Фудбал

Што прави Салах додека трае паузата во Премиер?

Едно видео на интернет ги изнасмеа сите, па дури и легендарниот Икер Касиљас.

Руни со волеј до британските власти: Нè третирате ко морски прасиња

Вејн Руни ретко се огласува на нефудбалски теми, но ситуацијата со коронавирусот го натерала да распали по актуелната влада. Напиша колумна за The Sunday Times.

Штета што се играше без публика па немаше кој да го види голов

Изминатиов викенд се одиграа првенствени средби само во некои лиги. Турците уште тераат нормално, само без гледачи. Денизлиспор го победи Генчлербирлиги со спектакуларен гол на Хуго Родаљега.

Како македонските напаѓачи разбиваат монотонија по дома

Фудбалерите смислија предизвик кој почнаа да го шират од дома за време на карантинот. Го практикуваат многу играчи, а конкретно овој се однесува на напаѓачите. Кај нашите го почна Нестор.

Што сум ти згрешил бе мајсторе?

Руското првенство е едно од малкуте кои преостанаа да се играат во Европа. Битките со короната не знаеме како ги водат, ама овие на терен како да ви кажеме. Ова е од мечот Ростов - Локомотив Москва и замислете помина само со жолт картот. Коментаторот не можеше да се доначуди.

Роналдо ги приспособува своите хотели за болници

Кристијано Роналдо го потврди својот голем интерес за општеството и одлучи да го конвертира ланецот на хотели во Португалија во болници со цел да помогне во борбата против ширење на коронавирусот, пишува Marca.

Сампдорија најпогодена екипа од коронавирусот

Како најголемо жариште од коронавирус во Европа, во Италија има повеќе од 17.000 заболени, а меѓу нив и неколку фудбалери. Најпогоден е клуб од Џенова.

Во меѓувреме одиме во Парагвај

Односно кај дечкото за кој уште некако не ни влага во глава дека се наоѓа во затвор во Парагвај. И таму игра фудбал, ама за прасечко, а ова е дел од неговиот пост фудбалски живот на слобода.

Роналдињо збрцал 5 гола во затвор и за награда добил прасе

Не дека за фалење е ова од насловот, пазете за Роналдињо зборуваме, ама овие што играле од негова има да се фалат додека се живи. Знаеш ли со кој играв фудбал во иста екипа во затвор? Со кого? Со Роналдињо. Е како не?

На Марио Геце изгледа му е досадно по дома

Ова сега почнува, а Бундеслига вчера одлучија да ја сопрат, така што назад ни е зимата друже, односно пролетта. Али добро, ти си знаеш.

Убави спомени за вардарци од едно гол шоу на Градски

Додека да пофатиме кој сè го стопира спортот во светот и кој се разболел, ни избега едно доста убаво и атрактивно парче видео кое вчера направи 7 години од своето постоење. За жал и тогаш стадионот како да бил под мерки поради вирус.

Пеналот на Волфсбург и шут во орбитата

Во Лига Европа синоќа се одиграа неколку натпревари од Лига Европа а две средби и покрај сите препораки, се одиграа со публика: во Турција и во Шкотска. А во Германија на мечот Волфсбург - Шахтјор (1:2), два промашени пенали уште во прво полувреме. Прво гостите, па домаќините преку Вегхорст.

На овие не им треба вирус за прекин, судија подели 8 црвени картони

Додека во Европа спортот се стиши, во Јужна Америка фудбал се игра па и топови да бијат. Еден меч од Копа Либертадорес донесе дури 8 црвени картони и масовна тепачка на терен.

Голов корона да не има?

Со овие 10 секунди сакаме да ве известиме дека пред да престане фудбалот, како клуб донесовме одлука на пауза да одиме без примен гол. Зад одлуката стојат голманот, играчите, стативите. Точка.

Л’Екип: УЕФА размислува за нереални решенија за Лига на шампиони и ЛЕ

Пандемијата со Ковид-19 покрена лавина масовни откажувања на спортски настани, па така на прсти може да се набројат првенствата кои ќе се обидат, без публика, да тераат по свое.

Србите, Турците, Германците, Русите не прекинуваат со фудбал

И покрај тоа што во Србија до денес на пладне се регистрирани 31 случаи позитивни на Ковид-19, српската влада долго време беше на ставот да нема публика само во затворени места (сали), а попладнево одлучи да се игра и фудбал без гледачи.

Толку беше и од ЛШ и од ЛЕ

Короната го покоси и спортот. Секој ден се откажуваат национални првенства и еве ги на ред дојдоа и двете клупски меѓународни за кои УЕФА молчеше и не носеше одлука.

Со видео порака се огласи позитивно тестираниот фудбалер на Челси

Калум Хадсон-Одои, дете од школата на Челси и еден од фудбалерите кои одлично играа сезонава, бил позитивно тестиран на новиот вирус. Се огласи со порака.

Локум топка е таа, а ти си напаѓач

Од шест одиграни нокаут средби во ЛЕ, како домаќин победи само Истанбул Башакшехир 1:0 против Копенхаген. Вистината е дека требало да биде 2:0, а тоа ќе го сфатите откако ќе ја видите шансата на Демба Ба.

Мангупарија на Игало на асистенција на Бруно

Манчестер Јунајтед го потопи Ласк на гости со 0:5 во топ 16 фазата од ЛЕ, а во центарот на вниманието е блесокот на новите две засилувања. Едниот асистираше атрактивно, другиот си поигруваше со топка по што ја закуца душмански.

Кај Симеоне дома на 2:3

На Ливерпул, ваков како што е опасен и полетен со Клоп и плус бранител на европската титула, да му одиш на гости, да губиш 2:0, а потоа да му пикнеш 3 комада во продолженија, треба стварно да си мангупиште. Чоло синоќа беше, а дома имаше џумбус кој го снимаше жена му.

Малку кој слушнал за него, а сега стана адут од ракав кој го сруши Ливерпул

Кога во 56’ минута од реваншот Ливерпул - Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го извади Диего Коста и го стави малку познатиот Маркос Љоренте, никој не можеше да претпостави што ќе се случи.

Диего Коста им кашлаше на новинарите да се шегачи со вирусот

Одамна знаеме дека има моронски испади, така што вакво нешто од центарфорот на Атлетико Мадрид може да ги изненади само неупатените.