Фудбал

Банерот на Мојс се продава на eBay

Разочараните навивачи на Манчестер Јунајтед кој веруваа дека Дејвид Мојс е избраниот наследник на Алекс Фергусон, го понудија познатиот банер од Олд Трафорд на продажба преку eBay.

Здодевно полуфинално реми

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Челси одиграа натпревар под очекувањата во првата полуфинална пресметка од Лигата на шампионите. Домаќините имаа иницијатива и се обидуваа да обезбедат предност на првиот меч кој на крајот сепак заврши без голови.

Зошто Мојс го шутнаа пред крајот на сезоната

Не се сите шкотски тренерски имиња кадарни за да го водат англискиот великан. Едниот издржа 27 години, а другиот ниту една цела. Челните луѓе на клубот најверојатно подолго време ја ковале стратегијата на кој ден да се ослободат од лузерот.

Роналдо зад голгетерот на Торино

Градскиот ривал кој е во сенка на Јувентус оваа сезона има со што да се гордее, а тоа е Чиро Имобиле кој импресионира со неговите бројки.

Препознајте го младиот навивач на Симеоне

Беше дел од шампионската година на клубот кој во 1995/1996 ги славеше титулите во домашното првенство и купот, а сега како тренер има шанса да стигне повторно до двојна круна, но овој пат едната во ЛШ. Од трибините во тоа време неговото име го скандираше еден младинец од академијата на Атлетико Мадрид, а вечерва ќе се обиде да му го наполни голот на неговиот тим.

Специјалниот против непобедливите

Во завршното лудило од Лигата на шампионите првите две екипи кои вечерва ќе ги вкрстат копјата во полуфиналето се хитот на сезоната Атлетико Мадрид и Челси. Тимот на Жозе Мурињо ќе се соочи со екипа која ја урна големата Барселона и која е единствена без пораз во ова натпреварување.

Решавачкиот проектил на Рикелме

Некои фудбалери едноставно не стареат. Хуан Роман Рикелме си остана мајстор и на 35 години. Искусниот Аргентинец го реши натпреварот против Тигре со прекрасен погодок во судиското продолжение.

Голови на неделата

Редовниот преглед на најдобрите погодоци од изминатите седум денови, вклучувајќи ја и мајсторијата на Бејл-експрес.

Италијанските судии се најстроги, англиските најмеки

Критериумите на делителите на правдата се важен дел за темпото за играта кое ќе се наметне на еден натпревар. Серија А е позната лига во која се практикува многу тактички фудбал и пимплање со топката, а на бавната игра дополнително влијаат и судиите.

Ѕвездите кои никогаш не заиграле на Светско

Најгледаниот спортски настан на планетата е престиж за секој фудбалер, но ја немаат сите големи играчи таа среќа да бидат дел од најелитното фудбалско друштво. Оваа година Фалкао се повреди, Бејл ќе печали во Азија, а Тевез ќе оди во Дизниленд.

Шпионски скандал во Премиер лигата

Екипата на Кардиф побара од Премиер лигата да го поништи нивниот пораз од Кристал Палас затоа што противникот ја шпионирал нивната екипа.

За својот клуб и на крај на свет

Осум навивачи на рускиот второлигаш Арсенал го бодреа својот клуб на гостувањето кај Луч во Владивосток. Ништо посебно? Погледнете ја мапата.

Бејл доби пријава: претекнувал на полна линија

Не стивнува сеирот на навивачите на Реал Мадрид кон Барса. На Твитер се појави сообраќајна пријава со која Герет Бејл се обвинува дека претекнувал преку полна линија со недозволена брзина. Среќа не приметија и дека не даде жмигавец.

Атлетико Мадрид е доказ дека не е сè во парите

Додека УЕФА се заканува со финансискиот фер-плеј, а на ПСЖ, Манчестер Сити и други европски гиганти им се закануваат казни, лидерот од шпанската Ла Лига докажа дека парите не се најважни кога се составува победничка екипа.

Оди да ја бараш позади стадион

Бавон Чибуабуа од унгарскиот тим Ујпешт ја рогна топката во небо. За вакви шутеви во маало викавме росна ливада.

Тајните на Мурињо кои ги откриваат неговите играчи

„I am the special one“ – си рече самиот кога пред 10 години ја започна првата авантура во Лондон. Од тогаш каде и да отиде е атракција пред камерите. Славните фудбалери кои ги тренираше самите ќе ви кажат зошто е посебен.

Шутираше или нафрлуваше?

Еден од најчудните голови видени во последно време ни доаѓа од Чемпионшип лигата од мечот помеѓу Чарлтон и Барнсли. Гостите победија со 2:1, а овој играч како и самиот да не е сигурен дали сакаше на некого да му асистира на глава или да го шокира голманот.

Сите на светско, Тевез во Дизниленд

За еден од најдобрите аргентински напаѓачи нема место летово во репрезентацијата, но затоа тој не планира да го гледа Мундијалот ниту на тв.

Од граѓанска војна до солзите на Меси - сите Ел Класико финалиња

Реал Мадрид - Барселона 3:3. Купот на Кралот во 112-та годишната историја приреди шест Ел Класико финалиња и до сега резултатот е израмнет во пресрет на вечерашната битка.

За дразнење пред Ел Класико

По мераклиските 90 минути во Примера на кои паднаа 7 голови, шпанската мега мресметка вечерва ја имаме и во финалето од Копа Дел Реј. Ви нудиме видео со топ 10 голови на Реал против Барса во изведа на славната кралска банда Ди Стефано, Зидан, Раул, Роналдо...а за кеифот на навивачите на Каталонскиот тим го имаме апсолутниот рекордер на „Ел Класико“ со 21 гол.

Кантона: Топката е како жена, прво сака галење па тепање

Славната и контроверзна 7-ка на Манчестер Јунајтед која остана препознатлива по карате ударот врз навивач на Кристал Палас, од фановите на „Црвените Ѓаволи“ го доби прекарот King Eric. Но тој е Крал и за провокативни изјави и бисери кои ги собравме во едно.

Кога ќе ти се погоди прашањето на Милионер

И кај Трендо на нашиот „Кој сака да биде милионер" имаше ведри ликови, но никој како португалскиот фудбалски фанатик на кој му се падна да го прашаат кој клуб од Премиер лигата е од Лондон.