Во жесток и тензичен меч со многу прекини, гужви и фаули, Наполи со 0-1 ја победи Рома на сред „Олимпико“ и ја продолжи серијата победи до 12 меча по ред. После средбата имаше гужва, кондициониот тренер на Рома бил исклучен, Рик Карсдорп го турна судијата Ирати а Мурињо во негов стил тргна да се расправа, ама кога виде што држи овој во рака, се тргна на страна.