Фудбал

Конфликтот на Арсенал со Алиоски, Евра вика дека Џани глумел за Оскар

Левиот бек на македонската фудбалска репрезентација е тема на разговор меѓу следбениците на Премиер лига. Синоќа на мечот Лидс - Арсенал, Џани беше во главна улога на теренот а за него зборуваа и во студиото на Скај Спортс.

Мики, што беше со ракетава?

Како од сенка, без многу помпа, Португалецот Пауло Фонсека прави мали-чуда со скромниот состав на Рома. Имаат 10 натпревари по ред без пораз, трети се на табела пред шампионот Јувентус и играат супер убав фудбал. Предводник на клинците е Ерменецот Хенрик Михтарјан кој синоќа постигна 2 гола во победата над Парма од 3:0.

Тема на денот е 39-годишниот Ибрахимовиќ

Фудбалерите на Милан како да не се зафркаваат кога спомнуваат борба за самиот врв до крајот од сезоната. Синоќа глатко го нокаутираа Наполи во Неапол 1-3 со 2 убави гола на Ибрахимовиќ и 1 на младиот норвешки бисер Јенс Хауге. Златан и нашиот Пандев што се постари, толку подобро играат.

Чудна асистенција во Хрватска - ветер му ја намести на тацна

Во најдобрата хрватска лига, Горица водеше со 1-2 кај Шибеник. Во 93' минута Кристијан Ловриќ ја потврди победата со гол на асистенција на ветрот.

Ретко се гледаат вакви автоголови во Бундеслига

Баер Леверкузен водеше на гости кај Арминија Билефелд од 27 минута, ама во 47-ма минута нивниот голман Лукаш Храдецки го даде најсмешниот автогол на сезоната во Бундеслига. За негова среќа Александар Драговиќ во 88' минута донесе победа за Баер.

Има такви слободни удари кои двајца голмани не ги фаќаат

Вкупно 4 гола паднаа во дуелот меѓу Заглебје Љубин и Стал Мјелец во Полска. Од тие 4, еден беше баш онака мераклиски. Го постигна Петери Форсел за гостите и ги постави конечните 2-2.

Мануел Ноер пуштен на најјако

По вечната репрезентативна пауза, се врати клупскиот фудбал. Баерн Минхен се сопна со Вердер Бремен (1:1), а можеше и да изгуби да не беше човекот кој освои 23 пехари во кариерата и кој денес го одигра 400. јубилеен меч во кариерата. GOAT.

Голманот на Стандард поснаодлив од 3 напаѓачи

Арно Бодар, голманот на Стандард Лиеж му донесе голем бод на својот тим против Еупен во 90+7' минута. Џабе домашниот тренер играше со 3 шпица во еден момент, кога голманот му донесе бод по една гужва.

Е не како Баџо ќе ја рогам во облаци

И непрецизниот пенал знае да биде многу прецизен. Она што е најважно во случајов е што нема жртви.

Кога беше првиот испад со гризење на Луис Суарез

На 20 ноември 2011-та на дербито Ајакс - ПСВ уругвајскиот центарфор на сред терен пред сите присутни го загриза противничкиот фудбалер Бакал. После ова имаше уште многу слични епизоди а најмногу се памети онаа со Кјелини.

Лудило во соблекувалната на Монако и кусо обраќање на Ковач

Фудбалерите на Монако се изборија за сензационален пресврт против актуелниот првак на Франција кој го добија со 3:2 откако губеа 0:2 на полувреме. На двата гола на Мбапе со иста мера врати Воланд, а точка на мечот стави Фабрегас од пенал во 84-та минута. Збудалеа од радост.

Ни недостига Иниеста во ЛШ

Дечки толку е со репрезентации за годинава. Следува викендашки клупски фудбал, па Лига на шампиони и тоа три недели со ред. УЕФА почна да провоцира на Твитер и тоа со видео на професор доктор Андрес кога пред 8 години му се сипаа тројца од Спартак Москва.

Вртете му на селекторот во изолација, ќе му урламе на видео

Италија со Вентура и Италија со Манчини се две скроз различни приказни, како магаре и слон. Со Роберто не само што Аѕурите газат и играат убав фудбал, туку имаат флуид и слават заедно па дури и кога тој не може да ги води од клупа.

Во Холандија тргнати наследници на петлите кои пред 20 години ги оставиле француски навивачи

Необична приказна ни доаѓа од Ротердам каде на 2 јули 2000 година Франција стана европски шампион откако ја совлада Италија со 2:1 во легендарно финале.

Голот на годината падна во едно село во Романија

Јунакот се вика Роберт Асавоаеи и игра за третолигашот Штинта Мирослава во Романија. Ова што го направил на меч против ЦСМ Пашчани во триумфот од 4-0 уште долго ќе се зборува. Ако има некоја правдина, ФИФА ќе го стави во најтесниот круг од тројца кандидати за наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол во сезоната.

Најлесниот црвен картон на сезоната

Некогашниот редовен прволигаш Катанија, клуб од Јужна Италија, се натпреварува во трета лига. На нивниот меч против Вибонезе тренерот на Катанија Бепе Рафаеле кај аут линијата спречи една контра на гостите и доби директен црвен картон. За негова среќа Катанија славеше со 2-1.

Чиро Имобиле за 20 дена има 7 негативни и 5 позитивни тестови

Во 2019/2020 сакаш да си Имобиле, фаца број 1 во Италија и Европа со 36 првенствени гола. Во 2020/2021 нејќеш да си Имобиле, бидејќи повеќе е во лаборатории, отколку на терен. Ковид 19 годинава дефинитивно е ретардирана појава број 1 на планетава.

Фотографија која ја заинтригира хрватската јавност

На една фотографија од 1996 година стојат идните фудбалски ѕвезди на Хрватска: Лука Модриќ и Нико Крањчар. Додека ја гледате треба да знаете дека Нико е постар од Лука само 1 година.

Јосип Броз Тито и Бате Ване, тие се

Од лик како Ванчо Таковски не можеш никогаш да собереш на едно место, од сè она што го кажал во форма на приказна, анегдота или бисер. Нема кај нас сега ваква жива легенда која можеш да ја викнеш во емисија и да извлечеш гостување од ваков калибар.

Не за џабе е најомилен фудбалер на Гвардиола

Англија до врв ја наполни мрежата на Исланд и со 4-0 ги испрати „рибарите“. Стрелец на 2 гола беше Фил Фоден од Сити кој правеше шоу синоќа.

И после кој е тој Берарди

Во Италија не е како порано, составот во репрезентацијата да го сочинуваат играчи претежно од Јуве, Интер, Милан...Манчини има голем избор и во напад тешко е да се реши за двајца во ситуација кога ги има Инсиње, Белоти, Имобиле, Бернандески, Киеза...

Ваков дупли пас само Меси и судијава можат

Судијата мора секогаш да следи добро 90 минути за да не пропушти некој спорен момент, а овој во Јапонија ептен се најде и во игра, во обид едниве да организираат брз напад.

И на Тибо Куртоа може да му се случи ваков кикс

Белгија и Данска одиграа супер натпревар во последното коло од Лига на нации со 6 гола. Белгија славеше 4-2, а вториот гол на гостите беше автогол на Насер Шадли или автогол на Куртоа, проценете сами.