Даниеле Ругани е официјално првиот фудбалер позитивен на новиот вирус во Серија А, вирус за кој СЗО во средата вечер прогласи пандемија.
Претходно имаше 2 случаи на коронавирус во италијанскиот фудбал, во третатра лига Серија Ц во клубот Пјанезе и во Реџо Аудаче.
Јувентус во неделата го пречека Интер пред затворени врати, без публика, а Ругани остана на клупата и бил во соблекувалната со сосиграчите.
Сега, Јувентус соопшти дека целиот тим, заедно со стручниот штаб и сите лица вработени околу тимот одат во карантин и ги преземаат сите мерки за изолација.
Во овој момент нема реални шанси да се одигра реванш мечот со Лион во 1/8 финалето на Лига на шампиони следната недела.
Даниеле Ругани, дефанзивецот од Тоскана постојано бил со екипата на Маурицио Сари, регуларно тренирал и не го пропуштал тренажниот процес со колегите. Кристијано Роналдо, соиграч на Ругани, се наоѓа во Португалија во неговата Мадеира каде го следи развојот на здравствената ситуација со мајка му, која неодамна имала мозочен удар. Најверојатно и од него португалските власти ќе побараат да оди во карантин.