Фудбал

Германија првпат во историја не дала гол на три меча по ред

Репрезентацијата на Холандија со 3:0 ја згроми Германија, најави дека полека се враќа на голема сцена а воедно ја продлабочи кризата на Германците која почна пред Светското.

Шарко не лае на домашни

Мечот меѓу Унион Санта Фе и Гимназија Ла Плата во аргентинската Супер лига беше накратко прекинат откако едно куче реши да се испружи на теренот. Како и од каде влегло би требало да знаат редарите.

Да не беше одбранава на Донарума, Италијаните ќе се чешаа

По долгата серија без пораз во еден кризен период, незапамтен со децении, синоќа Аѕурите конечно заиграа добар фудбал и на гостувањето против Полска се извадија со победнички гол дури во 92-та минута. На дваесетина минути пред крај, Пољаците ја имаа шансата на мечот кога по една контра на Левандовски, Донарума спаси чист гол, а потоа Милик имаше локум топка, но ја опали над гол.

Таткото на Компани стана прв црномурен градоначалник во Белгија

Пјер Компани е нов градоначалник на бриселската општина Гансхорен. Таткото на капитенот на Белгија и Манчестер Сити на локалните избори бил кандидат на Хуманистичкиот демократски центар а на изборите победил со освоени 39% од вкупниот број гласови. Пјер воедно стана и првиот црномурен градоначалник во историјата на Белгија. Пред неколку години син му стана првиот црномурен лидер на фудбалската репрезентација.

Најголемата акробација во Лига на нации ја направи Литванец

Црногорците ја декласираа Литванија на гости во Лигата Ц со 1:4, а домаќините во финишот од средбата го постигнаа почесниот погодок, ако ништо друго барем за ќеиф на душата и уживање за публиката. Ножичките толку беа добри што се изначуди и еден од колегите кој му честиташе.

Македонија гази и игра како никогаш

Македонската фудбалска репрезентација ги меле противниците во групата од лигата Д и се повеќе се наметнува како сериозен кандидат за пласман на ЕП 2020. Вечерва на Филип Втори беше мераци да се гледа фудбал. Си ги работеа како сакаат.

Легендите од Крањ продефилираа на Филип Втори

На точно 25 години од одигрувањето на првиот меч од осамостојувањето, првата фудбалска селекција се собра за да го одбележи големиот јубилеј. Мечот од Лига на нации меѓу Македонија и Лихтенштајн се поклопи на ист датум. (13 октомври 1993 - 13 октомври 2018)

Акцииште на Пандев, Барди и Трајковски за 1:0

Македонската фудбалска ререзентација за 10 минути го тресна голот на Лихтенштајн. Момците на Ангеловски направија маестрална и брза акција. Хасани му ја даде на Барди, овој веднаш до Пандев кој на прва го најде Трајковски кој не греши од таква позиција. На гостите им се случи она „где је лопта“

Седиш на тераса и ги гледаш Модриќ, Хари Кејн, Хендерсон

Пред само три месеци Хрватска и Англија играа во полуфинале на Светско првенство пред крцати трибини на величествениот „Лужники“ во Москва, а синоќа играа пред пусти трибини на затворен стадион.

Салах постигна гол директно од корнер

Иако сè уште ја бара ланската форма, сепак на ѕвездата на Ливерпул не е дека воопшто не му работи левицата. Во квалификациите за Африканскиот Куп на нации, Египет го совлада Свазиланд со 4:1, а ремек делото е на Артим Наташа Мохамед Салах.

Мистичниот потег на Бејл

Дали проверува нешто со видот или е некој негов ритуал не се знае, ама Велшанецот одвреме-навреме го прави без дополнително објаснување.

Џон Тери пеачиште

На британското шоу „A league of their own“, поранешниот капитен на Челси и репрезентацијата на Англија ја испеа легендарната „Stand by me“ од Бен Кинг.

Колку јаки ножички му поништиле на Нестогол

Иле се врати во голгетерска форма и тоа токму пред двомечот на Македонија во Лига на нации, ама место да еден, можеби требаше да биде стрелец на два гола на последниот меч против Кротоне кој сам го реши. На својата Фејсбук страна објави еврогол под кој многу фанови му пишуваат дека немало офсајд.

Руските фудбалери во затвор, нема прогледување низ прсти

Двајцата повремени репрезентативци на Русија и познати фудбалери на Зенит и Краснодар добија двомесечен притвор додека трае судењето за страшните инциденти кои ги направија.

Белгијците во скандалот уапсија и поранешен македонски фудбалер

Скандалот со местење натпревари и финансиски малверзации кој ја потресе Белгија се проширува. Деветтиот приведен е Македонец, инаку менаџер на тренерот на Клуб Бриж, кој е исто така меѓу осомничените.

Бидна и тоа, Усеин Болт го постигна првиот гол како професионален фудбалер

Најбрзиот спринтер на светот имаше епизодни, повеќе комерцијални проби во Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд а дека сериозно сака професионално фудбал покажа во австралиски Централ Коуст Маринерс за кого го постигна првиот гол.

126 секунди Лука Модриќ

Во 2013-та кога Хрватот дојде во Реал Мадрид, навивачите на овој клуб беа скептици за тоа колку Модриќ може да пружи во „кралскиот клуб“. А Лука не само што пружи најмногу, туку и ја прекина епохалната доминација на Кристијано Роналдо и Лионел Меси во изборот за најдобар играч на годината  Освои 4 Лига на шампиони и ја доби 10-та на дресот (почна со 19-ка). Еве и зошто:

Сте виделе како Ирачанец посрамотува двајца Аргентинци?

Аргентина го совлада Ирак со 4:0, а извесен Башар Расан е можеби единствениот репрезентативец на Ирак кој може да се пофали дека исфрлил од игра двајца Аргентинци и тоа на ист начин, оној најсрамниот кроз нозе. Вториот е инаку Дибала. Резил.

Како успеа од таму да ја свитка во агол?

Иако на прв поглед пријателските асоцираат на неатрактивен фудбал каде селекторите прават експерименти со формации и нови играчи, тоа сепак не е правило. САД и Колумбија понудија голеада од конечни 2:4, а Хамес Родригез беше велемајстор на мал простор. Колку само е тежок овој гол од таква позиција.

Судија чист старт беше, на топка одев

Доживотна забрана за играње и 30 дена притвор за овој дивјачки старт кој не влегува во категорија фудбал. Овој изгледа му паѓа некој роднина на Нурмагомедов.

Свонси Сити или велшкиот Наполи

По 12 одиграни кола Свонси има 4 победи, 5 нерешени и 3 порази и со 17 освоени бода е на 11. место во Чемпионшип. На претходниот меч против Ипсвич одиграа акција слична на оние фуриозни напади на Наполи.

Купете си карта на време, не се буткајте на шалтер во 5 до 12

Од пуста желба веќе еднаш да го видиме Градски полн, како и да се врати малку онаа старата убава атмосфера кога се пееше, а не се дремеше на телефони, ќе се впуштиме во еден апел. Сметаме дека е корисен за гледачите, а фудбалерите тоа го заслужуваат повеќе од било кога.

Рано е Реал да го отпушта тренерот

Реал Мадрид не дал гол повеќе од 6 часа. Не победил ниту еднаш на последните 4 натпревари по ред и падна на 4. место на табелата во Ла Лига. За еден Реал ова е криза но ситуацијата лесно може да се објасни.

Како тоа паненка од слободен удар?

За паненка обично се решаваат мајсторите од пенал, ама оние најхрабрите, а дека можело тоа да се проба и од слободен удар докажаа во Мексико. Некако не е едноставно ова како што изгледа, веројатно бара многу тренинг.