Македонската фудбалска репрезентација го загуби и вториот меч на ЕП 2020, но овој пат со многу подобра и похрабра игра. Голема штета. Шевченко се препоти во второ полувреме.
Вчера виде ли Кристијано што направи? Ги тргна двете флаши Кока Кола на страна и извади вода. Многу ми е гајле, чекај уште една голта, одговори селекторот на Русија, Станислав Черчесов. И тоа една од друга ја отвори, каков цар.
Твитерот на УЕФА, Копа 90, Скај, 443 и уште еден куп светски познати портали го објавија необичниот тренинг на Македонија во пресрет на дуелот против Украина. Навивачите се воодушевени во коментарите и велат дека на овој начин се ослободуваат играчите од притисок.
Артем Ѕјуба кој минатата година се снимаше како си го .... на една водителка, влета во дуел со еден од финските репрезентативци и го разнесе и тоа намерно. Неколку секунди подоцна: Не бе судија, рамо со рамо беше. Не доби ни жолт.
Македонските фудбалери беа насмеани и расположени на последниот тренинг пред судирот со Украина, кој може да биде клучен за пласман во втората фаза на ЕП. Тимскиот дух го билдаа со нивната препознатлива игра.
Европската фудбалска унија реши да стави точка на случајот „Арнаутовиќ-Алиоски“ па на официјалниот сајт на УЕФА за Евро-2020 покрај името на Арнаутовиќ - стои дека е суспендиран.
Се вжештува атмосферата за вториот меч на македонската фудбалска репрезентација, па поради гужвите во Букурешт, ФФМ објави еден кус апел до навивачите.
Горан и другарите биле страв и трепет во пионерска категорија и сезоната ја завршиле со 26 од 26 и импресивна гол разлика 130:11. Следната сезона како кадети ја освоиле двојната круна и тоа со победи против Слога и Вардар во Скопје. Историја најдобро позната во Струмица.
Ништо чудно во догледно време да се појави некој врвен документарец за селекторот на Финска којшто ѝ ја донесе најголемата спортска радост на својата земја.
Германија првпат во историјата го изгуби првиот меч на едно Европско првенство и од старт си го отежнаа животот во најтешката група на турнирот. И тоа само поради автоголот на Матс Хумелс.
Канада ја совлада селекцијата на Хаити со 3:0 во квалификациите за СП 2022. Внимавајте добро на оваа голманска реакција до сега невидена во фудбалот, освен кога игравме пред зграда во второ одделение. Овој изгледа се обидува канадски пасош да извади.
УЕФА состави видео од сите 24 земји учеснички на ЕП кои му дадоа поддршка и му посакаа што побрзо закрепнување на данскиот репрезентативец и член на Интер. Во име на македонската репрезентација зборуваше капитенот.
Најпродаваниот модел „Air Force 1“ со иницијалите на Барди и македонското знаме, стигна како подарок кај нашиот репрезентативец, гест со кој познатата американска компанија за спортска опрема му посакува среќа на Енис на Европското првенство.
Мечот во Будимпешта меѓу Унгарија и Португалија (0:3) ја воодушеви фудбалска Европа зошто првпат после повеќе од 1 година на трибини имаше повеќе од 60.000 гледачи. Унгарците како да живееле за ова Евро2020 зошто се еден од домаќините. Домашните ултраси пред мечот во кортео го поздравија Ериксен.
Активист на организацијата „Грин пис“ со луд подвиг решил да ја шири свесноста за штетноста на горивата по природата, па слета среде „Алијанц Арена“ пред самиот старт на дербито Германија - Франција кое „триколорите“ го добија 0:1 по автоголот на Матс Хумелс.
Сигурно многу од вас ја имаат товарено кец и сте биле убедени дека ќе тепаат, но поранешниот светски и европски првак и со препознатливата доминантна игра не успеа да направи ништо.
Многу често се случува после ждрепките за големите натпреварувања да прочитаме десетина наслови и воведи каде се спомнува „група на смртта“. Од каде проистекнал овој термин?
Тотално лудиот гол на Патрик Шик, репрезентативецот на Чешка кој од пола терен го фрли Маршал во мрежата нè навраќа на некои слични погодоци после кои цел стадион се држеше за глава.
И покрај извинувањето, Фудбалската федерација на Македонија испрати допис до УЕФА поради навредите на национална основа на Марко Арнаутовиќ до Џани Алиоски.