Синоќа на Енфилд Роуд за 120 минути фудбал видовме сè и сешто. А пред почетокот на мечот Јирген Клоп не можеше да им се начуди на гледачите кои му пружаа рака да се поздрават, иако препораките од надлежните власти се дури и да нема публика и стадионите да бидат затворени.
Ако не сте знаеле Емануел Адебајор од пред месец дена игра во Парагвај. 36 годишниот напаѓач како ѕвезда од Премиер лигата на доста фин и културен начин им се претстави на Јужноамериканците.
ПСЖ синоќа ја совлада Борусија Дортмунд со 2:0 и со тоа обезбеди пласман во осминафиналето на ЛШ. Мечот се играше без публика поради страв од ширење на коронавирусот, но мерките за кого како.
Бразилецот покажа зошто важи за еден од најскапите фудбалери на планетата. Одигра маестрално против Дортмунд во реваншот и беше главен творец на триумфот од 2:0 кој го однесе Пари Сен Жермен во четвртфиналето на ЛШ. Кога даде гол за 1:0 го имитираше Ерлинг Халанд со неговата прослава на гол од првиот меч.
Во услови кога прво владее вирус поради кој е комплицирано да се патува и второ, ни наближува историски меч кој се распродаде за три дена, а потоа забранија да се игра со публика, нема логика ни да се игра месецов. Во тоа се сложни и репрезентативците на чело со селекторот.
Ливерпул вечерва го пречекува Атлетико Мадрид во реванш осминафиналето од ЛШ, а Јирген Клоп доби прашање за короната за која веќе изјави дека нејќе да го замараат, бидејќи тој не е стручен да зборува за тоа. Аргентински новинар кој пристигнал во Ливерпул од Мадрид го прашува стратегот на Ливерпул:
Репрезентативецот на Словенија стана првиот играч во историјата кој постигнал 4 гола на гости во Лига на шампиони. По 4 даваа Меси (два пати), Марио Гомез и Роберт Левандовски, ама сите дома.
Пред неколку дена претседателот на Јувентус директно и отворено го омаловажи клубот кој според него спаѓа во онаа категорија клубови кои после само една одлична сезона, веднаш стекнуваат право да играат во Лига на шампиони. Тоа било неправедно.
Нов меч, нова неверојатна историја за фудбалерите на Аталанта кои годинава се херои во Лига на шампиони. Уште во деби сезоната се изборија за нокаут фаза, па уште и ја минаа осминафиналната пречка и влегоа во топ 8 во Европа и тоа со постигнати 8 гола во двомечот со Валенсија.
Во сенка на глобалната хистерија околу коронавирусот, вечерва се одиграа првите реванши од 1/8 финале на ЛШ. Аталанта ѝ даде 4 гола на Валенсија, феноменалниот Иличиќ со 5 гола во двомечот.
Денешните најнови мерки за заштита од вирусот и официјално спречија да има публика на мечот Македонија – Косово. Но под голем знак прашалник е дали воопшто ќе има фудбал на Градски на 26 март.
Контроверзниот грчки бизнисмен, Евангелос Маринакис, сопственик на фудбалските клубови Нотингем Форест и Олимпијакос од Пиреја, соопшти дека е заразен од коронавирус.
Сме играле и играме фудбалче по балони, ама вакви нинџи во екипа сме немале. Голманот не мрдна, а тој од негова за глава се држеше. По колку е од човек за терминов? По 150че, ама ти не треба да плаќаш, ние ќе ти плаќаме за цела сезона, само ти играј од наша.
Бин Ладен, Стив Џобс, Гадафи, Витни Хјустон, Кит Флинт од Продиџи, Робин Вилијамс, Дејвид Боуви...и уште ред други славни личности му ги накалемија дека “ги умрел“ откако ќе дадеше гол за Арсенал. Сега го реметат дека баксуз бил и за италијанско.
Управителот на притворската единица во Националниот затвор во Асунсион, главниот град на Парагвај, изјавил дека прават сè што можат за на Роналдињо и брат му Роберто Азис да им биде комфорно и безбедно.
Велез Сарсфилд со 0:3 го декласираше Унион во најдобрата аргентинска лига. Вториот гол го даде Лукас Робертоне, сигурно најубав во неговата досегашна кариера.
Ситуацијата во италијанско е ептен трудна. До крај има 12 кола, ама и кнап време за да се доиграат, бидејќи италијанската влада го стопираше првенството до 3 април, а на 12 јуни почнува Европско. Една од трите опции е воопшто и да не се одигра и да нема првак.
Некогашниот член на славната генерација романски фудбалери Дан Петреску е тренер на Клуж, првопласираната екипа во романското првенсто. Синоќа на мечот против Газ Метан Медијашу, Петреску го навлече гневот на целата јавност.
Пред 10 години, на 9 март, холандскиот велемајстор постигна фантастичен погодок за Баерн Минхен против Фиорентина на гости во Лига на шампиони. Мечот заврши 3:2 за Италијанците, ама Баерн отиде понатаму поради повеќе голови на гости.