Фудбал

Комшилакот на Енфилд

Во 90-те години од минатиот век, фудбалскиот клуб Ливерпул започна да ги купува куќите од околината на Енфилд со план за проширување на нивниот стадион, но 20 години подоцна, таму ништо не е сменето и сега околните улици наликуваат како таму да застанало времето.

Алекс Фергусон оди во пензија

Ерата на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед дефинитивно завршува! „Црвените ѓаволи" на својата вебстрана тукушто објавија дека по 27 години Фергусон од следната сезона нема да го предводи клубот.

Јувентус по свое си ги брои титулите

Најтрофејниот италијански клуб на 3 кола до крајот на Серија А ја одбрани титулата во домашното првенство, но исто како и минатата година шампионите на Италија не ги даваат двете спорни Скудета и си ги сметаат како свои.

Чави 360°

Најтрофејниот шпански фудбалер и еден од најдобрите плејмејкери на планетата, Чави Ернандез доминира со неговата визија и прецизни додавања, а една од неговите специјалности е и контролата на топката и вртењето за 360 степени.

Проколнатиот стадион каде навивачи умираат од срцев удар

За една година починаа тројца навивачи од срцев удар. Освен тоа што починаа од срцев удар, другата работа што ги поврзува е дека сите тројца починаа на стадионот Рагби Парк на шкотскиот Премиерлигаш Килмарнок.

Морбиден протест и во Италија

Националните првенства привршуваат, а тимовите со најмалку бодови во последните кола водат жестоки битки за да не испаднат во пониска лига и да ги изнервираат навивачите. По Србите и Бугарите, фудбалското игралиште во гробишта го претворија и ултрас навивачите на Асколи.

Фудбал во место

Се, само во трета лига не. Еве како за тоа на мирољубив начин се изборија фудбалерите на Барнсли и Хадерсфилд на кои во последното коло им беше доволно реми за останување во англиската Чемпионшип лига.

Сам на гостување

Љубовта кон својот клуб се докажува и со бодрење на гостувањата, а верноста нема граници кога на стотици километри од дома сте единствен навивач на гостинската трибина. По навивачот на Бромапојкарна, викендов тоа го сторија и руски и италијански навивачи.

Клоп учел од Милан на Ариго Саки

Целиот свет зборува за успехот на Јирген Клоп со Борусија Дортмунд, а скромниот германски тренер веднаш по пласманот во финалето на Лигата на шампиони го поздрави својот идол Ариго Саки.

Чемпионшипот е најлуда лига оваа сезона

И додека скоро сите поголеми лиги веќе одамна се решени, во англискиот Чемпионшип до последни секунди екипите се бореа за пласман во Премиер лигата и за избегнување на третата лига.

Голови на неделата

Редовниот преглед со најдобрите десет голови од изминатите седум денови овој пат ги содржи и мајсториите на Меси, Шахин, Луиз...

Стадионите некогаш

Ви претставуваме историски слики со дел од стадионите од земјата од каде што потекнува фудбалот. На почеток немало ниту седишта, па навивачите биле збиени како сардини. Но како што ви е познато, по трагедиите на стадионите Хилсброу и Хејсел, челичната Маргарет Тачер забрани стоење.

Обезбедувањето на Челси 12 играч

Нетипична е оваа ситуација во фудбалот која се случи на вчерашниот полуфинален меч од Лигата на Европа помеѓу Челси и Базел. Еден по еден, мртви ладни, редарите си поминуваа покрај корнер знаменцето, без око да им трепне дека го кочат мечот.

11 (про)тези за германското финале

Ахмед Буриќ, редовен колумнист на Радио Сараево, парафразирајќи ги „11-те тези за Фоербах" од Маркс, раскажува зошто германското финале на Лигата на шампиони е мерак за сите кои се умориле од денешниот распоред на фудбалската (не)правда на овој свет.

Челси и Бенфика финалисти во Амстердам

Португалскиот претставник успеа да ја анулира предноста на Турците од првиот дуел и со 3:1 славеше во Лисабон за пласман во финале кое се игра на 15 мај. Со идентичен резултат заврши и средбата во Лондон, каде составот на Базел поведе прв и се обиде да го изненади актуелниот европски првак.

Зошто вакви?

Идејата за дизајнот е на Пума, а храброста да ги облече е на напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро. Се зборува дека со исти вакви копачки на тренинг парадирал и Радамел Фалкао, а и двајцата ќе ги носат на следните натпревари.

Рибери со навивачки синдром

Најголемите и најупорните навивачи често пати сакаат радоста за победата да ја споделат од близу со своите омилени играчи, но можноста за такво нешто е ретка. Погледнете како Франк Рибери со раширени раце пречека еден од навивачите на Баерн, кој потоа доби гушка од речиси сите херои кои ја урнаа Барселона.

Тоти и неговиот најверен навивач

Римското дерби е посебен меч за Лацио и Рома и нивните навивачи. Еве како се подготвуваа капитенот на „Римската волчица“ Франческо Тоти и големиот фан Пепе на 8 април годинава пред одигрувањето на вечното дерби.

Исполнување на еден сон

3.000 навивачи присуствуваа на натпревар на фудбалскиот клуб Портланд Тимберс против екипата „Зелена машина" предводена од 8-годишно дете кое боледува од рак.

Челси е најблиску до финале

Минатогодишниот освојувач на Лигата на шампионите има значајна предност од првиот полуфинален дуел во Швајцарија со 2:1. На другиот меч турскиот претставник ќе се обиде да го одбрани минималното водство на гостувањето во Португалија.

По трагите на татковците на фудбалот

Во 1863-та година осум мажи во еден паб во Лондон ги напишале првите 13 правила на фудбалот. 150 години подоцна, како дел од прославата на Фудбалската асоцијација, Англичаните започнаа потрага за живите наследници на татковците на фудбалот.

Бугарите и Србите копаат гробови по рецептот на Комити

Минатата недела навивачите на српскиот третолигаш Мачва Шабац, а пред два дена и навивачите на ЦСКА од Софија провалија на нивните стадиони и ископаа гробови на терените како што во 2007-та година тоа го сторија Комитите.

Германски сеир за Шпанците

Реал Мадрид и Барселона не само што беа елиминирани, туку беа и целосно надиграни од Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, па сосема заслужено Германците сега можат да им удрат и еден добар сеир.