Фудбал

Плејмејкерот на Лацио кој за да се докаже поминувал 230км дневно од дома до тренинг

Мечот од Лига Европа меѓу Лацио и Севиља ќе предизвика многу емоции кај Луис Алберто. Ќе се судрат неговата сегашност против минатото во кое правел големи жртви како дете само за да успее како фудбалер.

ПСЖ потпиша со 11-годишниот Килијан Мбапе, баш така се вика малиот

Додека најдобриот млад напаѓач на светот Килијан Мбапе ја отвори вратата на ПСЖ за четвртфиналето во ЛШ, клубот во исто време во академијата донесе уште еден Килијан Мбапе.

Спектакуларна атмосфера пред мечот Ајакс - Реал

Иако и самата химна кога ќе згрми во пакет со знамето кое го тресат децата е стандарден чин за уживање пред секој меч во ЛШ, Ајакс реши да организира нешто плус, како да играат финале. На Јохан Кројф арената гостуваше славниот виолинист Андре Руи кој е инаку Холанѓанец. Го свиреше „Хорот на Евреите“ најпознатиот дел од операта Набуко. Грмеше стадионот, преубаво.

А сте виделе ли Лукаку како дрибла?

Ако не сте виделе, мора да видите. Ова е уметност и не го може секој. Работава идол ми беше Роналдо да Лима, ама немам ни Р од Роналдо.

Уште два многу спорни поништени голови на Ајакс

Ако синоќешниот поништен гол на Ајакс е контроверзен и денес излегоа различни ставови, пазете го вие ова во 2011-та. Две многу тешки ситуации на мечот Ајакс - Реал, печени за ВАР. На вториот се гледа дека раката малце му штрчи, а според правилата таа не влегува во офсајд бидејќи не смееш со неа да дадеш гол. Ништо чудно и двата гола да се регуларни.

Тренерот на Борусија не се ракувал со Почетино поради грип

Синоќа по првото полувреме без голови на „Вембли“, во вториот дел Тотенхем со 3:0 ја испраши Борусија Дортмунд и веројатно обезбеди пласман во четвртфиналето.

Твит на денот на германското МНР

Во осминафиналето од Лигата на шампионите дури три дуели се меѓу англиски и германски екипи: Тотенхем - Борусија, Ливерпул - Баерн Минхен и Шалке - Манчестер Сити. По тој повод германското министерство за надворешни работи твитна: „Драги Британци, ние ве сакаме... Ама во осминафиналето од Лига на шампиони сме за снажен Брегзит, без задршка“.

Што би рекле Битолчани, ја љуфна

Голманот на Ајакс има 22 години. Ја поминал школата на Барселона како мал, а во Ајакс е веќе трета сезона. Брани за репрезентацијата на Камерун. Синоќа против Реал имаше неколку добри интервенции, ама и една утка по вина на фрлено шише Хајнекен на теренот.

Што мислите за првиот гол поништен со ВАР во Лига на шампиони?

Уште на втората осминафинална вечер во Лига на шампиони каде за првпат во историјата почна да се користи ВАР системот, имаше спорен момент.

Реал го скроти Ајакс во Амстердам, Тотенхем убедлив против Борусија

По одлична партија на Дортмунд и Ајакс во првите 45 минути, во вториот дел овие два тима беа надиграни и совладани од Тотенхем, односно Реал Мадрид.

Реал vs Ајакс, акција правење бавчи

Во пресрет на нивната вечерашна битка, се враќаме на една убиствена контра на Роналдо и другарите во која егзекутор е токму Роналдо. Колку брзо и прецизно пренесување на топка, како и билијард потег на дуото Бензема - Роналдо. Плус на прва ја изиграа. Ова е сезона 2011/2012.

Јувентус треба да држи лекции за трансфер политика

Да купиш стандарден првотимец од Арсенал на 28 години, најзрели за фудбалер, треба стварно да си доктор за трансфери. Па што има тука посебно? Епа гратис го земаа, а да е само тој.

Што има врска тренерот на ПСЖ со Мира Дизел?

Напишавме статија за фудбалскиот пат на Томас Тухел, ден откако успеа да му ја прекине серијата од 11 меча без пораз на Оле Гунар Солскјер. Значи статија која е дел од спортската рубрука Офсајд. И имаш вакви коментари:

Од каде толкава омраза меѓу Ди Марија и Манчестер Јунајтед?

Додека играше за Јунајтед, Анхел немал никакви искри ниту конфликт со навивачите. Зошто толку многу синоќа го навредуваа, свиреа а тој ги пцуеше како најголеми душмани?

За што најмногу Манџукиќ го нервирал Џеко кога играле заедно

Балканци, соседи, врсници и белег на своите репрезентации. Можеби ви личат на исти ков на напаѓачи, ама различни се, затоа и можело колку толку да бидат тандем во напад. Кај може вакви ликови да не се реметат, па ако треба и за јадење, што со што иде.

Го потопи Манчестер, а пред 20 години работел како шанкер и гланцал кригли

Она што го поминал Германецот Томас Тухел дефинитивно заслужува сценарио за филм. Да стане тренер поминал трнлив пат и никогаш не се откажал. Најголема поддршка му била девојката Сиси.

Се гледа дека ова го вежбале на тренинг

Ви ја претставуваме најлошата уиграна шема од слободен удар, ама најлошата. Нас ни е глупо што го видовме ова, а можете да замислите како му е на тренерот. 100% отказ си дал на сред утакмица.

Ешли Јанг го бутна Ди Марија до Париз

Анхел Ди Марија кој во сезоната 2014/2015 беше член на Манчестер Јунајтед, немаше добар пречек ни од играчите, ни од навивачите на Олд Трафорд. А ниту па остави некој впечаток, а го платија еден куп пари.

Ди Марија дрмна пивце кај корнерот

Аргентинецот кој имаше неуспешна авантура во Манчестер Јунајтед, беше на удар на домашните навивачи кој секој некој контакт со топката го пратеа со свирежи. Во еден момент го гаѓаа со сè и сешто, а тој глумеше дека пие од пивото кое му го фрлија.

ПСЖ ја прекина бајката на Солскјер, Рома со 2-1 оди во Порто

Апсолутна доминација на Килијан Мбапе и компанија на „Олд Трафорд“. Парижаните со една нога се во четвртфинале. Рома на „Олимпико“ на крилата на најмладиот Италијанец кој постигнал два гола во ЛШ го совлада Порто со 2:1.

Убавината на Лига на шампиони

Не постои фанатик за фудбал кој не се радува што вечерва и утре ќе се гледа ЛШ. Натпреварување кое знае да извади сè и сешто од богатата архива, па дури и дуел во кој Џон О`ши го дрибла Луис Фиго. Значи да повториме Џон О`ши го прави мајмун Луис Фиго. Не се брише ова од меморија.

Кога Турам за прв гледал како игра Сидорф

Точно е дека најголемата слава и успеси ги направи со Милан, а во Интер успех му беше тоа што “ја позајми“ на една вечер девојката на Роналдо. Ама овој човек во Милан дојде како печен играч со врвни успеси, остварени во Реал Мадрид, а претходно во Ајакс.

Што прави Бендтнер во домашен притвор?

На Никлас Бендтнер кој доби 50 дена домашен притвор поради напад врз таксист, многу му е тешко. Како ќе издржи човекот дома вака стварно не ни е јасно. Да го жали човек.