Фудбал

Марсело пак со Марсело трик

Ти му ја подаваш тој чуда прави со топката. Не бе не е тачен.

Дали веќе ја имаме фотографијата на Мундијалот?

Од лево на десно седат: Самуел Ето, Чави, Икер Касиљас, Карлес Пујол, (ќелавото не го знаеме), Диего Армандо Марадона и Роналдо. Тоа се тие ѕверови од три различни континенти на едно место, во ложата на Лужники во Москва.

Како се славеше победата на Русија во Москва

Русија - Саудиска Арабија 5:0, тоа видовме, ама не сте виделе кој сè славеше после по улици. Зема да свири бе, права навивачка.

Пукна петарда на стартот на Мундијалот

Домаќинот Русија го отвори Светското првенство како вистински газда со висока победа над Саудиска Арабија со 5:0. Ајде вака нека е со голови цел Мундијал.

Свечено отворен Мундијалот 2018 во Русија

Дојде и тој ден после четири години чекање, квалификации, борби, дуели, табели... Започна Светското првенство во фудбал.

Матео Ковачиќ ни даде добра причина да навиваме за Хрватска

Реал ѝ го украде на Шпанија селекторот Лопетеги а во меѓувреме фудбалерите на „кралскиот клуб“ даваа кратки пораки зошто би требале да навиваме за нивната земја.

Најлошото отворање на Светско првенство

Промашениот пенал на Роберто Баџо е симбол на САД 1994, ама не го промаши само он цел гол. Во минута и кусур ѕирнете го отворањето од тој Мундијал на кое легендарната пејачка Дајана Рос добива сосема погрешна задача. 

Колку беше лесна или тешка за предвидување групната фаза на СП 2014

Фаворитската улога не е гаранција за успех, туку победува оној кој ќе одигра подобро или ќе има повеќе среќа. Ако ви се избледени сеќавањата од пред четири години ќе ве потсетиме само како минаа Шпанија, Италија и Англија на прошлото Светско, а не дека и Хрватска и Португалија беа задоволни.

Стариот добар Џеј-Џеј Окоча прави шоу во Русија

За него еднаш Роналдињо кажа дека е единствениот кој имал повеќе дриблинзи од него. Нигериецот не направи којзнае колку богата кариера ама им остана во сеќавање на сите носталгичари кои ги поздравува од фан зоните во Москва.

Најсмелиот претседател на федерација кој го избрка селекторот пред Светско

Рубиалес во кариерата играл за неколку второлигаши а во еден момент сфатил дека повеќе му лежи да биде адвокат и менаџер по што тргнува во голем поход.

Германците овој пат во Русија дојдоа со подароци

На вториот ден по слетувањето во земјата домаќин на Мундијалот, Deutsche mannschaft го одржа првиот тренинг во базата Ватуники близу Москва и ги израдува присутните деца.

Додека некои голмани киснат по кафани, исландскиот е врвен режисер

Пред секој голем спортски настан Coca-Cola традиционално снима реклами поврзани со некоја од земјите учеснички. Исландското видео за Светско е врвно а го режирал голманот на оваа репрезентација.

12 правила по дома за време на Светското првенство

Жени вака сега или еве да не се налутат, невљубеници и невљубенички во фудбалот. Од денеска во следните месец дена планираме јако да се бетонираме пред телевизиор, а тоа значи целосно разбирање од ваша страна и повеќе празен простор во фрижидер за складирање на пиво. Почнува.

Историјата на Мундијалите во одлични 90 секунди

Уругвај, Италија, Германија, Бразил, Англија, Аргентина, Франција и Шпанија. Тоа се единствени осум земји кои од 1930-та до денес почувствуваа што значи да се освои златниот пехар на планетарниот фудбалски собир. Историскиот миг со сите досегашни прваци го имате во еден пресек.

Збор-два за секоја репрезентација на Светското

Дојде и тоа што го чекавме четири години. Месец дена ќе уживаме во најдобриот фудбал на светот. 32 репрезентации собрани на едно место ќе покажат што знаат. Да ги запознаеме.

Како Гундоган и Озил со слика со Ердоган ја разбудија германската десница

И покрај искрените обиди да објасни што се случило, Илкај Гундоган го исвиркуваше цела „Бај Арена“ во Леверкузен на последната проверка на Германија против Саудиска Арабија пред стартот на Светското. Високата десница бара укинување двојни државјанства.

Фернандо Јеро ќе ја води Шпанија на Светско првенство

Легендарниот капитен на Реал Мадрид кој неколку години работи во шпанската фудбалска федерација и официјално е назначен за заменик на сменетиот Хулен Лопетеги.

Топ 10 слободни удари во Шпанија: 1. Меси 2. Барди

Кој би рекол дека еден ден ќе има македонски репрезентативец во тесна листа на најатрактивни 10 голови од слободен удар во една од најквалитетните лиги во светот, Ла Лига. И тоа пазете не еден, туку два гола избрале од него и уште три од Меси. За Енис Барди се резервирани седма и втора позиција.

Утре почнува Светско, а Шпанија остана без селектор

Шок во таборот на шпанската репрезентација во пресрет на Мундијалот. Фудбалската федерација го отпушти Хулен Лопетеги од селекторската позиција, а за два дена играат против Европскиот првак.

Сочуствуваме со фудбалерот кој се повреди на 5 дена пред Светско

Се вика Франк Фабра и на Мундијалот во Русија требаше да биде стартен лев бек на репрезентацијата на Колумбија. Но на неколку дена пред летот за Русија тој ги скинал предните вкрстени лигаменти од левото колено и сонот му станал ноќна мора.

Како шпански новинар му постави прашање на Гризман на француски

Новинаров или отишол на прес конференција да се глупира или да се прави интересен со сила. Можеше фино лепо да го праша Гризман на јазикот што го зборува па да го чека одговорот од преведувач, ама не он со гугл транслејт ќе пробува преку мобилен и на крај остана без одговор.

Дешамп земи ги Зидан и Анри, уште се во форма

Светскиот шампион од 98-ма Франција одигра ревијален натпревар против тим на други легенди од тоа време. Зинедин Зидан и Анри и да сакаат не можеа да приредат појако фудбалско шоу.

Од цртање на улици за СП 2014, до настап на СП 2018

Габриел Жезус имаше 17 години, беше дел од школата на Палмеирас и како и многу други деца навиваше за својата земја, домаќин на Мундијалот и фарбаше надвор за да се почувствува корисен во таа фудбалска еуфорија. 

Да се случело ова на Балкан, ќе разберевме, ама во Австралија?

Фудбалската федерација на една толку уредена земја во која „тече мед и млеко“ не сакала да ги плаќа помошниците на селекторот Берт Ван Марвејк кој пред осум години стигна до финале на Светско првенство.