Фудбал

Алиоски раскажа што се случило после мечот

Конечно е спуштена топката и може да се зборува за фудбалски теми. Езџан Алиоски во кратка изјава објасни што биднало после дуелот со Австрија кој остана во сенка на екцесот на Марко Арнаутовиќ.

Кристијан Ериксен се обрати од болница

Откако целиот свет се обедини во желбите најдобриот фудбалер на Данска што поскоро да оздрави и да се опорави, Кристијан сега му одговори на светот со голема благодарност.

Спектакл на Копа Америка во чест на Марадона

Фудбалерите на Аргентина со 1:1 го стартуваа првото коло во Копа Америка против Чиле, во меч на кој Меси го мина Роналдо по број на голови од слободен удар, а пред стартот домаќините приредија шоу за починатиот Диего Марадона.

Роналдо направи забуна на прес конференција во Будимпешта

Пред мечот со домаќинот Унгарија против која Португалија ќе го отвори Европското првенство 2020, Кристијано Роналдо демонстрираше дека водата му е избор пред Кока Кола.

25 години од легендарниот гол на Гаскоњ на ЕП

Го постигна на Европското 1996 со опасна финта и волеј и тоа на дербито против Шкотска. Не можеше послатко и поспектакуларно. Еврогол за паметење кој помина низ сите најавни шпици.

Најлуд гол на Европското даде чешки центарфор

Шпицот на Баер Леверкузен Патрик Шик стана права ѕвезда во досегашниот тек на Европското откако денеска со два супер гола ѝ донесе победа на Чешка против Шкотска.

Марко Арнаутовиќ на македонски се извини јавно за инцидентот

Откако баш претера при прослава на голот со кој ги постави конечните 1-3 за Австрија, Марко Арнаутовиќ објасни зошто се однесувал така иритантно.

Журката на дожд на македонските навивачи

Она што беа Северно Ирците на Евро 2016 во Франција, сега се нашите навивачи во Романија. Во Букурешт песна не престанува, а журката не ја прекинуваа ни обилните монсунски дождови.

Слепата уличка на Кајл Вокер

Еден од домаќините на Евро 2020, Англија на својот „Вембли“ со 1-0 го победи стариот должник Хрватска и колку толку им врати на „коцкестите“ за сите претходни порази. Англија играше во најсилен состав а десниот бек Кајл Вокер во еден момент како да тргна по слепа уличка.

Кои се најстарите стрелци во историјата на Европските првенства?

Имобиле, Роналдо, Балак, Друловиќ, Паненка, Клинсман, Зидан, Руи Коста, Нистелрој, Пирло...Сè се тоа фудбалери кои дале гол со 30+ на ЕП, но никој од нив на годините кои ги има нашата легенда пред која има само едно име на вечната листа.

Фер плеј на денот од Амстердам

Холандија не пушта странци па така украинската публика во Амстердам беше составена претежно од тамошни резиденти. Мечот беше најубав на Европското досега а помина во добра атмосфера и на трибините каде еден холандски навивач им честиташе на Украинците на евроголот на Јармоленко.

Ропак на денот

Укусот на сељачко однесување на синоќешното деби на Македонија на ЕП го остави Марко Арнаутовиќ кој по третиот гол се истакна со ароганција скроз непотребна, особено на решен меч.

Докторската асистенција на Барди за шансата на Николов

При резултат 1-1 додека Австрија почна да го префрла тежиштето кај нашиот гол и да удира од сите страни, тргнавме во една брза контра во која Енис Барди на чудесен начин го пронајде Бобан Николов кој промаши убава прилика за водство.

Спектаклот Холандија - Украина со 5 гола

Во нашата група синоќа на два меча паднаа 9 гола! Македонија изгуби од Австрија 3-1 а Украина изгуби од Холандија 3:2 и тоа со гол примен во 85’ минута од мечот.

Пандев и Рики со солзи во очите на химната

Сонот наш од детство е остварен. По 30 години од осамостојувањето, Македонија дебитираше на Европското првенство. Во Букурешт бевме па речиси како домаќини, со 4.000 навивачи на трибини и со многу емоции кај Мрме и неговите избраници кога се интонираше химната. Ова е снимка за историја.

Грмењето на македонската химна на Европско

Почетокот на Евро2020 за нашата репрезентација беше пропратен со громогласно пеење на националната химна, испеана од повеќе од 4.000 грла. Момент на гордост за секој Македонец.

Достоен пораз од Австрија на дебито на Европско

Македонската фудбалска репрезентација доживеа пораз во првото коло од групната фаза. Австрија - Македонија 3:1 (1:1). Капитенот Пандев стана втор највозрасен стрелец во историјата на европски првенства. Следен ривал Украина во четврток.

Познат составот на Македонија кој ќе истрча од старт

Селекторот Ангеловски се реши за истите оние кои излегоа на терен во Дујзбург против Германија и направија чудо. На стопер е Стефан Ристовски.

Славен Македонец даде гол во Букурешт уште пред три децении

Вардар vs Динамо Букурешт, 1985-та, 1 коло во Куп на УЕФА. Поминаа нашите со вкупни 2:2 поради гол на гости кој го постигна легендарниот Васил Рингов, кој се проби како шило во среден ред. На тој меч настапија и Панчев, Савевски, Канатларовски, Јаневски, Сетинов...

Порака и благодарност од селекторот Мрме за цела нација

На неколку часа пред историскиот прв настап на Македонија на Евро2020, против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на своите профили на социјалните мрежи пиша емотивна порака.

Капитенот на Данска Кјаер прв реагирал да го спаси Ериксен и да го сокрие од камери

Искусниот капитен на репрезентацијата на Данска Симон Кјер во драматичните моменти со Кристијан Ериксен испадна голем херој кој буквално беше насекаде.

Холанѓаните со авион му порачаа на селекторот како да игра

Холандија под водство на Франк Де Бур е далеку од нивото на кое навивачите сакаат да биде. „Лалињата“ се во наша група со Македонија, Австрија и Украина, а на последниот тренинг пред мечот во Амстердам меѓу Холандија и Украина, домашни навивачи со летечка порака му порачале:

Заедничкото скандирање на Данците и Финците

Почетокот на Евро2020 ќе се памети по добар фудбал но и по потресителните сцени од Копенхаген. На стадионот „Паркен“ гостинските навивачи од Финска во еден момент скандираа заедно со домашните. На повикот „Кристијан“ од гостинскиот сектор, Данците одговараа со „Ериксен“: