Ако не сте знаеле или заборавиле Марио Манџукиќ и Един Џеко играа заедно за Волфсбург во сезоната 2010/2011. Џеко имаше предност и беше стартер бидејќи имаше стаж во клубот од 2007-ма, а Манкуџиќ дојде во 2010-та.
Иако и двајцата се стапови во напад, Хрватот со 190, а Босанецот со 193 см сепак не се баш исти како што во изгледаат. Марио е физички посилен и голем работник на терен кој игра за тимот, а Един е повеќе голгетер со убиствен финиш.
Како и да е и двајцата спаѓаат во висока класа на напаѓачи кои до својата 32 година направија кариера во врвни екипи.
Марио Манџукиќ раскажува една анегдота од времето кога играле заедно во Бундеслигата. Погледне како Балканец држи цврст став и се нервира за суштински проблеми од животот. Ова ти е исто како на келнер во Велес да му речеш дај ми пастрмајлија без јајца и пастрма.
„Додека играв во Волфсбург му реков на Џеко дека најмногу сакам босански бурек со сирење. Стана, почна да ми се дере и да галами. Толку се налути што во еден момент мислев дека ќе ми ја учука една. Во Босна е навреда ако рече “бурек со“, постои само еден и единствен бурек, а тоа е со месо“.
Ете тоа биле маките на Марио со Един кој го погодил во срце и кој да можел ќе му извадел бурек во моментот, кој само вака може да изгледа со сирење.
Овие двајца мераклии за бурек потоа се разделија и направија јаки трансфер. Џеко во Манчестер Сити, а Манџукиќ во Баерн Минхен. И ете ги веќе четири години играат еден против друг во Серија А во дресовите на Рома и Јуве.
Манџо во Италија освои 7 трофеи, а Џеко 0, па ете му нова инспирација за да го дупчи.