Ти му викаш без навивачи се игра, а тој им се фрли

ПСЖ синоќа ја совлада Борусија Дортмунд со 2:0 и со тоа обезбеди пласман во осминафиналето на ЛШ. Мечот се играше без публика поради страв од ширење на коронавирусот, но мерките за кого како.

Бекот Курзава се измеша да слави со навивачите кои го гушкаа и бацуваа. 

Да беше само тоа. Навивачите на ПСЖ не можеа да се помират што добија забрана за на стадион, па решија во огромна бројка да ги бодрат играчите од пред стадион.

По мечот се создаде огромна еуфорија како да освоиле ЛШ, а во славјето им се приклучија и играчите, ама не како Курзава, туку од дистанца.

Инаку Нејмар го имитираше Халанд за прославата на голот на првиот меч, а потоа душа му извадија.

Вака беше на стадион

12 март 2020 - 08:31