Македонскиот репрезентативец и член на Удинезе дефинитивно отпаѓа од комбинација за настапите на нашиот национален тим на ЕП 2020 кое се игра во јуни месец.
Илија Несторовски кој пред неколку дена се повреди на тренинг, бил на прегледи во Рим кај познатиот доктор Маријани кој утврдил дека ќе мора да ги оперира лигаментите на коленото.
Тоа значи дека за Нестор сезоната во Серија А е завршена, но завршен е и сонот наречен Европско првенство.
Лигаменти на колено е една од најнезгодните повреди кај фудбалерите кои потоа паузираат по минимум 6 месеци.
Штета за Нестор кој е стандарден првотимец во репрезентацијата последниве неколку години, но и хендикеп за Македонија, бидејќи се работи за 31 годишен напаѓач со големо искуство акумулирано во Хрватска и Италија.
Дебито на македонската фудбалска репрезентација на ЕП 2020 е закажано за 13 јуни против Австрија.