цвеќе во знак на почит на жртвите од трагедијата на навивачите на Ливерпул на стадионот Хилсборо.

Играме 57 меча во сезона, a другите испаѓаат во декември

Масимилијано Алегри кој три години по ред ја освојува титулата со Јуве се изнервира на пресот после поразот од Наполи и им кажа на новинарите дека го загубил трпението поради нив.

Марадона, Тоти и Пандев, тие се

Мајсторските лоб удари како оној синоќа на Гочето, се вистинска реткост во фудбалот. Треба ептен да го осетиш голманот дека е излезен и да процениш дека нема да ја стигне. Ни текна на уште две ремек дела.

Луд гол на Пандев!

Во стилот на најголемите мајстори каков што е и самиот, Горан Пандев ја потврди победата на Џенова од 3:1 против Верона со можеби најубавиот гол во неговата богата кариера.

Чудо на Енес Барди, два гола од слободен против Атлетик

Македонскиот фудбалски репезентативец влезе во историјата на шпанската Примера откако вечерва во само две минути даде два ефектни гола од слободен удар за да му донесе водство на Леванте на тешкото гостување против Атлетик Билбао.

Зошто играчите во Серија А имаа црвена боја на лицето?

Овој детал викендов не го пропушти никој кој гледаше дуели од Серија А а имаше и такви кои во прв момент помислиле дека нешто не им е во ред со сликата во преносот. Станува збор за кампања.

Си слушнал ли дечко ти за достоинство?

Марко Марин е поранешен репрезентативец на Германија, роден во БиХ и играч на Олимпијакос кој уште не ја научил првата лекција во фудбалот. Судијата треба да ти даде директен црвен и ич око да не му трепне.

Статистичкиот податок кој “го уби“ Јуве

Веројатно најслабиот меч на сезоната, а можеби и во последниве години Јувентус го одигра против Наполи пред своја публика. Статистиката го извади најлошиот податок за актуелниот првак на Италија до сега невиден на нивниот нов стадион.

Тажната сторија за легендата на Рома

Во ера во која бил сакан еднакво како Тоти во нашето време, Агостино Де Бартоломеј важел за принцот на Рим - дете родено во „Вечниот град“ што неизмерно ја сака Рома. За жал завршува неславно, заборавен од многумина кои го воспевале.

Дајте му пирамида на фараонов

Фудбалерот кој го однесе својот Египет на Светско првенство после повеќе од две децении сосема заслужено е избран за играч број еден во Англија.

Џиџи пак испадна голем

Можеш да го критикуваш, ама не можеш да не го почитуваш. И во најболниот првенствен пораз за неговиот тим оваа сезона им ја честиташе победата на Наполитанците. И тоа ги чекаше сите со се стручен штаб, еден по еден. Људина.

Што се случуваше во Неапол по триумфот над Јуве?

Градот под Везув и натаму го живее сонот наречен скудето. Го победија Јувентус со гол во 90’ минута и му се приближија на само еден бод на четири кола до крајот.

Мајсторски дуел на Јаховиќ со голманот

Самуел Ето и Адис Јаховиќ, тие се главните фаци кои се борат за опстанокот на Коњаспор во прва лига. Го совладаа Кашимпаша со 2:0, откако Камерунецот го отвори резултатот во 11-та, а Македонецот го затвори во 86-та. 

Зошто Неаполитанците ставаа слики од магариња во базата на Јуве

Суеверниот Југ верува дека може да им се повтори ксметот од 1930-та година со амајлијата.

Солзите на легендарниот Иниеста и чудесната Барса

На завршната церемонија за победникот во шпанскиот Копа дел Реј по традиција пехарот го креваат капитенот и заменик капитенот, но овојпат Лео Меси го отстапи местото за големиот Андрес.

Судија чекај да мочам

Во 74’ минута од осминафиналето на Купот на Казахстан меѓу Мактарал и Астана еден од домашните играчи во моментот кога бил заменет решил да се измоча во едно дрвце зад клупата за резерви. И почнува шоу.

Што ако сум познат тренер, вади синко топката на улица

Се вика Симоне Инѕаги, тренер е на Лацио, има врвна сезона и се бори за Лига на шампиони. Ама наоѓа време и да му го направи ќеифот на син му пред куќа. Тоа е тој маалски шмек, коли проаѓаат, а ти не се откажуваш, а плус те знаат сите.