Навивач на Манчестер Сити на мечот против Њукасл му дофрлил на Гвардиола да направи измена, а овој поштено му одговорил, да дојде да седне на тренерската клупа и да му каже која да биде измената. Нема, чешит е, ги изнасмеа во публика.
Довчерашниот член на Јувентус, кој втора сезона игра во Торонто заедно со Лоренцо Инсиње, очигледно не разликува десна - лева. Му даде два убави голови на Монтреал, посебно оној со левица.
И покрај тоа што веднаш, уште на старт му ја дадоа капитенската лента, Лионел Меси потсети кој ја имаше таа улога пред него и му ја предаде на ДеАндре Једлин, за потоа заедно да го кренат првиот пехар во историјата на Интер Мајами. Човечен гест.
Интер Мајами е во транс откако го освои првиот трофеј од основањето на клубот. Фудбалерите му упаднаа на тренерот на средбата со новинарите и го направија потоп.
Проектот на Дејвид Бекам составен од мини Барселона во која играат неприкосновениот и незаменливиот Лео Меси заедно со Бускетс и Алба, се движи како по филмска лента.
Ваква драма не би режирал ни Хичкок. По поразот на Динамо во Загреб 1-2 од АЕК, реваншот во Атина пред околу 50.000 френетични навивачи сите го гледаа како рутински триумф на грчкиот шампион. Но фудбалот пак покажа колку луд може да биде.
Култниот уругвајски центарфор играше и се надава голови во многу големи клубови, а пред залезот на кариерата сакаше да го оствари сонот и потпиша со Бока. На вториот меч за славниот трофеен клуб од Буенос Аирес, во Купот на Аргентина против Платенсе (3:1) Кавани постигна гол со глава и ја запали Бомбонера.
Баварскиот гигант на отворање на новата сезона во Бундеслига покажа зошто е актуелен шампион и што ги чека ривалите во германската лига сезонава. Со 0:4 го декласираше Вердер на гости во Бремен. Хари Кејн кој почна од почеток како главен центарфор имаше асистенција во првиот дел а во вториот постигна и гол. Дебитантски на официјален натпревар.
Радува голгетерската форма на Бојан Миовски во пресрет на квалификациските натпревари на Македонија во септември. По погодокот против Селтик во првенство, стрелаше и во осминафиналето од Лига Купот против Стирлинг на гости кое Абердин го доби со 1:2.
„Тие уште си немале работа со Даниел Леви“, кратко прокоментирале во Манчестер Јунајтед за Индепендент за преговорите кои ги водеа Баерн Минхен и првиот човек на Тотенхем.
Светскиот храм на фудбалот веќе неколку месеци минува низ драстична фаза на реконструкција. Од корен ќе се менуваат работите. Барселона додека биде готов стадионот, ќе игра на стариот Олимписки стадион „Монжуик“.
„Не знаете колку пати сонував да играм во мундијалското финале, да постигнувам голови и да победам за да ја развеселам Италија. Дали се помирив со пеналот? Мирот е силен збор. Тоа е нешто што не може да се избрише. Освојувањето на СП ми беше сон уште од дете“.
Стартот за Интер Мајами му е врвен. Постигна 9 гола на првите шест меча од кои два од слободен. А сега внимавајте добро на овие движења на Светското во Катар против Уругвај. Не знаеш дали е ова Меси на 25 или на 35 години. Четворица ги сомеле.
Како нов клуб формиран 2015-та, ја освоија титулата и минаа три пречки во дебитанската сезона во Конференциска лига за да обезбедат плејоф битка со Брејдаблик од Исланд. Сè тоа фино, ама треба да се потсетуваме дека се работи за шампион на Македонија, кој благодарение на учество во македонската лига се бори за излез во Европа? Истиот фазон како со Шкупи и Шкендија.
Во трето коло од лигата на Еквадор, Универзидад Католика и трет пат играла нерешено. Овојпат 2-2 против Аукас. Резултатот го отворил Грегори Анангоно со прекрасен гол од слободен удар. Мајсторија.
Се комплетираше третото квалификациско коло во европските натпреварувања по кое следува уште плејоф, каде ја имаме Струга. Спартак Трнава го елиминираше Лех Познањ. Милан Ристовски влезе во 79-та. Мајсторијата која го одбележа мечот и вечерта е ремек делото на дефанзивецот Лукаш Штетина. Кој знае колку е голем ќеифот кога ќе ти успее вакво нешто како бек.
Бразилската ѕвезда заминал во позитивна атмосфера, со прегратка од цел тим и шпалир за крај. Нема љутиш за богатиот трансфер во Ал Хилал. Замина со големи успеси изразени во бројки: Вкупно 13 трофеи за 6 сезони и 118 гола на 173 настапи.
Богатиот Ал Ахли од Саудиска Арабија полека влезе во ритам и новите врвни засилувања се воиграа. Денес тимот на нашиот Езџан Алиоски славел втор триумф во 2. коло на саудиската лига, на гости 1-3 кај Ал Калиџ. Голови дали новајлиите Роџер Ибањез и Ријад Марез а на новодојдениот бразилски стопер од Рома му асистирал нашиот репрезентативен бек.
Во генералка пред почеток на новата сезона во Серија А, Рома гостуваше кај Партизани Тирана и победи 1-2 со головите на Стефан Ел Шарави и Белоти. Во 80' минута од мечот се повредил домашниот фудбалер Прека а тренерот на Партизани веќе немал резервни играчи на клупата зошто сите влегле во игра. Мурињо тогаш решил да направи фер потег.
Италија, Бугарија, Израел и Македонија ќе бидат домаќини на најдобрите 24 европски селекции во одбојка во периодот 28 август - 16 септември. Натпреварите во Скопје ќе се играат од 30 август до 6 септември. Пренос ќе врши МТВ.
Последниот таков пример е со 21 годишниот Лазар Самарџиќ, кој поради преголеми барања и мешања на агенти и членови на семејството, остана без потпис за финалистот во ЛШ.
И покрај тоа што зборуваме за една од најсилните лиги во светот, со голема конкуренција, првиот голман на Македонија блеска и одново стартува силно во новата сезона. Уште во првата топ 5 листа на колото го има и тоа на позицијата број 1. Тргна победнички со Рајо, 0:2 на гости против Алмерија.