Фудбал

Дарко Чурлинов претставен на интересен начин во Барнли

Барнли игра во англиската втора лига Чемпионшип а до мај годинава беа член на Премиер лига, но испаднаа. Менаџер летово им стана Белгиецот Венсан Компани кој има намера да го врати клубот во елитата. За таа цел Барнли на германски Штутгарт му платил над 5 милиони евра за трансфер на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Фудбалски гурмани, има ли поголем мерак од тоа кога голман ќе даде гол од слободен?

Низ историјата имало блесаво добри голмани шутери. Луис Чилаверт од слободен беше еднакво опасен како и Карлос, Михајловиќ, Бекам, Жунињо. А Рожерио Сени едвај чекаше прекршок близу шеснаесетникот или пенал за да уште повеќе го билда голгетерскиот рекорд. Сега нив им се придружи и голманот на Брашов, Богдан Каука кој во романскиот Куп против Рашнов постигна бравурозен гол.

Скај Спорт: Чурлинов ги мина медицинските прегледи и потпиша за Барнли до 2026

Избраниците на Боби Милевски на големо ги менуваат клупските средини ова лето. Последен е Дарко Чурлинов кој од Германија се сели во Англија.

Еве сум на семафори, со Меси муабетиме

На некој навивач му се посреќило да стои кола до кола со Лионел Меси пред семафори во Париз. Ај тоа туку и имал к’смет најдобриот на сите времиња да му отвори прозор и да си помубаетат. „Те сакам од дното на душата. Фала ти што си Аргентинец“, му вика непознатиот минувач на Меси.

Атлетико Мадрид: Друг начин на живот

Атлетико Мадрид со многу емотивен трејлер го најавува документарецот кој се однесува на сезоната 2020/2021, кога дури во последното коло ја обезбедија титулата и покажаа дека Шпанија не е само Реал и Барселона. „Another way of living“ снимен во 6 епизоди ќе има премиера на 8 септември.

Вест Хем има нов миленик од Италија како на времето Ди Канио

Дваесет и три годишниот корпулентен шпиц на репрезентацијата на Италија, Џанлука Скамака (висок 195 см) летово за 36 милиони евра од Сасуоло дојде во Вест Хем и стана прв италијански шпиц после Ди Канио кој толку многу ги загреал навивачите. Во првиот меч од плејофот за пласман во Лига Конференции Скамака даде дебитантски гол.

Играч на Вест Хем од пола метро го промаши голот, ама ги погоди двете стативи

Вест Хем ја оправда фаворитската улога во првиот плеј оф меч од Конференциска лига против Виборг со победа од 3:1, ама како ли Џерод Боуен ќе се оправда за нереалново промашуваме пред гол? Уште 100 години да игра фудбал, нема да го повтори ова.

Голман промаши пенал, па одбрани пенал во тек на меч со Бока

Бока одигра 0-0 со Розарио Сентрал во аргентинската прва лига. Мечот го одбележија два промашени пенали и тоа двата во првиот дел. Прво домашниот голман Агустин Роси му одбрани пенал на колегата од Розарио голманот Гаспар Сервио во 12’ минута, за истиов да фати пенал на истекот од првиот дел.

Најсмешен коментар за Мегваер кај Илон Маск

Два збора на Твитер беа доволни Илон Маск да го распали цел Интернет. Напиша како го купува Манчестер Јунајтед и фрли во транс милиони навивачи на трофејниот клуб кои со децении мачно чекаат американските браќа Глејзери да си одат од клубот. Маск после изјавил дека се шегува и дека не го купува Ман. Јунајтед, а еден корисник му пиша интересен коментар.

Непознатата позадина на најнезгодната мајка во светот на фудбалот, менаџер на ѕвездата на Јувентус и ПСЖ

Вероника Рабио, мајката на Адриен (некогаш со татково презиме Провост) кој како адолесцент го зел презимето на мајка му, важи за најострата жена во светот на фудбалот. До скоро речиси малку луѓе знаеле зошто е толку заштитнички поставена во кариерата на својот син, францускиот репрезентативец и освојувач на Лига на нации, Адриен.

Остај ти Нуњез, ги виде ли Трент и Салах како дремнаа на сред терен

Ремито меѓу Ливерпул и Кристал Палас 1:1 на „Енфилд Роуд“ остана во сенка на црвениот картон на новото засилување Нуњез кој мошне неспортски, со глава намерно го удри гостинскиот стопер Андерсен. Но пред да почне натпреварот имаше уште една необична епизода.

Гол на вечерта од МЛС

Шарлот со 1-3 го растури Њујорк Сити во 25. коло од американската МЛС лига. И покрај тоа Њујорк Сити остана трет на табелата во Источна конференција со 42 бода и реални шанси да ја стигне првата Филаделфија. Единствениот гол на мечот за домаќините го даде Максим Шано, репрезентативец на Луксембург. Еврогол.

Нетфликс пушта документарец за лудиот трансфер на Фиго од Барса во Реал

Флорентино Перез, Хозе Веига, Жоан Гашпар, Пауло Футре и уште некои други личности меѓу кои и главниот јунак Луис Фиго се појавуваат во документарката на Нетфликс која ќе има премиера на 25 август. Документарецот го одработува најпроблематичниот трансфер на сите времиња: Фиго од Барса во Реал, кога го гаѓаа со свинска глава на „Камп Ноу“ на Ел Класико итн.

Нов лудачки филтер хара на интернет

Го сефтосаа на Хари Кејн кој го има по сите Твитер профили за фудбал.

Корнер во два потези и маестрален волеј на Кришито

Довчерашниот капитен на Џенова кој три сезони играше заедно со Пандев, им покажа на Канаѓаните како му работи левицата на 35 години. Торонто одигра 2:2 против Њу Ингланд Револушн, а головите за домаќините ги постигнаа Кришито и Бернардески од пенал. Фантастично го одбработија корнерот.

Видео и говор на Мурињо кое дури сега добива на тежина

Од играч кој беше меѓу топ5 во цела Премиер лига и кој растураше во Лига на шампиони и за репрезентацијата на Англија, Деле Али падна страшно во форма па не само што е резерва во Евертон туку се зборува и дека е на прагот од трансфер во турско првенство, со секоја чест за оваа богата Суперлига.

Во богатата колекција на Спалети доминираат дресовите од Тоти

Стратегот на Наполи и ги покажа дресовите на убавата водителка Дилета Леота и се пофали дека ги има сите верзии на дресови од легендарниот Франческо Тоти кој го смета за посебен и кој имаше можност да го тренира во периодот 2005 - 2009, а потоа и во неговата последна сезона (2016/2017) во кариерата. Во колекцијата го има и Пандев.

Го имаме најоткаченото реметење на голман

Ти мене ќе ме деконцентрираш кога изведувам пенал? Ела сега да ти кажам нешто.

Како овој човек фрлаше аути!

Да, да, мајстор за аути, и тоа да видиш. За оние кои не го знаат, Рори Делап беше англиски фудбалер кој сега има 46 години. Играше за Република Ирска иако роден и цел живот во Англија. Најмногу се прослави во дресовите не Дерби Каунти, Саутемптон, Сандерленд и Стоук Сити. Кариера заврши во 2013-та а се памети по НЕВЕРОЈАТНИТЕ аути кои беа пола гол во противнички шеснаесетник.

А ете кај била цаката со пргавиот шпиц на Ливерпул

Ливерпул и Кристал Палас одиграа 1-1. Гостите поведоа први во 32’ минута преку нивниот лидер Заха, а црвените израмнија преку Луис Дијаз во 61’ минута. А само четири минути претходно, во 57-ма, 100 милиони евра платеното засилување Дарвин Нуњез доби директен црвен картон поради тоа што му удри глава на стоперот на Палас, Јоахим Андерсен. Некои (читај навивачите на Ливерпул) би рекле со право.

Фрустрација кога играч е сменет во прв дел

Шефилд Венздеј игра во трета лига од англискиот фудбалски поредок. Синоќа изгубија 2-0 од Питерброу на гости а покрај поразот, голем блам направи и младиот фудбалер на Венздеј Џорџ Бајерс кого менаџерот Дарен Мур го извади уште во 40’ минута поради тоа што Рис Џејмс доби директен црвен картон па мораше да влезе друг штопер место играш од нападот.

Брентфорд тера мајтап со Роналдо на ТикТок

Кај ги отцепија 4:0, па уште најголемата ѕвезда им ја закачаат, кој се заборави на јахта цело цело и сега не може да ги нанишани голот.

Тимот на колото во Европа е со наш репрезентативец

Почнуваш да го читаш од нападот со Нејмар, Жоао Феликс и компанија, па потоа подоле гледаш играчи од Реал, Челси и Сити и на крај Столе Димитриевски. Колку убаво. Кој и да го составил, капа долу.

Прејака сцена во Аргентина, тренер направи измена по барање на навивач

Го паметите ли дефанзивецот Габриел Милито кој во периодот 2007 - 2011 настапуваше за Барселона? Сега го води Аргентинос Јуниорс и направи веројатно нешто што никој претходно не го сторил, барем не во прволигашка конкуренција. Послуша постар навивач за измена, кој беше во облаци што му успеа сугестијата. Неверојатна случка.