Фудбал

Во 2009 бил хипотекарен агент, а во 2019 репрезентативец на Англија

Во екот на хитот „10 years challenge“ најпознатите фудбалери од Велика Британија постираа фотографии од тоа кај биле и какви биле пред 10 години и фотографии од денес. Цепки.

Најнепостоечкиот гол на годината, декадата и векот

Невозможно е да се направи пресек на годината од сите можни евроголови, автоголови, потези, смешки и сл. кои се случија во 365 дена. Ама затоа имa ствари кои се уникатни сами по себе и не може да се повторат, освен ако не реши така некој судија кој е ќор, односно ќар има од тоа.

Рома го избра својот гол на деценијата

За добра и ефикасна акција некогаш не е потребно потење и плетење мрежа пред гол, туку треба само одлучност, прецизност, ама и мајсторија. Фацио го пронајде Џеко на Стемфорд Бриџ во шеснаесетник, а овој го имаше најдоброто можно решение. Ова е пред две сезони во ЛШ.

Компилација на најинтересните пресови за 2019-та

Да не е Клоп видеово ќе нема поента. Разни пикантерии пред новинарите има често и со Мурињо, а тука се и Пеп, Лампард, Покетино...

Алжирец го направи дриблингот на месецот

Саид Бенрахма има 24 години. Од Франција каде играше за Ница, Анже, Ажаксио и Шатеру, во 2018 доаѓа во Брентфорд. Синоќа му направи вртелешка на бек на Бристол Сити.

А евроголот на Халер од Вест Хем?

Дејвид Мојс имаше совршен старт на новата (втора) авантура на клупата на Вест Хем. Го демолираа Борнмут со 4-0 а вториот погодок на мечот беше уметноста на Себастијан Халер.

Добив жолт зошто бев непристоен, ама непристоен спрема идиот

Жозе Мурињо беше фрустриран после поразот на Тотенхем кај Саутемптон (1:0). Најмногу го нервирале децата задолжени за топки кои задржувале време а за тоа биле инструирани од тренерот на голманите на домаќинот, Ендрју Спаркс на кого му се внесе во лице додека овој седеше на својата клупа и читаше во тефтер.

Балотели не успеал ни до дома да стигне со колата

Ако некој може за Нова година да биде бетер од Нејмар, тоа знае кој е, Супер Марио кој од дочек се прибрал во 6 сабајле, како да е тинејџер. Од што бил направен сателит, не можел до дома да стаса.

Во меѓувреме да видиме каков дочек имаше Нејмар

Се разбира дека не очекувавме да стави фотка на Инстаграм како прави склекови и стомачни, ама очекувавме барем да се движи нормално и без придружба. Гипс е направен.

Среќна нова со првите ножички за 2020-та

Фудбалерите на Барнли - Астон Вила 1:2 и Брајтон - Челси 1:1 уште во 13:30 се исправија на терен во новата година. Само два меча беа доволни да се одиграа годинава за да видиме атрактивен еврогол со акробација. Ремек делото е Алиреза Јаханбакш од Иран кој им зема бод на Лондоначани во 84-та минута.

45 години од најчудниот момент во белгискиот фудбал

Пред натпреварот Шарлоа - Остенде во Белгија, се одржала церемонија за последно збогување со легендата на Шарлоа Жорже Бертончело кој починал во четвртокот на 77 години и кој се прославил со еден многу јак потег.

Само двајца фудбалери имаат право да не се враќаат во одбрана

Дел од гостување на Клоп и Венгер, каде првиов објаснува дека секој треба да помага во одбрана, со исклучок на двајца кои може да си го дозволат тоа.

Каква година на извонредниот Ајакс

Ја освоија тројната круна што подразбира титула во домашното првенство, Куп и Супер Куп. На меѓународна сцена остварија импресивни резултати, особено во нокаут фазата каде ги елиминираа Реал Мадрид и Јувентус. Стигнаа до полуфиналето во ЛШ, а беа многу блиску и до финале.

Мане користи мобилен со скршен екран и гајле нема

Садио Мане, еден од најдобрите фудбалери од Африка, важи за најскромен фудбалер во Премиер лигата. Често се појавуваат раскази кои говорат за неговата човечност и приземјеност.

Момци, не е ова ластик со девојчињата во маало

Роберт Морено седна на клупата на Монако на местото на Леонардо Жардим, а првиот тренинг му беше смешки. Двајца играчи на францускиот прволигаш не знаеа како се тренира со еластична гума за растегнување па ги учеше како во градинка.

Тренерот на Монтереј заплака по титулата во Мексико, му ја ветил на загинатиот син

Ноќта во понеделникот, мексиканскиот клуб Монтереј првпат уште од 2010-та година стана шампион на Мексико. Во финалето на плејофот, Монтереј ја совлада Америка со 4:2 на пенали откако вкупниот исход од двата меча беше 3:3.

Челси им ја фрли ракавицата на премиерлигашите

Сити е богат, Јунајтед е славен, Ливерпул го достигна годинава врвот, ама гледано во изминатава декада на прво место по број на трофеи е Челси.

Јас сум главниот судија, а офсајд крева жена ми која сега ќе ја бакнам

Во Бразил се одигра хуманитарен фудбалски натпревар „Со фудбал против глад“, а најсимпатичниот момент го имаа главниот судија на мечот и помошничката крај аут линијата.

2019-та е година на Ливерпул во фудбалот по сите параметри

Не успеаа да ја достигнат титулата во Премиер лигата, ама затоа остварија светски успех што не му успеал на ниту еден друг англиски клуб. Тоа е интернационална тројна круна во една календарска година, на страна лудите партии, пресврти и рекорди.

Гевгеличани знаат да живеат живот

Што ќе ти се авионски карти и резервации за Бока - Ривер на „Бомбонера“, отиди до спортската сала во Гевгелија да видиш што е Дале Кавезе со блех музика.

Син му на Рејес игра за Реал Мадрид и головите му ги посветува на загинатиот татко

Хозе Рејез Лопез, синот на легендарниот фудбалер Хозе Антонио Рејес, е главен играч во Реал Мадрид У-12. Тој синоќа постигнал дури четири гола во финалето на турнирот за таленти на Ла Лига - La Liga Promises во Катар.

Добро има ли компас овој Арсенал?

Тоа што во Серија А сезонава е Милан, кај Англичаните дефинитивно е Арсенал. До толку да не се немало победнички дух во оваа екипа, тоа е чудо невидено. Па не можат да излезат на крај со екипи како Норич, Брајтон и Борнмут, кои се борат за опстанок.

Ренџерс го победи Селтик на гости првпат после 9 години, Џерард полуде од среќа

Стиви Џи не се зафркава. Сериозно е намерачен на Ренџерс да му ја донесе првата шампионска титула уште од 2011-та година колку што ја чека сината армија од Глазгов. Лани го совладаа Селтик на „Ајброкс“ и покажаа дека можат да се носат со ривалот. Сега го добија на гости.

Мајсторе, за голов треба да те позлатат во Египет

Африкански Куп на Конфедерации. Пирамидс гостува кај Ал Масри. Резултатот 1-1 и во 83’ минута Мохамед „Додо“ Ел Габас дава спектакуларен гол за победа.