Да се вратиш во градско дерби од негатива на полувреме 0:2 и потоа во второ да возвратиш со 4 комада за конечни 4:2, не е воопшто мала работа. Особено во миланското дерби каде секогаш има голема неизвесност и нијанси знаат да одлучат.
На мајсторот не му треба многу време за да се загрее. Денеска против Каљари влезе во игра во 39-та минута и по само 4 минути игра го отвори резултатот. Горан имаше идеја да нафрли од 20 и кусур метри, но никој не ја допре таа топка и потоа влезе во гол. Шести негов сезонски погодок.
Во финалето на јапонскиот Супер Куп се сретнаа Јокохама и Висел Кобе. Мечот после 90 минути заврши 3:3 па се прејде на изведување пенали. Првите четири беа реализирани а после почна серија која не се случила никогаш и никаде досега.
Алжирецот Саид Бенрахма игра десно крило во Брентфорд во Чемпионшип. Одвреме-навреме го имаме во рубриката затоа што важи за еден од најдобрите дриблери на Островот сезонава. Дечкото си поигра со Луис Винг од Мидлзброу како со статист а на крај Брентфорд славеше 3:2.
Додека ПСЖ веќе се спрема како ќе го отвара шампањското за прослава на титулата, не смее да се заборави на лудата низа на Олимпик Марсеј кој нема пораз на 16 меча во сите натпреварувања. Синоќа со 1-0 го совладаа Тулуз а човекот кој им донесе 9+ бода предност во однос на третопласираниот Рен е Димитри Паје.
Во мега дербито на португалскиот фудбал, Порто и Бенфика постигнаа вкупно 5 гола, а на крајот се радуваа „змејовите“ од Драгао кои победија 3:2. Еден од најубавите моменти на мечот беше кога десниот бек на Порто Хезус Корона го шекна Оливеира со неколку дриблинзи.
На буквално пар дена откако дојде од Јувентус, германскиот репрезентативец Емре Чан постигна страшен гол за Борусија Дортмунд. „Милионерите“ гостуваа кај Баер Леверкузен и мечот беше најдобар одигран сезонава во Бундеслига. Заврши 4-3 за домаќинот а Емре Чан постигна страшен гол.
Не веруваме дека Карло Анчелоти видел ваков бисер во 25 години тренерска кариера. Волкот му се повредува и се одлучува да го замени со Џибрил Сидибе. Арно ама четвртиот судија му сигнализираше недостиг во спортската опрема. Чаре? Трк во соблекувална.
Фудбалерите на Наполи и Верона ја зголемија неизвесноста за Скудетото бидејќи и двете екипи успеаа да го совладаат актуелниот шампион на Италија и тоа на два од последните три нивни натпревари.
Тешко е да им се долови на помладите славниот италијанскиот напаѓач кој се повлече од фудбалот како играч на Каљари пред 15 години. Со Наполи освои Скудето во 1990-та во друштво на Марадона, а во 2003-та беше изгласан за најдобар играч во историјата на Челси.
Сан Ремо е спектакл, а оваа година две вечери по ред го зачинија со спортски ѕвезди, ултра популарни. Прво Ѓоковиќ, а потоа со Роналдо и жена му. Популарниот водител Амадеус одигра во напад со провокативен дрес, пола Јуве, пола Интер.
Турскиот елитен фудбал е на многу високо ниво во последните неколку сезони. Нема веќе само 2 клуба да се борат за титулата. Сега 5-6 екипи сериозно му се мерачат на шампионскиот трофеј.
Барселона и Реал Мадрид загубија во Купот и со тоа им се отвора можност трофејот да го подигне некој од Сосиедад, Билбао или Гранада, а можеби и второлигашот Мирандес. Зидан губи од кој стигне во ова натпреварување.
Обично сме навикнати фудбалери да носат броеви на дресовите составени од една или две бројки. Ама во Мексико комотно се игра со три броја на дрес и има дуели на кој не може да видите дрес од две цифри.
На пред-Олимпискиот турнир во Јужна Америка, Бразил У23 и Уругвај У23 сабајлево одиграа нерешено 1:1. Уругвајскиот чувар на мрежата Игнасио Де Аруабарена си даде многу глуп автогол.
Барселона го претрпе најтешкиот пораз досега сезонава откако во 1/4 финалето беше елиминирана во Кралскиот Куп од Атлетик Билбао (1:0). Цела одбрана на Каталонците беше немоќна да го сопре играчот на мечот Ињаки Вилијамс.
Во полуфиналето на шпанскиот Куп не само што нема да биде Реал Мадрид, туку и Барселона, која во четвртфиналето испадна во Билбао каде прими гол буквално во последните секунди од мечот. Реванши не се играат во оваа фаза.
Њукасл со гол во продолженија го победи Оксфорд на гости 2:3 во ФА Купот и се пласираше понатаму. При еуфоријата за голот меѓу гостинските навивачи еден цреп направи „хеликоптер“ прослава. Се соблече гол. Денес го казнија со доживотна забрана за влез на сите англиски фудбалски стадиони. Во меѓувреме еден навивач за расистички испад бил казнет 4 години, па јавноста реагира дека Мајк Пендриџ од Њукасл е престрого казнет.
Тиери Анри, Роберто Карлос, Роналдињо, Лампард, Зидан, Џерард...Не можеш да ги мразиш овие ликови и не може да не ви недостигаат. Со нив израснавме. Со оглед на тоа што го прават сега во слободно време и да останеа уште некоја година, уште ќе мелеа.
Пушкаш Академија му извади 2:2 на Диошгери во меч од унгарската прва лига со помош на голманот кој најдобро се снајде во шеснаесет. Голманскиве голови не потсеќаат на Толдо кога му израмни на Јуве во судиско.
Навивачите на Лацио доминираат сезонава во Серија А. По дербито со Рома на кое направија спектакуларна кореографија, и синоќа против слабо рангираната Верона го наполнија стадионот и демонстрираа нова јака претстава.