Фудбал

Вечната потрага на Берлин по фудбалски идентитет

Главните градови низ Европа се полни со различности и Берлин не е исклучок. Сепак кога се зборува за фудбалот, главниот град на Германија лежи во сенка, а причините за тоа се различни.

Има услови за игра

На меч од бразилската втора лига, судијата сакал натпреварот да се одигра по секоја цена, без разлика на (не)условите.

Кој ја има предноста во миланското дерби?

Вечерва од 20:45 се игра Дерби дела Мадонина, битката за Милано меѓу Интер и Милан. Многу дебитанти во мечот во кој шансите за триумф се израмнети.

Голмански слалом на денот

Голманот на Сао Паоло, Рожерио Сени кој има постигнато 131 гол, има нов предизвик кој се вика Лаурент Монде и неговиот гол од 1989 година. 

Роналдо одличен 5

Од денес, Реал Мадрид има нов најдобар стрелец во историјата. Кристијано Роналдо го престигна Раул Гонзалес, иако има 347 натпревари помалку од него во дресот на Меренгес.

Ножичките на Бентеке на Олд Трафорд

Во најголемото дерби на англискиот фудбал, Манчестер Јунајтед го совлада Ливерпул 3-1, но голот на мечот а можеби и на сезоната го постигна Белгиецот Кристијан Бентеке.

Масимо Бонини и голот кој ќе го спаси фудбалот

Тие ја чуваат тајната на фудбалот, дека е ова најубавата игра затоа што е “демократска“ во која џуџе може да се мери со гигантите и во која за среќа е потребно многу малку. Два камења може да глумат стативи, треба само една топка и малку патриотизам.

Неоткриената фудбалска мистерија од 1895 година

Кражби на трофеи имало повеќе пати во фудбалот, но оваа е веројатно е најстарата која и ден денеска остана нерасчистена.

Албанци го провоцираа Роналдо во Елбасан

Пред да почне квалификацискиот дуел Албанија - Португалија, група домашни навивачи се обидоа да го изнервираат најдобриот фудбалер на светот според ФИФА. Тој им одговори во свој стил.

Бланко стана градоначалник со CV од Википедија

Се сеќавате ли на Бланко Куаутемок? Единствениот Мексиканец со награда од ФИФА кој прескокна двајца играчи со топка и кој му се кезеше на судијата во фаца.

Белградското дерби во очите на странец

Вечното белградско дерби кое утревечер ќе ја има својата 149. претстава во историјата, често е Мека и Медина за адреналинските зависници од целиот свет.

Од Хуан Мата до Томе Пачовски

Во најново видео на неговиот Јутјуб канал, Хуан Мата објаснува на кој начин најдобро може да изведете слободен удар. Не центаршут, туку слободен удар.

Фото на денот

Кајзер Франц Бекенбауер денес полни 70 години. Во фудбалот ќе остане запаметен како единствен кој го освоил Светското првенство како играч и како селектор.

Жонглерските способности на Стерлинг на 15 години

На 7 години од Јамајка дојде во Англија и почна да игра фудбал во школата на Квинс Парк Ренџерс. Замина за Ливерпул каде играше 5 години, а летово стана најскапиот англиски фудбалер во историјата откако потпиша со Манчестер Сити за 49 милиони фунти.

Австриското семејство ѝ покажа на Европа како се игра фудбал

Селекцијата на Австрија не само што стигна до првото учество на Европско преку квалификации, туку не загуби од никој го групата, а во овој циклус подобра од неа е само Англија која има една победа повеќе.

Два жолти и црвен за еден фаул

Турскиот судија Чунејт Чакир му памтеше еден фаул на Крис Верд од Северна Ирска, па на следниот фаул му даде два жолти и црвен картон на мечот против Унгарија.

Како Монтреал го прими банерот за Дрогба

Легендата на Челси летово направи трансфер во МЛС лигата во тимот на Монтреал, а за да биде мозаикот целосно составен се погрижија навивачите од Лондон кои во Канада го испратија својот банер од Стемфорд Бриџ.

Хуманиот Ерик Кантона за бегалците

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Французинот Ерик Кантона изјави дека е спремен да прими бегалци од Сирија во неговиот дом и дека француската влада се плаши од десницата.

Дебито на Меси за Барса Б

На 6. март 2004. година, Лионел Меси дебитираше за Б тимот на Барселона. 16-годишниот Аргентинец ги купи сите присутни со своите потези и дриблинзи на мечот против Матаро.

Дербито Ливерпул - Манчестер Ј. во три минути

Како два соседни индустриски градови, Манчестер и Ливерпул уште од 18. век имале голем ривалитет. Од тогаш до денес ривалството е најмногу изразено преку фудбалот, во кој двата клуба се најтрофејни во Англија.

Големите за бегалците

Арсенал, Челси и двата клуба од Манчестер се обединија во помошта и донациите за бегалците од Сирија. Ќе одвојуваат по едно евро од секоја продадена карта за Лигата на шампионите.

Работникот кој го израдува Сан Марино после 24 месеци

Генерација 1989, Матео Витајоли работи во фабрика а во слободно време игра квалификации за Светско и Европско првенство со Сан Марино. Неговиот гол за израмнување го славеа како злато на Мундијал.

Мата шутирај од таму колку сакаш

Легендарниот коментар од Евробаскетот 2009-та во Полска, кога Израел за малку на крај ќе ни направеше пресврт, овој пат во најнова фудбалска монтажа.