Фудбал

Остави ги Нејмар и Мбапе, гледај го голот на Паје

Додека ПСЖ веќе се спрема како ќе го отвара шампањското за прослава на титулата, не смее да се заборави на лудата низа на Олимпик Марсеј кој нема пораз на 16 меча во сите натпреварувања. Синоќа со 1-0 го совладаа Тулуз а човекот кој им донесе 9+ бода предност во однос на третопласираниот Рен е Димитри Паје.

Дриблинг на месецот од Корона

Во мега дербито на португалскиот фудбал, Порто и Бенфика постигнаа вкупно 5 гола, а на крајот се радуваа „змејовите“ од Драгао кои победија 3:2. Еден од најубавите моменти на мечот беше кога десниот бек на Порто Хезус Корона го шекна Оливеира со неколку дриблинзи.

Маурицио Сари, поздрав од Емре Чан

На буквално пар дена откако дојде од Јувентус, германскиот репрезентативец Емре Чан постигна страшен гол за Борусија Дортмунд. „Милионерите“ гостуваа кај Баер Леверкузен и мечот беше најдобар одигран сезонава во Бундеслига. Заврши 4-3 за домаќинот а Емре Чан постигна страшен гол.

Како бе успеа чорапата да ја заборавиш?

Не веруваме дека Карло Анчелоти видел ваков бисер во 25 години тренерска кариера. Волкот му се повредува и се одлучува да го замени со Џибрил Сидибе. Арно ама четвртиот судија му сигнализираше недостиг во спортската опрема. Чаре? Трк во соблекувална.

Капитулација на Јуве во Верона за 10 минути

Фудбалерите на Наполи и Верона ја зголемија неизвесноста за Скудетото бидејќи и двете екипи успеаа да го совладаат актуелниот шампион на Италија и тоа на два од последните три нивни натпревари.

Каков гениј беше Џанфранко Ѕола

Тешко е да им се долови на помладите славниот италијанскиот напаѓач кој се повлече од фудбалот како играч на Каљари пред 15 години. Со Наполи освои Скудето во 1990-та во друштво на Марадона, а во 2003-та беше изгласан за најдобар играч во историјата на Челси.

Лукаку ја нападна Георгина пред Роналдо

Сан Ремо е спектакл, а оваа година две вечери по ред го зачинија со спортски ѕвезди, ултра популарни. Прво Ѓоковиќ, а потоа со Роналдо и жена му. Популарниот водител Амадеус одигра во напад со провокативен дрес, пола Јуве, пола Интер.

Бесценета реакција на линиски судија

Едноставно се соживува со фудбалот и криво му е што мора да крене толку наивен офсајд.

Туку дали ги видовте головите на Аланијаспор против Галатасарај?

Турскиот елитен фудбал е на многу високо ниво во последните неколку сезони. Нема веќе само 2 клуба да се борат за титулата. Сега 5-6 екипи сериозно му се мерачат на шампионскиот трофеј.

Зидан е скаран со Копа Деј Реј и прв пат во кариера како тренер прима 4 гола

Барселона и Реал Мадрид загубија во Купот и со тоа им се отвора можност трофејот да го подигне некој од Сосиедад, Билбао или Гранада, а можеби и второлигашот Мирандес. Зидан губи од кој стигне во ова натпреварување.

Во игра влегува фудбалер со број 384, а излегува играчот со број 286

Обично сме навикнати фудбалери да носат броеви на дресовите составени од една или две бројки. Ама во Мексико комотно се игра со три броја на дрес и има дуели на кој не може да видите дрес од две цифри.

Голман па не си на Супербол

На пред-Олимпискиот турнир во Јужна Америка, Бразил У23 и Уругвај У23 сабајлево одиграа нерешено 1:1. Уругвајскиот чувар на мрежата Игнасио Де Аруабарена си даде многу глуп автогол.

Пике кога фаулира, фаулира

Барселона го претрпе најтешкиот пораз досега сезонава откако во 1/4 финалето беше елиминирана во Кралскиот Куп од Атлетик Билбао (1:0). Цела одбрана на Каталонците беше немоќна да го сопре играчот на мечот Ињаки Вилијамс.

Барселона испадна во 93’ минута и првпат после 7 години нема да игра финале

Во полуфиналето на шпанскиот Куп не само што нема да биде Реал Мадрид, туку и Барселона, која во четвртфиналето испадна во Билбао каде прими гол буквално во последните секунди од мечот. Реванши не се играат во оваа фаза.

Доживотна казна за навивачот на Њукасл

Њукасл со гол во продолженија го победи Оксфорд на гости 2:3 во ФА Купот и се пласираше понатаму. При еуфоријата за голот меѓу гостинските навивачи еден цреп направи „хеликоптер“ прослава. Се соблече гол. Денес го казнија со доживотна забрана за влез на сите англиски фудбалски стадиони. Во меѓувреме еден навивач за расистички испад бил казнет 4 години, па јавноста реагира дека Мајк Пендриџ од Њукасл е престрого казнет.

Јака компилација на потези од ѕверови во пензија

Тиери Анри, Роберто Карлос, Роналдињо, Лампард, Зидан, Џерард...Не можеш да ги мразиш овие ликови и не може да не ви недостигаат. Со нив израснавме. Со оглед на тоа што го прават сега во слободно време и да останеа уште некоја година, уште ќе мелеа.

Дечково одржа лекција по фер плеј

Поучен напад за оние кои немаат респект кон противникот и кои по секоја цена сакаат да дадат гол. Аплаузи од сите е минимум што заслужува.

Како Пабло Ескобар во ’80-те го кренал колумбискиот фудбал со ужасни методи

Приказна за тоа како Ел Патрон, најголемиот нарко-бос на сите времиња од сенка раководел со клубот ривал на неговиот омилен Индепендиенте.

Најслаткиот бод е со гол во 91-ра од голман

Пушкаш Академија му извади 2:2 на Диошгери во меч од унгарската прва лига со помош на голманот кој најдобро се снајде во шеснаесет. Голманскиве голови не потсеќаат на Толдо кога му израмни на Јуве во судиско.

Кореографија во Рим за која ќе се зборува

Навивачите на Лацио доминираат сезонава во Серија А. По дербито со Рома на кое направија спектакуларна кореографија, и синоќа против слабо рангираната Верона го наполнија стадионот и демонстрираа нова јака претстава.

Мангупски гол на Паје од мртов агол

Класична акција на крило во која обично се оди на еден лажњак до два, а потоа се нафрла. Епа Димитри Паје го направи само првото, а потоа на мајсторски начин го искориски аматерското поставување на голманот на Сент Етјен.

Роденденско изненадување за Роналдо од Георгина и другарите

Кристијано синоќа наполни 35 и на сред улица наеднаш почнаа да го снимаат и да му се собираат другари за да му честитаат. Главниот подарок му го спремила жена му со голема црвена машна.

Да знае Клоп кога Шефилд и Арсенал играле 5 меча во ФА Куп

Пред недела дена Ливерпул сензационално одигра нерешено 2:2 со 16-то пласираниот тим во третата англиска лига Шрузбери. Фудбалската асоцијација на Англија, според правилата веќе закажала датум за евентуални повторни натпревари, ама Клоп не сакаше да слушне.

Капацитетот на Роналдо на 35 години во 35 секунди

После 18 години кариера во која освои 29 трофеи, 5 Златни топки и постигна преку 700 голови, овој човек уште не е презаситен од фудбал. Погледнете го како одговори на една задача на денешниот тренинг. Со ваква желба и темпо на тренирање, 100% ќе го гледаме и на 40, па можеби тогаш ќе можеме да го наречеме ветеран.