Фудбал

Најлудата асистенција со рака ни доаѓа од Иран

Па зарем умее ли некој да го повтори ова чудо? Нереално.

Голманот на Астана се претвори во гледач на мајсторијата на Динамо Загреб

Динамо Загреб ја понижи Астана со петарда во првото коло од Конференциската лига, а за атракција на мечот се погрижи 21 годишниот Марко Булат. Ристовски не настапи поради повреда, а Адеми не е пријавен во Европа.

И Канте се отвори со голчиште во Саудиска Арабија

После сите атрактивни голови на европските ѕвезди во најпопуларното прибежиште привлечно поради убавите пари, на ред дојде и Н`Голо Канте. Популарниот борец од средниот ред на Челси му донесе победа на својот Ал Итихад со гол и асистенција, за конечни 2:1 против Ал Фатех. Бензема не играше.

Македонец го снимил лудилото на Олимпико кога голманот на Лацио израмни во 95-та

Четворица македонски навивачи на Лацио ја видоа во живо перверзната голманска реакција на Иван Проведел, кој во стил на врвен специјалист со глава, му донесе голем бод на Лацио во ЛШ против тврдиот Атлетико Мадрид. Велат дека тоа било земјотрес, исто како на градското дерби 2011-та, кога Мирослав Клосе ја расплака Рома во 93-та минута.

Брага - најсемејниот клуб во Европа кого го следат цели фамилии

Најголем впечаток ако одите на фудбал во Португалија ќе ви остават семејствата на трибините. Во толпа народ пред натпреварите ширум земјата често има многу мажи, жени, деца и пензионери. Сите имаат макар по два три обележја на клубот на себе, шал, дрес или нешто друго.

Комичар изненадно го бакнал Меси

Триесет и седум годишниот Мигел Гранадос, комичар од Розарио, родниот град на Лео Меси правел интервју со најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина. Во еден момент го бакнува човекот кој им донел најголема радост на Аргентинците со злато на Светско првенство.

Реакцијата на Гвардиола за Манчестер Јунајтед

А како ли да реагира поинаку за клубот кој е бледа сенка на она што беше до пред една деценија? За прв пат по 45 години примаат по минимум три гола на три меча по ред.

На кои турнири ќе игра Новак Ѓоковиќ до крајот на 2023-та

Најдобриот светски тенисер како изминува сезоната, така ќе спушта гас, па до финишот на оваа за него прекрасна 2023-та година ќе игра на уште два турнири.

Карагер го сакал Белингем во Ливерпул, Анри го поклопи со реплика

Џуд Белингем, англиската сензација игра старт на сезона од соништата во Реал Мадрид. На 6 меча во сите натпреварувања има 6 гола и 1 асистенција. Токму тој пред две недели му донесе три бода на Реал со Хетафе во 90’+5 минута а и синоќа даде победнички гол исто во 90’+5 минута за победа против Унион Берлин.

Дали е Онана прав голман за Манчестер Јунајтед?

Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед одиграа натпревар со дури 7 гола, Баварците славеа заслужено 4:3 и освоија три бода. Првиот погодок на мечот кој беше дело на Лирој Сане е поради вина на Камерунецот Андре Онана кој на стартот на сезоната направи неколку сериозни кикса. За волја на вистината и сам синоќа призна дека изгубиле во најголема мера поради него.

Бекот на Арсенал да ви покаже како се игра под притисок

Французинот Вилијам Салиба има само 22 години, ама и голема самодоверба и чувство за градење на топка со некои убави атрактивни примеси на дриблинг. Погледнете го како им предизвика воздишки на навивачите на Арсенал.

Милер е печен за тренер

Има 671 настап за Баерн, 225 гола, 257 асистенции, 32 трофеи и ги одигра сите сезони во ЛШ откако е во клубот од 2008-ма. Па зарем со тој габарит и искуство, треба некој друг да му дели совети на помошник тренерот, во ситуација кога Томас Тухел е суспендиран?

Што е со промашувањево на Траоре?

И овој се вика Адама Траоре, ама не тој со мускулите од Вулверхемптон, кој играше за Барса, а сега е во Фулам. Овој е роден во Мали, игра за Хал и е највиновен што неговиот тим одигра 0:0 против Лидс. Се посрамоти.

Каземиро му даде гол на Баерн од лежење

Бразилецот беше двоен стрелец на Алијанц арената на гостувањето на Манчестер Јунајтед кој замина со пораз од 4:3. Еден од двата гола го постигна откако падна на земја сам од топката, а можеше и да се повреди.

Јунајтед со три постигнати гола загуби во Минхен, Елмас слави со помош на автогол во финишот

Фудбалската класика меѓу Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед во првото коло од ЛШ заврши со голеада која им припадна на Германците со 4:3. Арсенал беше најубедлив, а Италијанците се спасуваа на крај. Интер до реми, а Наполи до победа. Елиф Елмас доби шанса во 66-та минута.

Ериксен од 5 метри промаши чиста шанса за водство на Манчестер

Сане и Гнабри за 4 минути му ги пресекоа нозете на Манчестер Јунајтед кој има негатива на полувреме од 2:0. Момците на Ерик Тен Хаг можеа први да дојдат до гол уште на самиот почекот на дербито во Минхен, но Свен Улрајх спаси чист погодок.

Белингем во 94-та му донесе триумф на Реал, Галатасарај едвај до бод

Реал Мадрид едвај ја оправда фаворитската улога во првото коло од ЛШ. Ги спаси Белингем, како многу пати до сега, кој на првите 6 меча е во фантастична низа од 6 гола и една асистенција. Галатасарај извади 2:2 со голови во 86-та и 88-ма минута.

Уште еден нов фантастичен гол од Португалија, стрелец Словак

Дваесет и три годишниот словачки репрезентативец Роберт Божинек кариерата ја почнал во родната Терхова, па преминал во Жилина. Подоцна направил трансфер во Феенорд, па играл и во Фортуна Дизелдорф. Високиот центарфор на крај си наоѓа гнездо во Боавишта каде во новата сезона има 6 гола и 1 асистенција на 5 меча и е прв стрелец во силната Примеира. Боавишта после пет кола изненадно е прва на табела во Португалија.

Анри ги вежбаше Карагер и Ричардс како да кажат Црвена Ѕвезда

Англичаните кога го преведуваат велат Red Star, а Италијанците Stella Rossa, ама фората е оригиналот да го изговориш. Анри е најблиску од сите во студио, му фали уште „В“ да го изговори кај Ѕвезда.

Голманите кои дале гол во Лига на шампиони

Голманот на Лацио Иван Проведел стана главен јунак на вечерта во Лига на шампиони. Тој воедно стана и 13-ти голман што затресол мрежа на колега во еврокупови а само четврти во Лига на шампиони.

Трејлер за документарецот за Бекам на Нетфликс

Сторијата за фудбалското патување, како и сите успони и падови на човекот кој стана фудбалска икона, а потоа многу паметно се впушти во фудбалскиот бизнис во САД, излегува на 4 октомври. Признава дека му се пуштил на Фергусон во соблекувална откако добил копачка во аркада.

Да се гризнеш од мака

Дваесет и осум годишниот ургувајски стопер од Атлетико Мадрид, Хозе Хименез синоќа откако примија гол од голманот на Лацио буквално во последна секунда од мечот, гризел парче од опремата од мака. Атлетико Мадрид имаше водство 0-1 од 29’ минута по голот на Бариос, но голманот на Лацио израмни со гол во самиот крај.

Режија Бока пренесуваш или Ноќ на вештерките?

На мечот меѓу Сентрал Кордоба и Бока во Аргентина, во преносот наеднаш се слушале звуци од некоја видео игра на тема хорор. Бока на крај победила 0-3 со головите на Лукас Блондел, Лукас Хансон и Дарио Бенедето.

Бековска на германски начин

Идејата е на Борусија Дортмунд на синоќешниот меч против ПСЖ.