Фудбал

Нејмар оди види дали сум таму

Со голот на Фирмино во 92-ра минута Ливерпул синоќа го совлада ПСЖ, а во еден дуел еден на еден Мане тргна лево, а Нејмар за Бразил.

Енфилд Роуд го слави Фирмино во 92-ра минута, реми за Ѕвезда

Ливерпул и ПСЖ целосно го оправдаа епитетот дерби во првото коло од ЛШ, а англискиот тим го урна скапиот француски состав и му покажа зошто лани беше во финале. Галатасарај тргна победнички пред своите навивачи, а со полн плен од гости си заминаа Атлетико и Борусија. Немаше голови само на Маракана.

Маракана им се поклони на легендите од Бари

На околу 45 минути пред мечот меѓу Црвена Ѕвезда и Наполи, белградската публика ги поздрави јунаците кои се искачија на европскиот трон и го донесоа најголемиот клупски фудбалски успех во историјата на Југославија.

Феноменален волеј на Икарди и пресврт на Интер за 4 минути

Новата сезона во фудбалската ЛШ почна за мерак со 7 гола на првите две средби во новиот термин од 18:55. Фудбалерите на Интер се изборија за лудачки пресврт против Тотенхем кој имаше водство од 0:1 до 86-та минута. На Камп Ноу ПСВ настрада убедливо, а Меси постигна хет-трик..

Што издвои УЕФА од минатата сезона на Ливерпул

Екипата која ланска сезона беше страв и трепет за сите екипи во ЛШ се вика Ливерпул. Стигнаа до финале, но не успеаа да го минат силниот состав на Зидан. Ова се нивните најубави голови на сезоната во ЛШ според УЕФА. Вечерва од 21:00 ќе ги гледаме против ПСЖ. Какво дерби како за старт.

Како Наполи и олеснал на Ѕвезда да стане европски првак

27 години по европската титула, Црвена Ѕвезда вечерва се враќа на најголемата клупска европска сцена. На финалето во Бари 91-ва на пенали го совладаа Марсеј, а знае ли Илија Најдоски дека за малку на тој меч ќе го чувал фудбалерот по име Диего Армандо Марадона?

Да те видам најди објаснување за голов

Центарфорот на белгискиот клуб Унион Сент Жилоа, Јусуф Ниакате (25) на мечот против Розелар постигна два гола од кои за едниот нема разумно објаснување.

Бекот на Тотенхем кој на Сан Сиро стана напаѓачко откритие

Вечерашниот двобој во ЛШ меѓу Интер и Тотенхем, не врати на еден нивен дуел од пред 8 години, кој впрочем е и последен. Италијанскиот состав кој беше актуелен европски првак ги намачка на леб Англичаните за околу половина час игра, арно ама во второ видоа доста зорт.

Феноменален гол на палестинскиот Ибрахимовиќ

Махмуд Вади е центарфор на египетскиот Ал Масри кој на мечот од африканскиот Куп на Конфедерации против УСМ Алжир постигна страшен гол со пета.

Роналдо, Тоти, Меси и дедото од Лацио, тие се јунаците од прилика

На овој преубав ден на кој стартува новата сезона 2018/2019 од Лига на шампиони, одиме со најважните бројки од групната фаза на најелитното клупско европско натпреварување. Марко Балота уште никој не го стигнал.

На Милан му е пишано да има ќелав директор

32 години ќелавост. Италијанците го викаат amministratore delegato, функција која кај нас би можела да се преведе како извршен директор во клубот. Прво им беше легендарниот Адриано Галијани, потоа бледиот Марко Фасон,е за денес и официјално да објават дека од 1. декември AD ќе им биде Иван Газидис, богатиот акционер кој неодамна го напушти Арсенал. Пази случајност, и тој ќелав.

Турни ме да кинисам на големото бразилско дерби

На мечот Фламенго - Васко Да Гама фудбалерите мораа малку да „гурнат“ за амбулантското возило кое собра еден повреден играч да може да тргне.

Кажете драгичка, ЛШ почнува вечер

Со огромно нетрпение, радости и пиво во фрижидер го чекавме денешниов ден. Ќе ни треба само добро фудбалско друштво и линк на нет кој нема да сецка за да му се препуштиме на елитното уживање составено од 32 екипи кои ќе се борат за 1 трофеј во Мадрид на 1 јуни 2019-та. Во најавата за учесниците ќе ги видите и тројцата нашинци кои го имаат подигнато трофејот.

Најлудата одбрана на колото

Тешко беше викендов да си навивач на Лацио или Емполи, меч кој во финишот понуди класична стресна ситуација на двете страни. Лацио го доби гостувањето со 0:1, но во последите секунди од мечот можеше многу лесно да биде 1:1. Дали се свесни домаќините што промашија? Или што успеа да одбрани Стракоша?

Што човек ќе беше Канте, и на гости да го викнеш ќе ти дојде

Две години по ред ја освојува Премиер лигата, пред два месеци стана светски шампион, а најјакото кај него е што он по природа е шампион во душа. Нема друг фудбалер на светов кој се однесува вака едноставно. Фиќо старо 30 години да му дадеш ќе го вози низ град.

Олимпијакос испука топ од преку 30 метри

Викендов беше празник за очи кога се во прашање евроголовите. Да не знае човек што попрво да издвои. Од чудесниот потег на Ибра, волшебниот волеј на Паје, до овој брутален проектил на Мохамед Камара на мечот Олимпијакос - Астерас Триполис. 

Сериозни планови со Лига на нации која може да го засени Светското

УЕФА смислила супер-идеја, ама поголемата ФИФА не дозволила некој „да омрси брк“ без неа, па така Џани Инфантино и екипата им ја киднапирале идејата.

Даглас Коста заслужува драконска казна и ништо помалку

Бразилскиот репрезентативец пред крајот од мечот меѓу Јувентус и Сасуоло (2-1) директно во лице одблизу го плукна Федерико Ди Франческо. Судијата повика ВАР репетиција и без размислување му даде директен црвен картон на Даглас Коста кој утрово им се извини на сите навивачи на Јувентус и на соиграчите и управата.

Автоголот на сезоната падна од голман во Софија

Голманот на ЦСКА Софија, Литванецот Витаутас Черјнаускас сакаше да ја избие топката што подалеку во својот гол, но поради глупава грешка таа на крај заврши во неговиот гол. По негова среќа ЦСКА на крај победи 3:1 против Черно Море.

Што волеј ќе беше овој на Паје?

Олимпик Марсеј го декласираше Генгамп со 4 гола постигнати за 26 минути во вториот дел. Вториот на мечот е дело на Димитри Паје кој влегува во сериозна трка за гол на сезоната во Франција. Е-В-Р-О-Г-О-Л.

Најмладиот стрелец за Фенербахче по 1988-ма е Елмас

По Александар Трајковски, уште еден член на македонската репрезентација беше човек на одлука на првенствените викенд средби. Фенербахче славеше 0:1 на гостувањето против Коњаспор, а мечот го реши Елиф Елмас кој стигна до деби гол за турскиот гигант на официјален меч. Летоска стрелаше на пријателска против Феенорд.

Мајсторски гол на Трајковски од 25 метри

По две нерешени средби, фудбалерите на Палермо стигнаа до првите 3 бода во Серија Б, благодарение на Александар Трајковски. Напаѓачот на македонската репрезентација игра во одлична форма. Прво асистираше за израмнување, а по 8 минути направи целосен пресврт на гостувањето против Фоџа.

Не бе нетачен е овој Ибра

Лос Анџелес Галакси загуби 5:3 на гостувањето против Торонто, ама резултатот сега не е битен, туку Златан, впрочем како и секогаш. Нема друг фудбалер на планетава кој дава вакви голови. Ова е типична мајсторија и белег на неговата кариера. Уште нешто. Гол број 500 за Златан Ибрахимовиќ.

Гол на Роналдо за Јуве, ама втор за 15 минути

Четвртото коло од Серија А се покажа ептен бериќетно за Кристијано Роналдо. Никаде го немаше на првите три средби, ама затоа против Сасуоло му тргна со деби гол во 50-та минута и потоа уште еден во 65-та. Немаше стрелано 344 минути. Јувентус - Сасуоло конечни 2:1.