Фудбал

Што е бе кепец?

Мет Миазга е член на Челси кој настапува како позајмен играч во Нант, ама и скаран малку со културата која си ја покажа на пријателската меѓу САД и Мексико. Во ред е да му спискаш ако те изнервирал, ама не на ваков простачки начин. Сите те видоа.

Како може Кореец да те извади од патики

Јужна Кореја и Чиле одиграа без голови во синоќешниот термин за пријателски, и за да не биде се така досадно и неатрактивно, се покрижи Сон од Тотенхем. Апче за смирување му давале на Видал и другар му.

Дојде и тоа време Луксембург да сонува пласман на Европско

Идејата да им се даде шанса на послабо рангираните селекции рамноправно да се борат за пласман на Европско првенство, најдобро ја користи Луксембург кој полека тргнува по патот по кој одеше Исланд.

Фудбалска Италија минува низ најлошата епоха во својата историја

„Разочарување“, „Катастрофа“, „Очај“ се само дел од денешните наслови во италијанските медиуми после уште една мизерна партија на нивните репрезентативци - овојпат во Лисабон каде изгубија 1:0 во Лига на нации.

Просинечки пред и потоа

Гостувањето на Босна и Херцеговина во Белфаст против Северна Ирска (1:2) донесе фотографија која стана вирална по социјалните мрежи. На неа се гледа трансформацијата на Роберт Просинечки.

Тренерот на Челси ги остава цигарите поради татко му

За одличниот италијански стратег Маурицио Сари (59) и неговата страстна пушачка навика летово се пишуваше повеќе отколку за неговиот стил на игра, необичниот живот и тренерскиот пат.

ПСВ Ајндховен организираше прекрасен ден за најмалите

Трофејниот холандски клуб направи убава акција на стадионот „Филипс Арена“ каде главна улога беа дечињата на навивачите на ПСВ и маскотата Фокси.

На билетара пред стадион била македонската

Македонската фудбалска репрезентација е во серија каква што не паметиме, влезе максимално мотивирано во новото натпреварување кое ни ги отвора вратите за Европско и пак мора да се утне нешто, во случајов организациски.

Среќа Грузијциве не утнаа со летонско знаме

Во натпревар од новоформираната фудбалска Лига на нации, Грузија ја пречека Летонија во Тбилиси и за разлика од некои други не го утна знамето па да им стави австриско. Мечот заврши 1-0 со голот на Окриашвили од пенал во 77’ минута.

Македонија сериозно ја подотвора вратата на Европско 2020

Откако УЕФА им олесни на послабо рангираните репрезентации да избегнат гиганти, со стартни две победи и шест бода, Пандев и другарите фатија убав залет за она што ќе им претстои.

Само Канте може да има ваква чест

Омилениот лик во таборот на француската репрезентација и навивачите без сомнение е Н’голо Канте. Французите славеа 2:1 против Холандија во Лига на нации, а потоа на „Стад де Франс“ следуваше шоу, како еден вид прослава за светската титула. Се пееше веќе добро познатата песна за тивкиот борец од средниот ред.

Пандев за претседател на ФФМ

Изнуди пенал за 1:0 и постигна гол за конечни 2:0. Ете колку значи во репрезентација да го имаш Горан Пандев кој не се дава и на 35 години. По синоќешниот триумф над Ерменија, цела соблекувална грмеше: претседателе, претседателе, а тоа е поврзано со неговото најново интервју во кое изрази желба да ја води ФФМ по завршувањето на кариерата. 

Македонија ја суреди и Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација бележи совршен старт во новоформираната Лига на нации. Два меча - две победи за полесно да се дише до следните две пресметки закажани за октомври. Само така момци.

Македонија не е привлечна за гледање ниту за 100-че

Европското преку квалификации беше недостижно, пријателските безцелни и неатрактивни, па гледам се потепавте да дојдете на стадион и за Лига на нации, новото натпреварување кое ни нуди најреален пат до остварување на сонот.

Топовски удар на Азар

Паралелно со натпреварите од Лига на нации, деновиве се игра и по некоја пријателска. Белгија ја декласираше Шкотска на гости 0:4, а Еден Азар одигра нешто многу јако во стилот на Кристијано Роналдо. Пуштете им забавена снимка на Шкотланѓаниве. Не ја видоа топката.

Што тежок живот живее овој Икарди

Мауро Икарди е млад, 25 годишен лепи дечко, со годишна плата во Интер од 4,5 милиони евра и со девојка која не знае да му шета облечена по дома. Со Болоња беше повреден, а оваа монтажа со нив е уствари реалност. Центар пажња е типката со тоа голотиите по насловни, скоро секој ден. На толку оваквуење по дома и нормално е да се повреди човекот.

Изгледот на новата Италија под водство на Роберто Манчини

Вечерва против Полска, а во понеделник против Португалија во Лисабон ќе видиме каква е новата фудбалска репрезентација на Италија во која има многу млади играчи од кои некои уште не дебитирале во Серија А.

Зошто на стадионот на Леванте има дупка на една од трибините?

Ако од минатата сезона го пратите почесто Леванте поради Енис Барди, можеби сте забележиле дека на нивниот стадион една од трибините зад голот не е целосна и фали дел. Стадионот за неколку дена ќе наполни 49 години, па еве ја приказната.

Аплаузи за Весли

Легендарниот фудбалер на Ајакс, Реал Мадрид, Интер и Галатасарај, реши да отстапи место во репрезентацијата на Холандија за помладите и синоќа на мечот против Перуанците за последен пат го облече портокаловиот дрес.

Како изгледа една 94-та фудбалска минута во Таџикистан

Се работи за четвртфинален куп натпревар на кој се игра последната минута од судиското продолжение при резултат 3:3. Излишно е да даваме опис за киксот на белите, само не ни е јасно зошто стрелецов на црвените е на моменти како тажен или има некоја фора во намигнувањето во камера? Плус само двајца му честитаа за голот, а реши меч во последни секунди. WTF?

14 клубови од Серија А имаат помал буџет од платата на Меси

Ја имаме листата на плати на сите екипи, играчи и тренери од италијанското фудбалско првенство. Споредено со најплатените петмина во Европа, тие изгледаат смешно. Или па можеби ова во Италија е некоја нормала за разлика од нив. Кој што сака нека каже, ама преплатени се суперѕвездиве.

Во недела мора да се внимава на левицата на Пицели

Ерменија славеше 2:1 против Лихтенштајн во нашата група од Лига на нации, а дека оваа селекција нема да биде лесен залак како Гибралтар покажа Маркос Пицели кој заедно со Ѓорги ги постигнаа најубавите погодоци на првите средби од новоформираното континентално натпреварување.

Андре Силва и гулабите

Промената на средината од Милан во Севиља ептен му годеше на португалскиот центарфор Андре Силва затоа што веќе постигна три гола во толку одиграни кола во Ла Лига. Ама синоќа против Хрватска на пријателска покажа дека шутот мора да го вежба.

Овации за Лука Модриќ среде Португалија

Мозокот во играта на хрватската репрезентација заслужено ја доби наградата за најдобар играч на Мундијалот во Русија. Мозокот во играта на Реал Мадрид заслужено ја доби и наградата за најдобар играч во ЛШ за изминатата сезона. Португалија и Хрватска синоќа ремизираа 1:1 во пријателски натпревар, а кога во второ полувреме Далиќ од игра го повлече мозокот, Португалците покажаа што мислат за него.