Фудбал

Неверојатен гол на Бесард од своја половина

Синоќа по цел свет се одиграа стотици натпревари во разни натпреварувања и паднаа стотици голови. Еден од поубавите во шведската прва лига го даде Бесард Сабовиќ кој ги постави конечните 2-2 на мечот Елфсборг - Мјалби.

Што ветер ќе беше ова, да не можеш топка да шутнеш

Норвешки Розенборг со 1-5 го декласираше летонскиот Вентспилс и се пласираше во следна рунда од квалификациите во Лига Европа. Ај што паднаа 6 гола, туку таков ветер дуваше што чудно е како ја контролираа топката воопшто.

Најлудиот меч одигран во Лига Европа на кој паднаа 12 гола: заврши 6:6

Денес на големо се зборува за неверојатниот дуел во квалификациите за Лига Европа меѓу српскиот претставник ТСЦ Бачка Топола и романскиот ФКСБ (на времето Стеауа).

Како Гатузо се заразил со фудбал и што сонувал како дете

Иако секогаш изгледа како строг и лут, сепак зад таа фасада на неговиот лик се крие човек со широка душа, особено кога треба да се помогне. Но она што сакал да биде на терен, го посакувал отсекогаш. Разговорно на нашки, кољач во среден ред.

Во Бразил фудбалери удрија специјалци, па добија одговор на сред терен

Во пониските лиги на Бразил човек може да начека сè и сешто. На еден таков меч од трета лига настана општ хаос и невидена сцена на сред терен.

Деби голот на Касано во Серија А е антологиски

Растен во сиромаштија со мајка, но без татко, Антонио Касано го постигнува деби голот во италијанско како на детски сон кој му го менува животот. Во 88-ма минута и тоа против гигантот Интер, на само 17 години со што му носи победа на Бари, клубот кој само две години претходно го зема под свое.

Се исплатат победите, Македонија има напредок на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација скокна две места на најновата ранг листа на ФИФА и сега е 66-та фудбалска земја во светот.

Го имаме ли најбрзиот ВАР во историјата на фудбалот?

Сценава со чудново екранче, на прва ќе ви изгледа како да е некоја пародија, а тоа да ти биде МЛС лигата каде судијата се брзаше како да е крај на светот. Помалку од секунда потроши на ВАР проверка за што уствари треба да решава гол технологијата, а Сан Хозе со овој гол го израмни резултатот против Портланд.

Ненормален гол од 30 метри во Копа Либертадорес

Во 3. коло од Копа Либертадорес Палмеирас освои 3 важни бода против Боливар на гости откако синоќа славеше со 1-2 со страшниот гол на Габриел Габи Мерино.

Турски новинари застанале погрешен човек на аеродром за интервју

27-годишниот шпиц Беник Афобе е едно од најголемите засилувања во турскиот фудбал летово. Некогашниот играч на Вулвс, Болтон, Ридинг, Стоук и Бристол Сити кој откако ги помина сите категории во англиската репрезентација реши да игра за Конго, синоќа допатувал во Турција, ама новинарите место него да го интервјуираат, застанале друг човек.

Меси се врати на терен и покажа зошто е најголем

На пријателска во пресрет на почетокот на новата сезона во Ла Лига, Барселона со 3-1 ја совлада Жирона. Меси даде 2, а Кутињо 1. Сите три гола на Каталонците беа сјајни, а одлична партија пружи и малиот вундеринд Тринкао кој летово ја засили Барса.

Гол на Алиоски за Лидс па промашен пенал

Фудбалерите на Лидс Јунајтед се елиминирани во 2. коло на Лига Купот после поразот на пенали синоќа од Хал 9-8. По регуларните 90 минути семафорот покажа 1-1, а голот на Лидс го даде репрезентативецот на Македонија кој беше прецизен во 90+3' минута.

Чудниот фудбалски пат на Жиле, го отпуштија од Бенфика, ги исфрли од Лига на шампиони

Она што му се случи на 24-годишниот Нишлија, некогашен бисер на белградски Партизан е само доказ колку фудбалот е необична игра во која некогаш не се пресудни моќта и парите.

Во Франција поради германската окупација нема ниту едно градско дерби

„Еден град - еден клуб“ е девизата под која многу години се игра француската Лига 1. Во Франција еден од најголемите дерби дуели е она меѓу Сент Етјен и Лион, градови кои се на 60 километри еден од друг.

Свесен ли е Лион каков мозок од дете има во тим?

На почетокот од годинава објавивме видео од еден тинејџер од Лион У-19, кој доби шанса во прв тим и излуде тројца играчи со нереално брзи потези. Еве го сезонава пак се јави и изгледа омилено му е кога го чуваат по тројца.

Кога Агуеро ги збудале навивачите со слалом на само 17 години

Мечот меѓу Индипендиенте и Расинг важи за второ најголемо дерби во Аргентина. Има едно од септември 2005-та, кое Индипендиенте го доби убедливо со 4:0. На него настапи тинејџер по име Серхио кој на само 17 години блесна таа сезона со 18 гола. Погледне што им направи на дербито.

Гол каков што ретко се гледа во годината

Ивор Вајцер со 32 години е еден од постарите напаѓачи во хрватската втора лига. После 4 кола овој шпиц на НК Опатија дал 3 гола од кои еден заслужено се врти по интернет.

Нема поопасна левица од онаа на Дибала

Посебно во неговите голови е тоа што сите му се јаки, затоа што нема милост кога ќе се намести на лева. Затоа компилацијава е атракција за гледање. Пауло не се продава за ниедни пари. Секој негов гол е експлозија.

Голман, ти останува само да ја извадиш топката од мрежа

Во втора лига на Јапонија паѓаат евроголови како во најдобрите европски лиги. Кента Фукумори со мајсторија од слободен удар го матираше голманот на Албирекс Нигата. Неговиот Китакјушу на крај победи со 2:1.

Извештај од епскиот меч во Хрватска кој заврши 20:2 за тим по име Гај Маче

Прво што треба да знаете дека ова не е некоја пријателска на мајтап, туку официјален куп натпревар, едно коло пред осминафинале. Инаку начинот на кој се бранат гостите личи како мајтап. Тренерот е барем искрен: Играчите се такви какви што се.

Какви се расправиите во соблекувална кај Мурињо?

Документарниот серијал All or Nothing на Амазон за Тотенхем прикажува интересни епизоди од внатре во клубот, во просториите, канцелариите, соблекувалната. Жозе после поразот во првото коло од Премиер лигата со Евертон кажа како му е мило што конечно завршило снимањето во соблекувална и ќе може на раат да си бркаат работа. На ова видео се гледа расправија меѓу Деле Али и Ерик Диер.

Ројс влезе во игра и за 3 секунди даде гол

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс се врати на теренот после долго време отсуство поради повреда. И брзински постави нов рекорд во Германија. А рекордер синоќа стана и младиот Џуд Белингем.

Деби настапот на Ибра во ЛШ за Милан пред 10 години

По трансферот од Интер во Барселона, Златан направи кам бек во Милано летото 2010-та на крај на август. Само две недели подоцна, прв настап за Милан во Лига на шампиони и победа од 2:0 против Оксер со два негови гола за 3 минути. Каков старт. Па уште и Роналдињо со него во напад.