Фудбал

Не ви е сомнително што Барса и Реал често киксаат во исто коло?

Ама секоја сезона е ова дечки и тој што е заразен со шпанско и спортска, сигурно забележува. Велат кладилниците го вртат фудбалот и сешто може човек да помисли, па зошто да не и една диригирана шема на високо ниво за големи пари м?

Навивачите на белгиски Бриж секој меч без исклучок аплаудираат во 23-та минута

Во вторник во Лига на шампиони, покрај гиганти како Јувентус, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Челси, ќе игра и белгискиот шампион Клуб Бриж кој лани направи некои супер резултати во елитата.

Христов ќе ви каже како се станува добар тренер во Македонија

За вистината на мак фудбалот околу местенки и ред други нерегуларности, никој од јавните спортски личности нема муда да зборува пред камера, освен покојни Бате Ване, а баш викендов беше лакрдија на тоа поле со скандалозно судење на четири меча.

Во Кратово теренот завршува Ѕинго кај што ќе каже

Викендов во нашата сирота прва лига беше циркуз Медрано. Се урла по сомнителни пенали на дури четири натпревари, а еден од нив е мечот Силекс - Работнички 4:3 на кој кратовчани решавачкиот гол во 95-та минута го дадоа како на хокеј.

Дани Алвеш, сељачката

Легендарниот 37 годишен бек е веќе една година член на Сао Паоло, ама изгледа преку дур му е од фудбал или па беше лут на судијата затоа што живиот ѕид не стои на 9 метри? Како и да е ова изгледа на рогачката од бес.

Англија дебатира, имаше ли Џордан Пикфорд намера?

Евертон го сопре шампионот Ливерпул (2:2) и го сочува првото место на табела што е најголемо изненадување досега во европските Топ5 лиги (Астон Вила е втора со меч помалку и 4 победи од 4 меча). Ама градското дерби за жал ќе остане во сенка на тешката повреда на најдобриот светски стопер Вирџил Ван Дајк кого голманот на Евертон ѓаволски му влезе.

Леао со потег „овој ли е тој Хакими“?

Предовдени од ѕверот Златан Ибрахимовиќ, фудбалерите на Милан го победија Интер со 2:1, а меѓу подобрите на теренот во црвено-црн дрес беше и Португалецот Рафаел Леао.

Лондонската драма во која Мојс се радуваше, а Мурињо очајуваше

Најлудиот натпревар викендов се одигра во Премиер лига каде гостинот покажа дека и кога се губи 3:0 до 82-ра минута ништо не е готово и тоа во градско дерби. Пацерски деби настап на Бејл.

Чичарито нема да те сакаат ваков во Галакси уште долго

Мексиканскиот напаѓач, Хавиер Хернандес познат како Чичарито е најплатен играч во МЛС лигата, а за ЛА Галакси игра од јануари и има само еден гол. Во финишот од средбата против Ванкувер требаше да ја реши, а не да ги гаѓа рефлекторите.

Даглас Кошта тезгере во живиот ѕид

На мечот Арминија Билефелд - Баерн Минхен (1:4) имаше комична сцена со Бразилецот кој по неколку години во Јувентус се врати во Баварија. Бразилецот реши да го имитира Марсело Брозовиќ, само ја утна страната, па соиграчите го опоменаа да не биде толку глупчо со отворено лице да се мести на шут.

Кога Чарли Чаплин би бранел на гол

Австрија Виена се пласираше во 1/8 финале на тамошниот ОФБ Куп откако го совлада локалниот третолигаш Виенер Спорт-Клуб со 1-3. Пазете го вториот гол за гостите, поточно автогол во режија на Лука Гушиќ и Флоријан Прогелхоф.

Како изгледа стручна анализа пред дерби во Србија

Саша Џани Чурчиќ е српскиот Пол Гаскоњ, човек кој играше за Офк Белград, Партизан, Болтон, Астон Вила, Кристал Палас и Мадервил. Во Англија ден-денес навивачите раскажуваат за неговите бројни лудории (најчесто дамла пијан) во стилот на легендарниот Газа. Во пресрет на денешното дерби Партизан - Црвена звезда се сеќаваме на еден негов „стручен“ коментар пред едно претходно белградско дерби.

Агуеро, полека пријателе, не си на рандеву

Сити е ноќна мора за Арсенал. До толку што еден ден да им излезат со кадети, ќе им извадат нерешено. Денес Пеп без Де Брујн, Габи Жезус, Лапорт, Менди и Зинченко ги доби „топџиите“ со 1-0 (Стерлинг 23'), ама мечот го одбележи еден шанерски потег на Агуеро со дамата линиски судија Сиан Мејси.

Многу страшен гол падна во Германија

Лајпциг после 4 кола во Бундеслига е прв со 10 бода и учинок 3-1-0 со 10 дадени а само 2 примени гола. Ама настрана сè тоа, фокусирајте се на голов на Јусуф Пулсен денес за триумф од 0-2 против Аугзбург.

Дечко, комотно конкурираш за наградата гол на сезоната

Фламенго и Брагантино поделија по бод на мечот од бразилската Серија А. Мечот заврши 1-1 а ќе се памти по неверојатниот гол на гостинскиот играч Клаудињо.

Одлични вести од САД, Македонија добива засилување од МЛС лигата

Македонската фудбалска репрезентација ќе го освежи нападот и тоа веројатно уште следниот месец. 24 годишниот напаѓач на Лос Анџелес, Даниел Мусовски прифати да го облече нашиот национален дрес.

Жозе зошто те нема во книгата на Венгер?

Време е да се вратиме кај Специјалниот после она епско мерење на пречката на Градски и да чуеме што има да одговори на новинарско прашање, зошто го немало во биографијата на легендарниот тренер на Арсенал со кој биеа многу битки на островот.

Точно 16 години од дебито на најголемиот

На 16 октомври 2004-та на меч против Еспањол влегува во игра наместо Португалецот Деко и дебитира на официјален меч.На 17 години 3 месеци и 22 дена. Веројатно ни самиот несвесен што ќе направи во следните 16 години. Најголемиот на сите времиња.

„Седиме во хотел, одеднаш влегува Ескобар со оружје и 250.000 долари да судиме за нив“

Колумбиецот Пабло Ескобар, најголемиот нарко бос на светот во ’80-те и ’90-те години е лик за кој се снимени многу документарци, играни филмови и серии. Фудбалски судија раскажа за една опасна епизода од тоа време.

Дај бе шутни ја, што чекаш?

Јокохама против Сагамихара. Се игра 95-та минута, резултатот е 0:2, а голманот на домаќините влегува во шеснаесетник на корнер за бар да намалат. Арно ама ја губат топката и еден од гостите оди во контра за да ги докрајчи. Даде гол на крај, ама не измасмеа за сите пари.

Силната врска меѓу Тоше и македонската репрезентација

На денешен ден пред точно 18 години се случија незаборавните 2:2 против Англија во Саутемптон, датум на кој пред 13 загина нашата поп икона Тоше Проески. Голем навивач на македонската фудбалска репрезентација од кој останаа траги за долго сеќавање.

Конечно: Селекторот Ангеловски го контактирал Мусовски од САД

24-годишниот напаѓач на тимот на Лос Анџелес, Даниел Дени Мусовски важи за големо откритие на новата сезона во најдобрата американска лига МЛС. По неколку наши и пишанија на наши колеги, селекторот Ангеловски го исконтактирал.

Бразилскиот голман кој за 18 часа бранеше за репрезентација и клуб во различни земји

Главен јунак на Бразил на мечот против Перу на гости во квалификациите за Светско првенство 2022 стана Нејмар. Бразилците се извадија со 2 пенали и со црвен за домашните кои водеа 2-1, ама ретко кој го спомнува и малку познатиот голман на кариоките.

Еден град, два света - кој е домаќин и главен во куќата?

На 17 октомври во 18 часот во рамки на 4. коло од Серија А се игра големото градско дерби Интер - Милан. Двата клуба во моментов статистички имаат најдобри резултати и најдолга серија без пораз меѓу сите тимови во Италија.