Норвешки канал кој се бави со сатира направи трејлер за тоа како би изгледала игрицата ФИФА за седум години. Се труделе тоа да биде реално како што налага играта, но ја ставија и скандалозната страна на Мундијалот поврзан со корупција и градежни работници.
Катар Ервејс и натаму ќе биде главен спонзор на дресовите на Барселона, која за тоа според новиот договор ќе добива неверојатни 70 милиони евра годишно до 2021 и на тој начин ќе го има најскапиот дрес на светот.
Повремено гледаме како некои фудбалери ги прекинуваат кариерите поради несреќни повреди, но исто така има играчи кои се чини дека ќе играат засекогаш и вешто ѝ бегаат на пензијата.
Самир Насри ја шокираше француската фудбалска јавност со изјавата дека веќе нема да заигра за Триколорите, па дури и татко му да стане селектор на Франција.
Познат како фудбалер со најдобар прв прием на топката, Хуан Мата е шоумен на тренинзите на Ман. Јунајтед и шпанската фудбалска репрезентација. Често од играчите прави циркузанти со одличните потези.
Датумот 6 октомври за Англичаните пред 14 години донесе голема радост, но тој ден носи многу постара и позначајна историја во која се наоѓа најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед кој им ја донесе првата титула во ЛШ.
Со излегувањето на ФИФА 16 неделава, а по излегувањето на Про Еволушн Сокер минатата недела, Телеграф ги рангираше 10-те најдобри фудбалски видео игри на сите времиња.
Во време кога во фудбалот има многу ликови кои паѓаат како покосени за да изглумат пенал, Елвин Мамадов од Карабах на дербито против Интер Баку во Азербејџан им одржа лекција по фер плеј. Судијата му свирна пенал, а тој не сакаше да го признае и го утна намерно.
Краткото видео под наслов „Никогаш не губи надеж" во 4 ипол минути прикажува како во фудбалот работите се менуваат преку ноќ. Ако пред само една година беа трети во свет на Мундијалот во Бразил, Холанѓаните сега мака мачат да се изборат во баражот за пласман на ЕП 2016.
На денешен ден пред 14 години еден од најславните фудбалери на планетата ја однесе Англија на СП во Јужна Кореја и Јапонија со гол против Грција за конечни 2:2 на Олд Трафорд, во квалификациски натпревар кој беше дел од групата 9.
Ирскиот стручњак во Ливерпул заработуваше 6,5 милиони евра годишно, а тоа ќе го прави и во наредните две години со таа разлика што сега не мора ништо да прави.
Јирген Клоп играше за Мајнц од 1992 до 2001 и во тој период настапи на 337 натпревари на кои постигна 52 голови. Ливерпул во текот на неделава би требало да го промовира Клоп за наследник на Брендан Роџерс.
Нисколигашот Велешта своевремено имаше рекорд на домашен терен, учинок што одеше во склад со натписот пред влезот на теренот „Чест секому, бод никому“. Таква победничка серија има и Порто кој славеше на 19 натпревари по ред на домашен терен во сите натпреварувања од 19-ти декември минатата година.
Манчестер Сити во тунелот на стадионот постави камера која може сами да ја вртите 360 степени и да слушате што причаат на српски Коларов и Ивановиќ. Чарлтон таква камера стави позади гол и сега може да им го видите израмнувачкиот погодок против Фулам во 91-ва минува од кој агол сакате.
Потрошените пари не му донесоа корист на Милан: секој бод Росонерите ги чини 10 милиони евра, екипата шутира помалку од Карпи и Фрозиноне и има гол разлика -5 што е негативен рекорд во целата ера на Силвио Берлускони.
Поранешниот тренер на Милан во моментов е без работа, но и натаму зема плата од клубот кој му исплаќа пари поради предвреме раскинатиот договор. Во меѓувреме Инзаги ја потврди тезата за најголем шармер меѓу италијанските фудбалери. Треба да се дружи повеќе со Виери.
Претставата „Добро паметам сè" во режија на Неле Карајлиќ и Драган Бјелогрлиќ синоќа ги воодушеви гостите на прославата на јубилејот 70 години од основањето на спортското друштво Партизан.
За него не сте можеле да слушнете лоши работи надвор од теренот, иако беше темпераментен на теренот. Живеел повлечено и сакал да игра фудбал. Сега оди по свој пат, но и натаму е во врска со играта која му даде многу, а тој ѝ даде уште повеќе.
На стадионот во Москва на кој ќе се играат натпревари од Светското првенство 2018-та, утрово избувнал пожар кој според првичните информации се случил откако бил запален отпад.