Фудбал

Гатузо понекогаш заборава дека е тренер

Елиф Елмас треба да се среќен што има репрезентативни обврски, бидејќи на еден од последните тренинзи на Наполи, на Гатузо му се падна да биде во средина.

Само Ибра да го види голов за неговиот поранешен тим

Големото ривалство меѓу ЛА Галакси и Лос Анџелес продолжува во МЛС. И без Златан Ибрахимовиќ кој растураше во американската лига, Галакси со 3-0 ги столчи ривалите. Последниот гол на мечот беше преубав. Автор Себастијан Леџет во 83' минута.

Евра ли е, Роналдињо ли е?

За фудбалер во пензија ова е велелепно, па дури и неверно дека е Патрис Евра во прашање, бидејќи откако се повлече, само се снима и глупира по дома. Не бе сериозно, Роналдињо да не е ова?

Арјен Робен со прв гол за Гронинген

За време на пријателската меѓу Гронинген и Арминија Билефелд додека трае Лига на нации, Арјен Робен во 17' минута покажа зошто навивачите толку многу се израдуваа на неговото враќање во фудбалот.

Јаја Туре исфрлен од состав за хуманитарен меч - праќал порно видеа во Вотсап група

Натпреварот Soccer Aid е еден од најголемите хуманитарни настани во годината. Фудбалски ѕвезди и лица од шоу бизнисот играат на најдобрите стадиони и собираат средства за хуманитарни цели.

Ново издание, три пенали, три бода - важна победа за Македонија

Македонската фудбалска репрезентација со победа над Ерменија 2:1 (2:0) го отвори новото издание на Лига на нации и во добар амбиент ќе го чека второто коло против Грузија на гости.

Кога сакаат децата знаат да бидат лоши

Па уште со музики и забавени снимки, како и благ осмех демек го заебал. Ништо, останува да се видат на реванш.

Топка кај него поминува, ама човек НЕ

Ма каков фаул бе судија, нит го удрив, нит му клизнав, само се поместив.

Види ја ти Марина

Ја нарекуваат најмоќната жена во светскиот фудбал, а имајќи ја предвид нејзината улога и одговорност, таа е речиси анонимна. Лицето и го гледаме, но гласот не и го слушаме, а во позадина е опасно добра за работа.

Рома се сеќава на првиот гол на Тоти

На 4 септември 1994-та, Рома предводена од Карло Мацоне во прво коло ја пречекаа Фоџа на Земан. Во игра се појави едно младо дете по име Франческо кое на крајот на тој месец наполни 18 години. Кој би рекол дека 24 години подоцна ќе се пензионира во истиот дрес како икона на клубот и прв стрелец во историјата со 307 погодоци.

Дистанца на денот

На почетокот на новото издание на Лига на нации, синоќа во Штутгарт се сретнаа поранешните светски шампиони Германија и Шпанија и ремизираа 1:1. А најинтересниот момент се случи неколку секунди пред почетната судиска свирка. Германците почитуваа дистанца на два метри еден од друг, а Шпанците останаа гушнати.

Јунак на месецот - Ибишевиќ се откажал од плата во Шалке, ќе ја дава во хуманитарни фондови

Последните 5 сезони одличниот центарфор од Босна и Херцеговина, го носеше дресот на Херта Берлин. Сега откако му истекол договорот, како слободен играч потпиша со Шалке.

По сè изгледа Меси останува сезонава, а следната ќе замине бесплатно

Во средата татко му на Меси во брзање на еден новинар му дал кратка и отсечна изјава дека е точно дека неговиот син ја напушта Барселона, а потоа рече дека на друго мислел.

Голот на сезоната во Кина е нешто посебно

Сме виделе многу рабона додавања низ фудбалските терени, ама ретко кој е умешен со овој атрактивен и акробативен потег да ја закова топката во гол. Израелецот Еран Захави заслужено го доби признанието за гол на сезоната во кинескиот фудбалски шампионат. 

Некогаш ѕвезда на ВБА, сега ужива во домашен ајвар

Некогашниот лев бек на македонската фудбалска репрезентација направи одлична кариера.Како член на врвната генерација на Беласица со Пандев, Стојков, Балдовалиев и многу други, играше за АЕК Атина, Црвена Звезда, Херенвен, Динамо Киев, ВБА и на крајот кариерата ја заврши во Вардар.

Не за џабе од Москва дадоа 8,5 милиони евра за него

Никола Моро има само 21 година и веќе е сметан за легитимен наследник на Лука Модриќ. Летово од Динамо Загреб замина во Динамо Москва за 8,5 милиони евра. Синоќа Хрватска У21 со 5:0 ја згроми Грција У21, а Моро даде фантастичен гол уште во 45 секунда.

И како сега ние ова да го објасниме?

Многу прашања предизвикува оваа боречка сцена во арапскиот фудбал. Што ли сакаа да постигнат и што да прави судијата во ваков случај?

Ај сега Златан да ви раскаже една анегдота за Меси

Во денови кога се кршат копјата и се чека конечната одлука за иднината на еден од најголемите на сите времиња, не бива да се игнорира случка со Ибрахимовиќ, раскажана се разбира во Ибрахимовиќ стил.

Чудни се патиштата фудбалски - некогаш му беше идол, сега може да заиграат заедно во Јуве

Уругваецот Луис Суарез е пред вратите на Јувентус каде би дошол откако новиот тренер на Барселона Роналд Куман решил дека за шпицот со богато искуство нема веќе место во тимот.

Симеоне е експерт за трансфери и е близу на Атлетико да му донесе милијарда евра

Само четири клубови во светот во последниве 10 сезони заработиле повеќе пари од трансфери од Мадриѓаните. Со аргентинскиот стратег најпрофитабилно лето клубот имал лани во кое од играчи инкасирал 312,5 милиони евра.

Челси донесе 6 врвни засилувања и нема намера да запре

Богатиот Роман Абрамович никогаш не жалел пари да го засили својот сакан Челси, а летово клубот се освежи како речиси никогаш во трофејната ера на Русинот. И немаат намера да сопрат, а во истовреме и продаваат солидно.

Полскиот клуб во кој од 23 играчи, пола се презиваат исто

Можеби не е најдобриот ни па најстар клуб во Полска, ама е познат по тоа што половина од играчите носат исто презиме. ЛКС Гранични Кровица е најверојатно уникатен клуб во овој податок.

Затоа Зидан не го става во игра

Фоторепортерите кои ја следат репрезентацијата на Велс во пресрет на новото издание на Лига на нации, уловија интересни кадри како Герет Бејл ја пушта долгата коса.

Полека дете, цел Париз го издрибла

Внимавајте добро на седмицата. Прием, потоа класично орање на пола тим како бавча со ролинзи и на крај гол. Билал Камара го погодил градот, ама го утнал тимот. Игра за младинскиот тим на второлигашот Париз. ПСЖ дали се слушаме?