Белгијците во скандалот уапсија и поранешен македонски фудбалер

Скандалот со местење натпревари и финансиски малверзации кој ја потресе Белгија се проширува. Деветтиот приведен е Македонец, инаку менаџер на тренерот на Клуб Бриж, кој е исто така меѓу осомничените.

Белгијците медиуми денеска информираа дека меѓу уапсените во скандалот е и Драган Сиљаноски.
 
Се работи за поранешен фудбалер на Антверпен, кој има настапувано и за Работнички, Победа, Напредок и Работнички.
 
44 годишниот македонски државјанин е осомничен дека членувал во криминална организација која се товари за криминал со финансиски малверзации при трансфери на фудбалери, потпкупување судии, рекетирање и местење натпревари.
 
 
Силјановски му е менаџер на тренерот на Клуб Бриж, Иван Леко кој беше прв повикан на сослушување, а потоа ослободен, како и на напаѓачот на Андерлехт Иван Сантини.
 
Во акцијата на белгијската полиција именувана како „чисти раце“ уапсен е и Србинот Дејан Вељковиќ, кој е еден од главните менаџери во белгијскиот фудбал каде застапува многу фудбалери и тренери.
 
Покрај Силјаноски и Вељковиќ уапсени и менаџерот Моги Бајат, неговиот помошник Лорен Денис, менаџерот Карим Мехати, двајца директори на Мехелен, како и еден судија.
 

Хрватски 24 часа побара мислење за овој скандал од нашата легенда Џаро.
„Во Белгија се местат најмногу натпревари во Европа, затоа што таму има најмногу фудбалери од поранешна Југославија. Тоа го зборував уште пред десет години. Никаде не се мести до тој степен како во Белгија. Кога Стандард загуби од Зулте Варегем, „рикна“ цела обложувачка Европа“.

„Каде што се Србите и Хрватите таму има најмногу местенки. И јас работев и местев натпревари со Хрвати, видете, белгијската полиција ја прислушува цела Европа, имаат такви софистицирани методи против местенките, со тоа што ако веќе ги издвоија Леко и Вељковиќ, сигурен сум дека тие двајца имаат некакви информации со местенките“ вели Џаровски.

Македонскиот менаџер посредувал за трансфери на многу наши фудбалери кои заиграа во Белгија. Меѓу нив и оние на Томе Пачовски и Иван Тричковски.

12 октомври 2018 - 12:53