Фудбал

Во селски лиги паѓаат најубави голови - докажано

Во англиската таканаречена non-league фудбалска, аматерска лига, на меч меѓу Кливедон Таун и Бакленд Атлетик, домашните славеле 4-2. Извесен Оли Бабингтон дава гол кој просто МОРА да конкурира за гол на сезоната и награда од ФИФА.

Со свој камен по глава

Верувале или не, Галатасарај е на две места од зоната за испаѓање од турската Суперлига со 27 бода. Имаат четири порази по ред, го отпуштија тренерот Фатих Терим, а како капак на сè им дојде поразот после пресврт во самиот финиш од големиот ривал и главен кандидат за титулата Трабзонспор кој е лидер на табела со 54 бода.

Театрите се затворени во пандемија, ама има глумци на фудбал

Во најголемото дерби во Холандија, лидерот ПСВ Ајндховен го пречека вечниот ривал Ајакс. Гостите од Амстердам славеа 1-2 во меч полн со контроверзи, тензија но и добра глума. Аргентинецот Лисандро Мартинез во еден момент од мечот додека неговиот тим водеше, се вртеше по теренот демек повреден ама брзо се сети дека ако е надвор од теренот нема да може да краде време поради прекин.

Махер на колото на Европско првенство во футсал

За време на мечот меѓу Украина и Србија во рамки од Европското првенство во футсал, Украинецот Ихор Корсун промаши нешто што физички е тешко изводливо да се утне.

Прослава на колото во изведба на голманот на Буркина Фасо

Во Купот на Африкански нации стартуваа осминафинални натпревари. Прва средба беше дуелот меѓу Буркина Фасо и Габон која по изведувањето пенали заврши 7:6. Погледнете ја оваа радост после 18 изведени пенали и пласман во топ 8. Голман е ова или гимнастичар?

Велемајсторијата на Зијеш со која го скамени Лорис

Со головите на Тијаго Силва и Хаким Зијеш, Челси го доби градското дерби против Тотенхем. Голчиштето на Мароканецот го разубави мечот. Убавина од потег.

Шоу на Елмас во стилот на Марадона за Наполи

И покрај тоа што не постигна гол во убедливиот триумф на Наполи од 4-1 против Салернитана, Елиф Елмас одигра цел натпревар и беше меѓу најдобрите поединци кај домаќинот. Му асистираше на стоперот Хуан Жезус за првиот гол на мечот, а пред крајот на првиот дел издрибла пола противничка одбрана и изнуди пенал кој го реализираше Мертенс.

Балотели се враќа во репрезентација, можно е да игра со Македонија

Марио Балотели сезонава 2021/2022 ја игра во Турција. Минатото лето од италијанска Монца потпиша со новиот турски прволигаш Адана Демирспор и игра во одлична форма: 9 гола и 5 асистенции на 21 меч. Го свртел вниманието и на Манчини.

Шамани, магии, гатачи, суеверија - Купот на Африка во својот полн сјај

Силното суеверие и натаму е многу присутно во Африка, па така ниту најголемиот спортски настан на овој континент, Африканскиот Куп на нации не е имун по ова прашање.

Ваков настан не се памети во Премиер, дрон прекина меч

Во денешната програма во Премиер лига три меча почнаа во 16 часот, но еден, оној меѓу Брентфорд и Волвс беше прекинат половина час по стартот, поради тоа што над стадионот леташе дрон. Главниот судија на мечот предвреме ги повлече играчите во соблекувална.

Десет години од легендарното интервју на Паоло Ди Канио

На денешен ден пред една деценија, контроверзниот Италијанец Паоло Ди Канио познат по избувливиот карактер и како играч и како тренер, го доби третиот црвен картон во една иста сезона како тренер на Свиндон. На судиите им сметало како се однесува во неговиот простор, па тој збесна и рече дека ќе прави што сака и дека на крај ќе ја освои промоцијата во повисок ранг. И стварно успеа.

Газдата на Лацио не знае да го изговори играчот со кој направи мучки

Клаудио Лотито држи два клуба, Лацио и Салернитана, која инаку за 10 години од четврта ја избутка до прва лига, а потоа направи финта, како да не фигурира како газда на вторите. Во 2020-та „купи“ или поточно речено “прати“ еден анонимус од среден ред со сомнителни квалитети, од Лацио во Салернитана.

Неуспешен фудбалски тренинг со икс нула

Што се збуни бе друже? Па не постои попроста игра од оваа.

Видовте ли Тони Крос за што доби жолт?

Реал Мадрид го мина Елче во Копа деј Реј дури во продолженијата во кои паднаа сите три гола. Конечните 1:2 ги постави Азар во 115-та минута, а сите зборуваат за циркузов кој на Твитер го сподели и Крос.

Убаво деби голче на Торес за Барселона

Фудбалерите на Барселона загубија од Атлетик Билбао со 3:2 и со тоа се елиминирани во Купот на Шпанија. Ама зимово добија засилување од Манчестер Сити вредно 55 милиони евра, кое ветува многу. По дебито против Реал Мадрид во Суперкупот, 21 годишниот Феран Торес го бележи вториот настап за Каталонците на кој го постигна првиот гол. Браво момче, одлично одиграно.

Во еуфоричното славје на Тотенхем најјак беше Мура

Фудбалерите на Тотенхем како гости, приредија лудорија од пресврт против Лестер. За време на славењето не се знаеше кој јаде, кој плаќа, а Лукас Мура му должи зимски реквизит на еден навивач, освен ако не го нашол во хаосот.

Истрага за Гранит Џака, добил многу сомнителен жолт картон на кој се вложила огромна сума

Нов скандал го дрма англискиот фудбал: тамошните чиновници во ФА отвориле истрага за чудниот жолт картон на „неименуван“ фудбалер на Арсенал затоа што била регистрирана висока уплата кај букмејкерите за такво нешто.

Напад врз автобусот на Атлетико, Симеоне не им се плашеше

Хаотични сцени после Куп натпреварот во Шпанија кој го доби Реал Сосиедад против Атлетико Мадрид со 2:0. Навивачите на домашниот тим фрлаа со предмети, клоцаа во вратата, а од околу полиција, молотови коктели, димни бомби..Ел Чоло мака немаше и не го допираше хаосот и насилието, туку напротив им доаѓаше да им рипне.

Во Бразил падна ретко видено голчиште

Палмеираш со 5:2 го совлада Оесте во Купот на Сао Пауло. Третиот гол кој го даде Ендрик во 13' минута беше чудесен. Бичиклета (велосипед) би рекле Бразилците и Италијанците.

Па тракторист живее за тоа да влезе на терен со овации

Мечот меѓу Порт Вејл - Салфорд Сити (0-1) од англискиот ФА Куп, во еден момент бил прекинат зошто требале да се нивелираат стативите, па влегол еден вработен во клубот со трактор да ги рамни. Доби и аплаузи.

Овој па љутково

Ќе станат мега ѕвезди, ќе ги натовиш со пари да можат остров да си купат и потоа ќе ти се качат на глава. Сезонава прво Меси еднаш се објаснуваше со Покетино и негодуваше кога го извади во второ, а Роналдо синоќа почна сам со себе да си прави муабет. Мене најде да ме вадиш?

Ти го мислиш Ранокиа стопер, а тој во напад одигра како Ибра

Интер и Емполи одиграа драматичен натпревар во осминафиналето од Купот на Италија со 5 погодоци. Тимот на Инѕаги се спаси од елиминација, благодарение на велемајсторијата на Андреа Ранокиа во 91-ва минута за 2:2. Во 104-та минута ја реши Сенси.

За влакно не падна голот на сезоната во Шпанија

Бетис го совлада Алавес убедливо со 4:0, ама за жал без да го видиме можеби најатрактивниот гол на сезоната во Ла Лига. Страшна асистенција и страшен волеј на прва, дрско и од многу тешка позиција од страна на Французинот Набил Фекир. Штета. Плус и офсајд беше.