Даниел Агер од Ливерпул му ја украде топката од зад грб на голманот на Анжи и постигна гол на синоќешниот натпревар од Лига Европа. Но судијата Бас Нијхуис кој ја делеше правдата и на натпреварот Македонија-Србија, го поништи овој погодок и му покажа жолт картон на данскиот интернационалец.
Некои клубови се попопуларни од другите, а постојат и клубови кои кога некаде гостуваат тогаш во градот е празник (како порано Вардар кога гостуваше во Кратово). Најпопуларни гостински тимови во поголемите лиги се Ливерпул, Баерн и Барселона, а кога во Италија гостува Јувентус тогаш на стадион доаѓаат и по 10.000 гледачи повеќе од просекот.
Од седум македонски претставници во Лига Европа, само Агим Ибраими со Марибор ремизираше со Тотенхем, а Даниел Георгиевски со Стеауа триумфираа над Молде. Сите останати наши фудбалери беа поразени во третото коло.
Навивачите од целиот свет веќе долго време се жалат на „мод€рниот фудбал" и цените на влезниците за кои тие треба да штедат пари за да си дозволат да ги купат. Ние го немаме тој проблем. Нашиот фудбал не е модерен, па ние ги плаќаме најевтините влезници во целиот свет.
Шпанските медиуми ги открија гласовите на Икер Касиљас во изборот за најдобар фудбалер и најдобар тренер за 2012-та година. Наместо кај Мурињо и Роналдо, најмногу поени од капитенот на Реал Мадрид ќе одат за Дел Боске и Серхио Рамос.
Денес на програмата се натпреварите од третото коло на Лига Европа каде настапуваат и седум македонски фудбалери. Од поинтересните дуели, Александар Лазевски со Партизан му гостува на Интер, а Горан Пандев и Наполи ќе играат во Дњепропетровск.
Борусија Дортмунд го надигра Реал Мадрид и им го продолжи германскиот кошмар. Во групата на смртта падна и англискиот шампион Манчестер Сити кој беше поразен во Амстердам. Арсенал загуби на домашен терен од Шалке, а Малага ја продлабочи кризата во Милан.
За некого можеби беше изненадување, но за добрите познавачи на фудбалот победата на Шахтјор над актуелниот европски шампион беше очекуван епилог. Екипата која е непоразена цели 11 месеци го има најстабилниот тим во Европа кој допрва ќе ги бележи своите успеси.
Немили сцени на фудбалски натпревар од Копа Судамерикана, второто по ранг клупско натпреварување во Јужна Америка. На натпреварот помеѓу Серо Портењо од Парагвај и Колон од Аргенина се судрија полицијата, навивачите и фудбалерите.
Поранешниот селектор на репрезентацијата на Македонија откри дека имал голем притисок за селектирање на фудбалери додека ја предводел репрезентацијата на Југославија.
Додека грчките клубови заради рецесијата мораа да ги кратат трошоците и да патуваат со автобус 17 часа во еден ден, Арсенал изнајми приватен авион за гостувањето кај Норич.
Во третото коло од Лигата на шампиони, актуелниот шампион, екипата на Челси загуби на гостувањето кај Шахтјор, Јувентус само ремизираше со Нордсјеланд, а Барселона и Манчестер Јунајтед триумфираа со пресврт.
Со ремито на Вардар и Металург по 10 одиграни кола на првата позиција во македонската прва фудбалска лига изби екипата на Хоризонт Здравје од Турново, најмалото населено место со фудбалски лидер во Европа.
Анализата на германската компанија Stadionwelt покажува дека од сите европски клубови кои играат на стадиони со капацитет од над 50.000 гледачи, само Борусија Дортмунд и Баерн Минхен ги продаваат сите влезници за секој натпревар оваа сезона.
Прославениот шкотски клуб кој оваа година заради банкрот беше исфрлен во најнизок ранг, постави нов рекорд со 49.463 гледачи на натпревар од 4-та лига.
Фудбалерот на Наполи, Гокан Инлер за време на натпреварот кој неговиот тим го загуби од Јувентус со 2:0, во намера да изнуди прекршок изведе неверојатен актобатски потег.
Барселона прими четири голови но сепак победи. Депортиво Ла Коруња и Барселона одиграа луд натпревар до девет голови, а на крајот Каталонците славеа со 4:5. На првите четири натпревари од осмото коло на шпанската Примера беа постигнати 19 голови!
Екипата на Јувентус не само што ја продолжи серијата од фантастични 47 натпревари без пораз, туку сега е и единствена непоразена екипа во Серија А оваа сезона. На второто денешно дерби, Лацио ja зголеми агонијата на Милан и уште повеќе ја разниша позицијата на Алегри.
Челси, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити беа во негатива, но на крајот извојуваа победи. Во 8-то коло од англиската Премиер лига победи забележаа и Ливерпул, Фулам, Свонси и Вест Хем, а Арсенал загуби на гостувањето кај Норич.