Фудбал

Не се гледа секој ден голмани да даваат гол

Бред Фридел, Тим Хауард, Питер Шмајхел и уште малку други голмани успеале да се прослават како голмани со постигнат гол. Ако не можат соиграчите одам јас во шеснаесетник.

Ерик Кантона и на 53 години го има осетот

Иако се пензионираше во 1997-ма година кога ја освои четвртата титула со Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона и ден-денес на 53 години покажа дека има повеќе од осет од многу актуелни млади играчи на англискиот клуб.

Кое јуначиште е овој Синиша

Биеше битка со една од најтешките болести која ја победи со дисциплина и срце. Потоа дојде проклетата корона, а со неа и карантинот. Но Синиша Михајловиќ е голем борец. И покрај сите заебанции, утринава се појави во тренинг кампот на Болоња.

Шампионско изненадување за младоженците, односно за зетот

Кога кумот и другарите ќе се потрудат на најсликовит начин да ти дадат до знаење, дека прстенот не значи бришење на фудбалските собири во вторник и среда. 

Виери до Верон: Ако ви треба булдожер во Естудијантес ќе дојдам, 106,4 кила сум направен

Нова супер интересна Инстаграм епизода од серијалот на Бобо Виери кој постојано се слуша со поранешни соиграчи. Конечно се скраси дома и стана татко, ама навечер не спие и го проверува детето дали дише. Откри и кој од колегите се прави дрво од две чаши вино.

Иниеста им се јави на децата родени благодарение на неговиот гол со Челси

Во 2009-та година Пеп Гвариола во дебитантска сезона на клупа на Барселона освои тројна круна: Ла Лига, Куп на Шпанија и Лига на шампиони. Многумина тврдат дека таа екипа на Барса го играше најубавиот фудбал на сите времиња.

Најдобриот гол со рабона некогаш виден

На денешен ден, 7. мај пред 13 години, на меч од шведската лига меѓу Еребро и ИФК Гетеборг (0-4) Перуанецот со шведски пасош Андрес Васкез постигна гол кој ги фрапирал сите гледачи.

Сон од Тотенхем служи војска во Кореа

Напаѓачот на Тотенхем најдобро од сите фудбалери ја искористи паузата поради пандемијата на вирусот - го отслужува воениот рок кој толку долго го прогонуваше.

Најголеми кладилничари меѓу фудбалерите кои играле поправен тикет

На спортистите им е строго забрането да се обложуваат, но некои од нив ги прекршуваа правилата и се кладеа. Некои беа и светски познати фудбалери.

Ружица си била со фудбалски речник - ремек дело

Ги има и Вермален и Сон и Каморанези и Румениге и Ујфалуши и Срна... Карантинот искористен да се направи една епска преработка.

Трагичната судбина на стрелецот на најштосниот и најризичен пенал во историјата

Тоа што го направи беше претходно невидено од белата точка, а никој потоа не се ни осмели да го повтори. Но за жал новонастанатиот мајстор, беше спречен на суров начин да стане нешто повеќе од само моментална сензација.

Еден муабет на бербер за време на бричење, му го подари на светот големиот Еузебио

Најголеми фудбалери на ХХ век најчесто ги нарекуваат Пеле, Марадона и Кројф. Напаѓачот на Бенфика и репрезентацијата на Португалија, Еузебио е далеку помалку споменуван и неправедно запоставен.

Ноер е во викендица, тренира турбо

Мануел Ноер не се излежава, туку одржува форма со тренерот на голманите на Баерн Минхен, Тони Топаловиќ. Локацијата му е на мирно место, во планински предел и покрај езеро, а царот ставил и гол поголем од дворот.

Хајдук прикажа како сега изгледа еден обичен тренинг

Накратко, клупскиот доктор на Хајдук Сплит, Анте Туриќ детално раскажува како се одвиваат тренинзите на „Пољуд“. Ова е прва фаза, а следна е тренинг во поголеми групи.

Лудиот Бартез еднаш запнал да игра, па Фергусон го ставил лево крило

Во 2017 година на сајтот на УЕФА се појави големо интервју со Сер Алекс Фергусон кој раскажа неколку анегдоти и фудбалски трендови.

Да немаше карантин, акцијава немаше да постои

Да бидеме реални, ова со топка не е лесно да го изведеш, а не па со тоалетна. Вежбале бајаги дечкиве.

Чурлинов од Штутгарт со шкорпија-гол на тренинг

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов започна со тренинзи со неговиот Штутгарт и уште од старт покажа дека не го изгубил чувството за топка за време на паузата. Германските клубови почнаа со тренинзи, а првата и втора Бундеслига треба да продолжат на средината од месецов.

Не сум играч на Челси, ама ок ќе се сликаме

Од левата страна имаме доста повозрасен навивач на Челси, а од десната младиот напаѓач на Челси и Англија, Тами Абрахам. Тоест дечкото само многу личи на него, а ферниот негов фан веројатно ќе сфати кога ќе им се фали со фотката на внуците.

Сите учеа од Јужна Кореа за тестирање, сите ќе учат и како да го продолжат спортот

Фудбалската К-Лига на Јужна Кореа стартува во петок со посебни мерки и препораки кои останатиот дел од светот посебно ќе ги разгледува и ќе се обиде да ги примени во своите системи.

Анегдота за жолтото БВМ на Михајловиќ

Карантинов го укотви фудбалскиот свет дома во фотеља, а и тие што не беа по социјални мрежи, сега се активираа, бидејќи сконтаа дека таму е забавата. Бобо Виери е прв на тие релаксирани он лајн средби, ама се отвори и човек од кој и не очекувавме баш дека ќе каже смешка. Роберто Манчини.

Кога Иниеста заигра во Струмица против Пандев и екипата

Малкумина го паметат натпреварот на македонската фудбалска репрезентација до 19 години против своите врсници од Шпанија кои неколку месеци подоцна се качија на кровот на Европа.

Најдосадниот репортер кој му се има закачано на Ибра

Само едно прашање Ибра, извини, само едно кратко и брзо. Пријателе, од кај си? Медиасет. Епа тогаш оди си дома. Зошто ако сум од Медиасет треба да си одам дома. Пријателе не се зезај. Ќе ти кажам само една работа, не се зезај. И на крај успеа да му постави прашање, а разговорот заврши вака:

Нека тапне три пати да видите што ќе и направам

Пред 10 години во Шкотска се случи тотално луд меч со луд финиш. Хибернијан имаше водство на гости од 2:6, но Мотервел стаса до конечни 6:6 со овој лудачки потег на Лукас Јукевиќ во 93-та минута.

Роналдо е ова или Путин?

Еден, два, три, четири комбиња изброивме и тоа со затемнети стакла и плус полициска придружба пред нив и позади. Па ова е тотално претеран протокол за превоз на еден фудбалер од аеродром до дома. Како да е Претседател на држава.