По три мачни кола и за него и за цела светска популација која цупкаше со нозете, мега ѕвездата стигна до долго посакуваниот деби погодок за Јувентус. Посреќен не можеше да биде. Играч на Сасуоло ја удри несмасно топката со глава, а таа се одби од земја, па во статива и од таму на тацна кај Роналдо на сама гол линија.
Најголемиот заводник кој некогаш играл на Апенините не е ниту Виери, ниту Инзаги, ниту големиот Дејвид Бекам. Сите овие заедно му спушаат капа и му се поклонуваат на левоногиот центарфор кој играше речиси во сите клубови од Серија А.
По околу еден месец од стартот на најсилните европски лиги, Меси, Бензема, Нејмар, и Мбапе решетаат со по 4 гола, но има ликови кои уште не можат да погодат, како на пример Кристијано Роналдо кој треба да учи од еден голман, деветтолигаш.
Рикардо Кварезма овој месец ќе наполни 35, ама тоа не значи дека повеќе не е способен за тој пусти мајсторски удар кој никој не може да го изведе како него. Колегите од Бешикташ ги учеше на тренинг.
Еден од двајцата ко-сопственици на англискиот Вест Хем, Дејвид Голд им предложил на колегите од Премиер лига заедно да се откажат од услугите на агентите и сами да ги заклучуваат трансферите, без посредници.
По три изминати кола, Кристијано Роналдо го нема меѓу стрелците во Серија А, ама тоа не значи дека не привлекува внимание. Доволно е само да се појави на тренинг и да направи по некоја чудесија за која сега сите коментираат.
Пример како треба да изгледа едно студио во кое ќе се пренесуваат, коментираат и анализираат натпреварите од Лига на шампиони кои почнуваат во вторник и среда. Polsat Sport TV дами и господа:
На денешен ден пред точно 5 години, за Топџиите дебитираше човекот кој ако живее во Битола ќе го викаат „Асистенто“. Толку многу корисни топки во напад додели, што не може да му се избројат. Во сезоната 2014/2015 беше најдобар асистент (19), а првата ја направи за само 11 минути игра во дресот на Арсенал, наменета за Жиру.
Над 100 луѓе работат за да се приспособи и стокми сè како што треба за кам бекот на Црвена Звезда во ЛШ по 27 години. Следниот вторник, на 18-ти им гостува Наполи. Домаќините се во тесно со време, ама ветуваат дека ќе ги исполнат барањата на УЕФА. Прават простор од 500 квадрати за ВИП гости, кој претходно го немале, а прес центарот им е лепота.
Ралф Рањик, главниот тренер на РБ Лајпциг кој годинава ќе игра во Лига Европа, сфатил дека класичните казни никако не влијаат на играчите и просто се решил за други методи на казнување.
Оние што се кладат на Англичани, добро знаат дека по League Two, во билтените како понуда стојат и петта и шеста англиска лига именувана како National League. Па не е лошо да ве запознаеме со една приказна од тој нисколигашки фудбал каде претседателот е сè, од тренер до дизајнер.
Македонскиот репрезентативец минатата сезона не беше само едно просечно засилување во Леванте, туку златно дете со снајперски способности од слободен удар, стрелец на 9 гола и играч кој сега најмногу вреди во клубот.
Кога Кристијано Роналдо ќе се повлече од репрезентација Португалците нема да треба да се грижат за позицијата крилен напаѓач. Тука е 18 годишниот Педро Нето, кој важи за најголема надеж во Португалија. Додека Барселона го следеше, Лацио го лапна минатата сезона од Брага. Ова е неговата најнова соло мајсторија за У-20 против Чешка.
Некои лобови така знаат да бидат опасно изведени, што за голманите нема друго чаре, освен да се помират дека нема бранење. И тоа е ова е фудбалерКА од Ајакс на меч од Лига на шампиони против Спарта Прага. Секоја чест за ударов.
Има фудбалери кои цел живот шутираат од корнер директ во гол и не можат да погодат, а на малиов му успеа на 19 години. Зборуваме за Јанис Хаџи, син на славниот Георге Хаџи кој е најдобар стрелец во историјата на Романија. Малиов погоди на квалификациска средба против БиХ У21.
Другпат во обидите да направат нешто иновативно претеруваа па наидуваа на критики, ама последниов обид им е сосема океј. Ако ги занемариме циркусите бои, замислата им е фина.
Е така е тоа кога на некој му се паднало да брани и клупски и репрезентативни бои. Првите за плата, вторите за чест. Поголем број на натпревари, позгуснат распоред и поголем ризик за повреди. Секогаш страда по некој. Поплаките се од Серија А.
Како ретко кој во Европа, германските навивачи се борат против лошите појави фудбалот. Така еден навивач на Кајзерслаутерн смислил идеја како да се бори против казната на еден нивен фудбалер.
45 години не се баш ок за 11 на 11, ама за во сала се таман, особено за еден од најдобрите и најпрепознатливи бекови во историјата на бразилскиот фудбал. Каква само рутинирано заврши две акции. Браво царе.
Последното бразилско дерби донесе една возбудлива приказна за секој кој верува дека фудбалот не е само спорт. Во реалноста тоа е многу повеќе, особено со вакви упорни мајки.
Во пресрет на стартот на Лига на шампиони, претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис признал дека ама воопшто не му се допаѓа состојбата на стадионот „Сан Паоло“.