На јако ретро налетаваме. Се работи за забава на Милан после освојувањето на Суперкупот во 2003-та. Славната Лаура Паузини е во прегратка со Галијани, Амброзини и Пипо кој држи фризурче - полуматура. Најнапален е Карло Анчелоти. Му се пее, му се плаче, ама не го знае цел текст.