Фудбал

Уште осум победи и Јувентус е шампион на Италија

На 14 кола до крајот на сезоната во Серија А, Бјанконерите веќе ја имаат направено математиката за освојување на нова осма титула по ред. Осма. Како тргнале, изгледа треба да паузираат некоја година со неиграње за да гледаме неизвесност.

Човекот кој избегна паѓање од мостот Моранди во Џенова, го урна Лацио

Некогашниот италијански репрезентативен бек Доменико Мимо Кришито ја привршува својата фудбалска кариера во Џенова каде уште игра на ниво како пред 10 години.

Добро ти глуп си или што е работава?

Голманот не е крив, туку тоа 6-ка која треба да јаде чврги. Ја гледа топката и се шетка лабаво, како да е на пазар. Се работи за полскиот прволигаш Заглембе Лубин.

Верувајте, италијанската трета лига не е ништо поарна од нашата

Играле Кунео и Про Пјаченца. Гостите дошле само со 7 играчи и сите седморица имале 16 и 19 години. Дошле без тренер. На крајот Кунео ги  совладал со 20-0 ама цела Италија им честита на децата од Пјаченца кои дошле машки да одиграат.

Неверојатен гол падна во Унгарија за победа во 93-та минута

До 93’ минута од судиското продолжение резултатот на мечот Дебрецен - Ференцварош беше 1-1. И тогаш на сцена стапува 18-годишниот Даниел Жори кој дебитира за клубот, го игра првиот меч и го дава најубавиот гол на сезоната можеби во цела Европа.

Фантастичен гол на Жињак

Францускиот центарфор Пјер-Андре Жињак растура во мексиканскиот фудбал. Синоќа на мечот кој неговиот Тигрес го доби со 3-2 против Некакса, постигна два гола од кои едниот беше лудница од погодок.

Мајсторски голови на Пјонтек и Чалханоглу

Кшиштов Пјонтек растура за Милан и само на првите четири средби стигна до 6 голови. Милан синоќа освои многу важни три бода на гостувањето против Аталанта која ја доби со пресврт (1:3). Два гола даде Пољакот, едниот страшно добар од многу тешка позиција, а не е за потценување ниту шајката на Турчинот.

Принципиелните потези кои Марота ги повлече во Интер

Можеби некој ќе сака да го оспори, но резултатите се на негова страна. Откако Џузепе Марота стана спортски директор на Интер не може повеќе главен да биде Икарди или таа плавата што секој ден се прчи со голи газови и истовремено дели ум за фудбал пошто му е менаџерка.

Кам бек на Нестогол со гол на асистенција на Алекс

Само 4 минути му требаа на Илија Несторовски да биде во терен за да се врати на голгетерските патеки. По отсуството поради повреда, капитенот на Палермо влезе во игра во 75-та минута, а во 79-та го отвори резултатот против Бреша на асистенција на Трајковски од корнер. Гостите сепак успеаа да израмнат во 92-ра за 1:1 и да ги симнат од тронот. Сицилијанците сега имаат 42 бода, еден помалку од Бреша.

Тренеру, што точно значи ова?

Синоќа на првиот меч од нокаут фазата во Лига Европа меѓу Краснодар и Баер Леверкузен (0:0), во 80’ минута во игра влезе гостинскиот фудбалер Луис Аларио, а тренерот од Холандија Петер Бош имаше што да му каже.

Најновиот хотел на Кристијано Роналдо

Мега ѕвездата со нето годишна плата од 30 милиони евра за кој се претпоставува дека со се маркетинг прави 100 милиони годишно, отвори хотел во градот Маракеш во Мароко. Глупаво е да набројуваме што сè има во оваа чудесија, само ќе кажеме дека капацитетот му е 174 соби, а ноќевање е 200 евра.

Човекот кој му донесе Лига на шампиони на Интер, сега прави револуција во Аргентина

Легендарниот напаѓач кој со Пандев и соиграчите на Интер му донесоа тројна круна, сега за првпат во Аргентина имплементира систем кој го научил во Европа. Веќе нема непланско трошење и дива лига.

Колку пари лапаат италијанските судии

Да кажеш дека е исплатливо да си судија во Серија А е благ збор. Прво затоа што судиите обично имаат друга редовна работа и второ затоа што ова им е тезга од која огромни се шансите да заработат повеќе за 90 минути, отколку секој ден на работа од 8 до 16.

10 најголеми скандали на Марадона во последните година дена

Избувлив каков го дале, Диего не пропушта прилика да прави циркуси и во фаца да им плеска сè на костумосаните раководители кои според него недоволно ги почитуваат старите легенди.

Фудбалер на Црвена Ѕвезда во ист ден добил две деца од две различни жени

Не дека вчера беше Валентајн па сега копаме љубовни приказни, туку случајно налетавме на една шпанска серија. Односно тука нема ништо шпанско, во игра се Холанѓанец кој игра во Србија и две Русинки. Мајкиве сè раскажаа на тв, а татково се прави на Тошо.

Рускиот репрезентативец кој одигра партија фудбал во затвор

Павел Мамаев (30) долго време важеше за еден од најнадежните руски фудбалери, но колку имаше голем талент толку имаше и проблем со главата.

Бројки за БАТЕ од кои Арсенал треба многу да се срами

БАТЕ Борисов го гледавме на Градски за 100-ка во 2012-та кога го елиминираше Вардар во квалификации за ЛШ. Имаат тим кој не вреди ни пола од неделната плата на Озил, а ги победија. Бруки брукосани. Ако не ги тепаат дома минимум 2:0 нека се убијат.

Добро искористени корнери, нема што

Колку треба да си очаен за да изгубиш од БАТЕ Борисов, а се викаш Арсенал најдобар показател се овие два корнери кој од кој полош. Прво Џака лошо нафрли, а потоа Колашинац бетер. Па набаци во шеснаесетник бе, кај ја даваш таму? Очај.

No pyro no party

И покрај ригорозниот правилник на УЕФА на стадион да не смее да се пали пиротехника, навивачите на Малме синоќа пред стартот на мечот со Челси направија фешта.

Да се потсетиме на најочајниот фудбалер за Валентајн

Јаник Боласие од Евертон не пиша ништо дали синоќа го славел денот на вљубените, ама кога пиша пред седум години беше малер на колото. А се имаше потрудено човекот.

Ќе ти остине омлетот додека се поздравиш со сите

Мамаду Сако од Кристал Палас се симнува последен на појадок и додека да седне ручек ќе фати. Мора со сите да се поздрави, ама цел ритуал кој мора и тие да го знаат.

Лоша вечер за Македонците во Лига Европа

Стефан Ристовски и Аријан Адеми со порази ги завршија првите нокаут средби од ЛЕ. Динамо Загреб и покрај водството загуби 2:1 на гости од Викторија Плзен, а Спортинг беше поразен дома од Виљареал со гол во 3 минута. Адеми играше 90 минути, а Рики влезе во 27-ма минута откако се повреди Бруно Гаспар.

Од каде ја извади таа левица?

Покрај мајсторијата на Жиру со петица, доста фино голче, односно голчиште за издвојување од ЛЕ е и оваа бомба на Жил Диас од Олимпијакос на средбата со Динамо Киев.

Мангупски гол на Жиру

Еден од најатрактивните голови на вечерашните нокаут средби од Лига Европа, дефинитивно е оној на Оливие Жиру кој во 58-ма минута зголеми на 0:2 за Челси на гостувањето против Малме.